оваа само розава и на вратите(ове после плавото кај мене после розовото) пишува I belive you на секој врата по еден збор.И внатре е соблекувална.....
Денешниве родители за своите деца само две бои знаат. За момче - сина. За девојче - розова. Чест на некои родители кои слушнале за зелена, портокалова, виолетова.. Морало бидејќи е машко, плава. Па бебињата ептен познаваат бои, абре уште од стомакот ќе викаат : " Мамо па, сакам плава соба, ама се да биде плаво ". Еве некои соби што ми се допаѓаат: Ова е дел од соба, но за тие што им треба некоја инспирација, добро ќе им дојде.
Кога ќе ги видам тие animal принтови со розева боја ми се повраќа а камоли да ја имам во соба ... Едноставноста е секогаш најдобар избор ...Разгледував по нет и испадна дека машките соби повеќе ми се допаѓаат како идеи , едноставни ,практични и ненаџиџани ..Има и убави соби за женскиот пол ама како и тука гледајќи премогу се лигави и скоро сите се слични.
Не сакам пренатрупаност, повеќе сакам скромност во секој поглед па и кај детската соба и секако задолжително црвена да биде...
ми се допаѓаат повеќето од сликиве што се за соби. јас имам шарена соба, баш тинејџерска, си ја сакам и убава ми е. имам како додатоци по ѕид закачени, постери и тапети. собата ми е најмногу на светло зелено со розеви додатоци, сини, виолетови и така.. ми се свиѓаат соби такви во јаки бои, натрупани
СООООООООН! Јас иначе имам многу „монотона“ и многу ми е досадна, дури немам што да правам дур сум во соба. Едно време си редев рамки и сувенирчиња на полиците ама сега внука ми, на сестра ми бебето сите сувенири ми ги распарчи па некако и ко да немам желба повеќе. Некој предлог како да си ја направам поинтересна?