Повеќето од собиве што ги поставивте ми се типично американски стил на мали шмизли и лигли. Воопшто не ми се допаѓаат, но сепак нели, се работи за лични вкусови. Јас не сакам пренатрупани соби, соби со многу бои, но исто така не сакам собата да биде во една иста боја бидејќи делува грдо (посебно ако е розева) и монотно. Треба сепак да се додаде живост со некоја друга боја. Повеќе ми се допаѓаат собите кои се обични ( со ѕидови во една боја, но мебелот во друга) и соби во која преовладуваат две или три бои. И пред се сакам помали соби, не огромни каде што колку работи и да ставиш пак ќе изгледа празно.
Најмногу би сакала како 3тата слика што ја постави SaIvnjaann и слични такви. Несакам ниту пренакитена, ниту бебешка, ниту ептен сериозна. Но сепак, најбитно да е средена.
бидејќи сепак станува збор за тинејџерски соби, еве неколку кои ми се допаднаа и би сакала мојата соба да изгледа вака