Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тип на кожа

Дискусија во 'Лице' започната од Cvet1, 17 јануари 2011.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. И јас имам проблем со масна кожа особено на лето, користев разни кремови, лосиони но ништо не ми помогна. Некој совет или искуство ако имате би ви била благодарна. :):hug:
     
  3. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Mojata ne sveti znaci suva mi e.
     
  4. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Девојки да прашам, како може да си откријам каква кожа имам на лицето? :wasntme::(
     
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Навечер пред спиење измиј го добро лицето и не нанесувај ништо потоа. Сабајле кога ќе се разбудиш ќе забележиш дали имаш мрсни делови и на кои места. Доколку кожата ти изгледа исто имаш нормална, ако имаш сувк делови или изгледа како да не си спиела значи имаш сува, доколку само на носот, околу него и на челото светиш имаш комбинирана и ако целата кожа ја чувствуваш мрсна и како да не си ја измила добро тогаш имаш мрсна кожа.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Фала женска :)
     
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.743
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Како можам да го одредам типот на кожата? Јас стварно ќе полудам, не знам за каков тип на кожа да барам производи. Де мрсна, де сува иритирана де комбинирана ми е.
     
  8. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Најдобро од ко ќе го измиеш лицето ништо да не ставаш еден сат. Ако после тој еден сат цело лице свети и сјае тогаш е мрсна. Ако ти свети само чело и нос (Т-зона), а образите ги чувствуваш суви и затегнати тогаш е комбинирана. За сува е кога порите не се многу видливи, лицето повеќе е грубо и затегнато.
     
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Чувствителна :D
    Кај мене хијалуронската киселина се покажа добра, креми и гел за миење без алкохол и парфеми. Ако има алкохол или парфем одма осеќам иритација и промена.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    https://forum.femina.mk/threads/При...илно-одбирање-нијанса-на-пудра-за-лице.30336/
    Тука можеш да прочиташ има за одредување тип на кожа
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Како што сум слушала, а и тука на форумов сум читала, многумина испробале разни производи за лице, а не го добиле саканиот ефект. Или некои производи ја влошиле состојбата. Прашањето е: Дали знаеме кои се соодветните производи за нега на нашето лице? Што да се користи, а што да се избегнува?
    Кои состојки му се потребни на нашето лице, зависно од неговата состојба? Сува, мрсна, комбинирана, чувствителна кожа.
    Пред некој ден инсталирав апликација за нега на лице и денес ми излезе во topics of the day следново:


    20240213_111105.jpg

    20240213_111050.jpg

    20240213_111204.jpg

    Решив да ја отворам темава за да си помогнеме со препораки и совети. :)

    Еве и еден општ вовед во врска со типот на кожа, преземено од stylist.mk

    • Ако ја чувствувате Вашата кожа многу затегната и рапава по целото лице, тогаш се одредува како сува.
    • Кожата со сјајна текстура е склона кон создавање акни и може да се класификува како масна.
    • Нормалната кожа е мазна, без проширени пори и неправилности.
    • Кожа која сјае во Т-зоната со склоност кон избувнување, а останатиот дел е сув, е комбинирана кожа.
    • Треба да запаметите дека сите овие типови на кожа исто така може да се класификуваат како чувствителни.
    Ако не можете да го откриете типот на вашата кожа со набљудување, исто така може да направите тест со хартиено марамче. Измијте го лицето со лосион за чистење за да ја отстраните нечистотијата, маснотијата и шминката и исушете ја со тапкање. Почекајте еден час додека ги извршувате редовните работи, но избегнувајте да го допирате лицето. Потоа, лесно допрете го лицето со хартиено марамче, особено обрнувајќи внимание на Т-зоната. Погледнете го марамчето. Ако на него има масни остатоци, вашата кожа е масна, ако има ситни лушпи од сува кожа на марамчето, во тој случај имате сува кожа, доколку нема никакви остатоци – кожата е нормална. Комбинираната кожа покажува особини на трите споменати типови кожа.

    Сувата кожа особено подлежи на негативното влијание на надворешните фактори. Затоа производите за нега на кожа не треба само да дадат влажност на кожата, туку и да ја потхрануваат за да се создаде заштитен површински слој. Дневните креми треба да содржат заштитни филтри независно од годишната сезона кога се користат. Сувата кожа често има нездрав изглед, без сјај и изгледа уморно. Добро е да користите козметички производи кои ќе ѝ дадат здрав сјај на кожата.

    Претерано сувата кожа, исто така, може да се препознае како зрела кожа. Овој тип на кожа покажува знаци на стареење, како брчки, тенки линии и лупење и вообичаено се појавува кај жените по менопаузата, што предизвикува и хормонски дебаланс кој се забележува на кожата. Зрелата кожа произведува помалку себум и е повеќе подложна на иритација, оштетување и зголемена сувост. Исто така станува почувствителна на временските услови и при изложување на сонце. Затоа има потреба од посебна нега. Збогатеното потхранување и влажност помага за еластичност на кожата и ја намалува појавата на брчки. Виталните состојки и антиоксиданси на кремот може да го надоместат здравиот изглед и да го забават понатамошното стареење.

    Кога станува збор за масна кожа, најважно е правилното чистење. Не користете јаки сапуни или други козметички препарати кои може да ја пресушат. Хидрантните дневни и ноќни креми треба да имаат доста лесен состав. На масната кожа ѝтреба добра хидратација, бидејќи спротивно на популарното верување, добрата хидратација го намалува производството на себум. Лесниот крем не ги затвора порите, тоа е она што е најопасно за масната кожа. Исто така се верува дека слој на себум на лицето ги блокира штетните сончеви зраци. Тоа не е точно. Кожата се заштитува од штетни зраци преку филтри, кои исто така треба да се нанесуваат на масен тип на кожа. Лицата со масна кожа треба добро да размислат пред сончањето, затоа што може да се влошат воспалителните промени кои се типични за овој вид на кожа.

    Оние со нормална кожа…. се среќни! Тоа сепак не значи дека не треба да ја негуваат кожата. Перфектната кожа нема да остане таква засекогаш. Голем број надворешни услови може да имаат негативно влијание врз состојбата на кожата. Времето поминато во климатизирани простории може да предизвика сушење на кожата, прекумерното изложување на UV зраци може да го забрза стареењето на кожата. Затоа и нормалната кожа треба да се чисти, хидрира, потхранува и заштитува од штетните UV зраци, тоа ќе помогне таа да изгледа здрава што е можно подолго време.

    Комбинираната кожа е доста проблематична за одржување. Од една страна треба да пронајдете решение за прекумерното производство на себум во Т-зоната, а од друга страна, треба да се хидрира областа на образите и околу очите. Изборот на соодветен крем е еднакво важен како и изборот на вистинско средство за чистење. Лицето треба да се мие два пати дневно со соодветни производи за нега на кожа, освен тоа се препорачува пилинг на лицето еднаш неделно, што ќе помогне за ослободување од перутот на епидермисот и митесерите.

    Сè се менува, па така и кожата. Вреди повремено да се проверува свежината на кожата. Масната кожа може да стане комбинирана, или нормалната кожа да стане сува или масна… Доколку забележите знаци на промени на типот на кожа, се препорачува прилагодување на секојдневниот режим на новите потреби.
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.