^ Филмот е како сите останати, веќе знаете, ништо посебно, секако со среќен крај. Ама не е лошо да се одвои малку време за да се погледне. Мајли не глуми лошо, а овај момаков многу ми е убав. Скоро сите ги имам изгледано, најинтересен ми беше She's the man, обавезно погледајте го. Сакам да го гледам овој, подолу гледав дека го поставила некоја феминка, добар е го има некој гледано? И тој bratz ќе го изгледам, само да ми се приклучи филмовизија, или ќе го барам на друга страна, кај ми кочи интернетов уште да спушта, нема шанси.
Можеш овој Elvis and Anabelle ама не е комедија, љубовна драма е. Малце е потежок ама убав филм е И панталонското сестринство, мислам дека го гледаше тој има два дела, по тинејџерски е
Tинејџерски филмови кои сум ѓи гледала се:Lol,Bratz,Wild Child,Princess Protection Program и Another Cinderella Story.
Ги обожавам овие филмови Дека сум во тие години и мнг ми се интересни за гледање од поновите интересни ми се ЛОЛ ии секако project X и последниот што го гледав иако ме нервира глумата на мајли, овој не беше мнг лош.. а од постарите омилени ми се сите делови на bring it on , ги имам изледано преку 4 пати, посебно оној 2 со ријана а од останатите : the last song, charlie st cloud, high school musical, she's the man, wild child, sorority wars,mean girls, freaky friday,a walk to remember, the notebook, not another teen movie,raise your voice ии уште мнг други , ама не ми текнуваат у моментов
Тинејџерските филмови не се жанр кој ми привлекувал внимание, но да бидам искрена, за неколку филмови ќе направам исклучок. Не ни помислив дека сега, на денешницава, ќе се создаде филм кој ќе обработува различна приказна од останатите. Ќе издвојам неколку филмови со различна приказна, несекојдневна, а сепак поучна и интересна. 1. The Perks of Being a Wallflower (Предноста да се биде срамежлив) Спојлер Се работи за Чарли, детенце кое е срамежливо и нема другари, но сепак не се откажува и се обидува да се социјализира. На една рагби утакмица, тој се спријателува со Патрик, а набрзо и со целото друштво. Чарли е доста интересен тип, не е како останатите, во него има нешто различно и посебно. 2. The art of Getting by Спојлер Чарли е средно, но нема мотив за живот. Чарли исто така добро слика. Се спријателува со Сали, која е комплицирана девојка со многу проблеми. Нивното пријателство секој ден се повеќе се развива и го инспирира за понатаму. Приказна со неочекуван пресврт. Нареден пат повеќе.
Продолжение. 3. The First time Спојлер Дејв е заљубен во неговата најдобра другарка Џејн, која пак го гледа само како другар. Додека на една забава се обидува да и признае што чувствува за неа, ќе се сретне со Обери, која е многу искулирана и интересна девојка. Уште во првиот момент се чувствува хемијата меѓу нив. Филмот ја обработува приказната за првиот секс, кој е многу важен момент и кај момците и кај девојките. 4. Like Crazy Спојлер Не се баш тинејџери, но сепак не се ни стари. Околу 20. Се работи за една голема љубов која ги бутка сите граници и докажува дека не постои пречка на патот. Ми се ежеше кожата кога гледав.