Здраво девојки,барав нешто слично но не најдов,ако сметате дека не е во ред темата бришете ја. Бев 10 годинки кога ми најдоа хипотироизам,пијам еуторокс и сега ми е во границите на нормалата,најголем страв од секогаш ми беше дали ќе можам да имам деца,дали ќе бидат здрави,дали ќе биде се во ред,еве дојде и тој момент се омажив и со мм размислуваме за бебче,дали некој е во слична ситуација или пак бил,чекам да ми пишете
Јас имам една пријателка прима терапија и си ја тера бременоста нормално така да нема причина за загрижување слободно можеш да си останеш бремена што поскоро
@anas23 Не се секирај. Јас пијам Еутирокс веќе неколку години, истерав инсеминации и 2 инвитра, од кое второ успешно, моментално сум 10 недела бремена. Само по потврдена бременост си направив контрола, ми ја зголемија малку дозата и рекоа да дојдам на контрола за 2 месеца. Моја прва братучетка има Хашимото, значи нејзе и антитела и ја напаѓаат тироидата па ете здравје за 2-3 недели треба да се породи.
Фала девојки многу ми значи вашата подршка,нека ви е со лесно и вас и на вашите пријателки,многу се плашам да не ја наследат децата од мене бидејќи јас сум ја наследила од мајка ми, дали во текот на бременоста е иста контролата за тироидната ?
Ne se sekiraj mila, pijam so godini eutiroks i bremenost isterav so idealno tsh. Sto nikogas vo zivot ne mi bilo tolku. Samo najvazno e da se sledi sekoj mesec da se proveruvaat hormonite i da se prima potrebnata doza. Kontrolite se isti se e isto samo pocesti. Strav ne strav toa e, da tiroidnata e nasledna za zal, najcesto od majka na kerka poretko majka sin, no toa e pa ne e kojznae kolku strasno ima nedaj boze polosi raboti pa za edna tiroidna neli apceto nasabajle i ajt sozdravje. Pa kolku zeni ima so izvadena tiroidna pa so dve tri deca se, kolku ima pa sto poima si nemaat deka imaat problem so tiroidnata pa nikogas ne bile da proverat ne pijat terapija pa zdravi pravi deca imaat. I samata kaza ti si ja nasledila od majka ti pa ete te ima tebe neli Uzivaj, i najvazno opusti se i ne misli na toa deka pravis bebe za vreme na cinot, uzivaj samo, zosto psihata e taa sto nekogas znae da e precka od iskustvo ti kazuvam.
Здраво на сите, ве молам за искуство и мислење.Бремена сум 33 гестациска недела.Од 17 гестациска недела откриена ми е хипертиреоза и од тогаш примам терапија пропилтиурацил чија што доза се менува. Од 17 до 21 недела примав 50мг дневно. За подоцна да се намали на 25мг дневно (сеуште ја примам таа доза).Ме интересира дали некој имал слично искуство искрено се плашам за моето бебенце заради терапијата? Ви благодарам
Пред една година е откриено дека имам чвор на лев лобус, но хормоните беа супер, правев и пункција на чворот испадна дека е бенигно, на секој три месеци правев анализи и на хормоните кои беа супер. Кога останав бремена контролите зачестија на секој месец. Првите три месеци од бременоста анализите беа одлични. Проблемот настана некаде после 13 гн, пулсот наеднаш збесна во мирување ми се движеше од 120 до 130, чуствував преголема нервоза, повраќав премногу ми се чуствуваше како цело тело да ми функционира со преголема брзина. На следната контрола резултатите беа за шок тсх 0.04 фт4 во долна граница на нормала а фт3 над нормалата висок. Па од 17 недела почнав со примање на терапија пропилтиурацил. Сега се чуствувам добро но се плашам за терапијата зошто не е наивна како терапијата за хипо. Докторите ме смируваат дека нема место за страв и паника но тоа не можам да му го објаснам на моево преплашено мајкино срце. Се надевам само дека моето бебенце е добро. Се извинувам за долгиот пост.
Ќе ве молам за искуства, за во бременост се резултатите ... -тсх ми е 0.202 ( 0.27-4.20 ) -фт4 ми е 17,40 ( 10.30-24.45 ) -атп-о ми е 109.9 ( < 34 ) -прл ми е 100 ( 3.9-29 ) Сега последно ми се следниве резултати: -тсх <0,004 ( 0.27-4.20 ) -фт4 ми е 16.3 ( 10.30-24.45 ) -атп-о ми е 27.2 ( < 34 ) Терапија за ништо од ова не добив наводно нормално било во бременост да се вакви резултатите но ве молам за мислење...за пролактинот уште минатиот пат ми рекоа висок е пиј бромергон до 5,6 месец но гинеколог не се сложи и го прекинав и покрај тоа што ми беше покачен... антителата еднаш покачени сега не беа .. За тсх знаете ли дали е во ред да е волку ниско ??
Побарај друго мислење. Овде нема доктори. Најдобронамерно ве молам барајте второ, трето ма и 10 то мислење од ендокринолог. Не интернист. Барајте специјалист по нуклеарна медицина.
Имам свој ендкринолог кој ме води долго време, ова се од кај него резултати секако он ми кажува што како... а овде пишав за да размениме искуства од жени да видам нив што им е советувано за ваква ситуација.
Конкретно кај тебе има тенденција да оди тсх надолу, а обично тсх во бременост оди нагоре, но еве фт4 компензира со тоа што се намалило . Што се однесува до антителата, варирањето од еден до друг резултат е нормално, само врз основа на две испитувања не може ништо да се заклучи. Мој совет е по еден месец испитувањата да ги повториш, па тогаш да те насочи ендокринологот што да правиш, бидејќи како што кажав тсх обично расте во бременост. Секако, не сум доктор.
Инаку ова од специјалист ендокринолог, пред боцкање се пие терапија за да се види дали ти одговара терапијата.
Вчера бев на Нуклеарна медицина, а после тоа кај гинекологот да закажам преглед. И кажав на сестрата дека доктор од таму ќе ми ја води бременоста-за тироидната, ми вика ама таму има зрачење??? Некој да ми појасни што сакаше да ми каже?
Какво зрачење на патофиза во амбуланта! Ти ќе одиш на редовен преглед, амбуланта, крв,лабараторија, шалтер и толку! Сигурно нема да те зрачат! Има простории каде што има зрачење, меѓутоа таму е забранет влез и секако не е тоа место кај шо ти ќе одиш и ќе влегуваш Не се секирај, си знаат они таму со бремени шо како..
Sofi prolaktin vo bremenost ne se meri normalno e da e visok bromergon se pie do 12 ned od bremenosta toa mi go kazaa poveke endokrinolozi I jas go piev do 12 ned od bremenosta
дада знам дека е нормално да се качува не пијам одамна веќе таблети за него ...за мн низок тсх ми беше прашањето, али прашав доктор за тоа ми рекоа така треба да е подобро низок отколку да е висок ...како и да е фала ти