Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од anas23, 6 ноември 2017.

  1. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Јас моментално сум бремена и проверувам во биохемија во мојот град, а со докторката комуницирам на вибер. Таа ми кажува за колку време да проверам пак и така тераме веќе 5ти месец :)
     
  2. Тинке

    Тинке Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    ми треба еден совет, малку неодговорно од моја страна не стигнав редовно да проверам тироидни параметри веќе два месеца и еве ме сега со тсх 6,5 и тиродни антитела 700. Океј антителата ми се секогаш високи секако сум со хашимото хипотиродитеа но сега сум 17 недела бремена и ме интересираше суплементот селен.
    Матичниот гинеколог ми рече да не го пијам немало потреба, да јадам бразилски орев (имам читано за бразилксите ореви не себаш добар извор со оглед на тоа што зависи од кој предел се и колку селен содржат, можно е и големо количество на селен во нив и може да се направи беља со секојдневно нивно конзумирање) а тука гледам некои членки си го вклучиле пак на два дена? Нешто е штетен селенот во бременост или?

    А за тсх ќе си регулирам дози и ќе контролирам сега ан две недели да видам како ќе се одвива. Не сум од Скопје, со години ако стигнам до патофиза ме препраќаат во матичниот град веднаш каде тсх од 5,5 ми велат дека е таман, а знам дека не е. Така си продолжив приватно кај Каранфилски додека беше жив, после продолжив кај Бранкица Крстевска во Срце, но едноставно премногу наплаќаат за еден разговор од пет мин.
    Ваш некој предлог на добар доктор по оваа проблематика, кој што ќе се задлабочи во Вашиве параметри и од кој би имале корист, дозите секако со години сама си ги комбинирам и проверувам...

    Фала Ви
     
  3. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас сум со истиот проблем како тебе.
    Претходната недела од интернист ми дадоа приоритетен упат за на патофиза и завршив работа за 5 мин.Извештајот ќе може да го видат од кај матичната за 1 недела и следна контрола ќе те и закажана.
    Искрено бев изненадена што немаше воопшто гужви,чекање….
     
    На Тинке му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella 3

    Bella 3 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Да ти одговорам околу селенот, и јас исто сум со хашимото хипотиродитеа и одам на контроли кај др. Бранкица од срце. Пред бременост по нејзина препорака си пиев селен од 100 mcg дневно и два пати неделно по едно бразилско оревче, а по потврда на бременост матичниот гинеколог ми рече да почнам со Пре мама доколку се согласува и ендокринологот со тоа. Се консултирав со др. Бранкица и ми рече да го прекинам селенот и да почнам со Пре мама, и тие имаат 60 mcg селен во нив но докторката смета дека тоа е ок, и по едно бразилско неделно.
     
    На Тинке му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    А колку ти е ТСХ?
     
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Инаку T
    Јас денес закажав кај Др. Бранкица Крстевска дури на 13 ти Јуни, ми кажаа 3000 ден, ако знаете да ми кажете дали само консултација е толку?
    Инаку TSH ми е 0.24 .
     
  7. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Jas sum bila na pregledi kaj nea vo taa suma vleguvaat eho na tiroidea I ekg a krvna slika dopolnitelna se naplaka
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Благодарам.
     
  9. Bella 3

    Bella 3 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас крвна слика секогаш си носам и одам само на консултација. 3000 денари беше само првиот преглед колку што се сеќавам затоа што ми правеа и ехо, а сега контролите ми се по 1500 ден.
     
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Јас сега правев крвна слика, ама незнам дали ќе ми важи до Јуни.
    Сепак до 13 ти Јуни ќе има 1 месец, правев на 12ти Мај, би требало да ми важи.
     
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски

    Првиот пат кога бев кај докторката 3000ден ми наплатија за екг и консултација, следниот пат правев ехо и тоа беше 500 ден. Да знаеш за понатака, секоја следна контрола се наплаќа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Освен извештај за хормони треба и за крвна слика да се носи?
     
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Сè што испитуваш, носи си. Мене баш месецов ми побара крвна слика, следна контрола ќе и однесам резз. Која недела си?
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Се уште не сум бремена, ама незнаев каде да го поставам прашањето, тек сега со мм почнавме со испитувања, со Господ напред да биде што побрзо.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Ќе биде, ти пуштам среќа и само позитивно. Супер штом сте почнале од некаде, ќе се најде решение :sun:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Инаку сум ја испитувала и порано тироидната, секогаш ми била добра, сега ми е со намалена функција 0.24.
     
  17. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Стручна е докторката, ќе ти даде правилна терапија.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Што мислите за тсх 2.31, фт4 17.19? Бремена 14та недела..
     
  19. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Super si
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Треба да појдам на контрола на нуклеарна во петок, дали би ме примиле доколку појдам во понеделник. На мој термин има 2-3 веќе закажани прегледи истиот доктор.
    Или доколку некоја има да ми даде број од патофиза да прашам