Super I se hormonite, za antitelata nema lek nesto so ishrana moze malku da se namalat ama pa I ne pravat steta I da se pokaceni
Здраво, имам хипотироидизам и сјм на терапија еутирокс. Тестот за бременост покажа дека сум бремена. Последно правев хормонска анализа пред 2 месеци и тсх беше 2. Докторката пред да дознаам дека сум бремена (пред 2 седмици) ми ја покачи малку терапијата. Прашањето ми е кога повторно да одам да проверам ТСХ? Моментално сум прв ден од шеста гестациска недела.
Мој совет ти е веднаш да провериш, ТСХ во бременоста знае многу да скокне. Мене и покрај зголемена терапија ми се зголемуваше и докторката ми рече веднаш кога ќе имам позитивен тест да проверам ТСХ.
Исто и мој совет е веднаш да провериш тсх тој знае да скока во бременост и покрај зголемена терапија и моја препорака е секој месец да проверуваш тироидна.
За тие кои имаат проблем со тироида или општо сите трудници? Мене матичнава ми нема кажано веќе 6ти месец сум а последно хормони правев во февруари
Јас имам од претходно терапија ,па двете бремености ги терам со контрола на секои 4 недели. Така ми е кажано од ендокринолог. ТСХ општо знае да отиде нагоре во бременост и без да имало некој проблем претходно, и да треба терапија при бременост поради несакани последици. Матичните не се баш замараат со ова,најдобро е консултација со ендокринолог.
Zdravo devojki Dali nekoj primal terapija za tsh samo vo bremenost. Sekogas tsh mi bese okolu 2-3. Problem so tiroida nemam. Ft4 antitela eho seto toa si e ok. Pred Et (IVF) tsh mi bese 3 i pocnav so eutriox 25. Po sest nedeli od primanje eutriox tsh mi e 1 i doktorkata mi ja prodolzi terapijata. Da ne slucajno mnogu pagja ili dozata mi e prejaka. Slicni iskustva?
Јас не знам веќе и со овие доктори човек не е паметен, зошто не ни даваат на пример поголема доза на селен и цинк туку одма терапија. Ајде да кога е многу високо ама за 3 терапија и после додека погодат терапијата...
Jas sama pobarav terapija bidejki imam pozadi sebe mn neuspesni ivf i mi bese strav. Od moe skromno poznavanje ne e kvantna fizika da pogodis terapija kaj covek shto nema problem bidejki tsh ne odi vo vis. Rabotis so mala doza samo ili isklucuvas.
Уште што нема да напишат, па секоја втора е со проблем, не си стварајте стресови, некои после бременост разберат дека имаат проблем па си родат здрави и живи бебенца. Не читајте многу по интернет слушајте си доктор и убави мисли во глава.
Од лично искуство ќе напишам, тироидната не ми лачи доволно од раѓање и пијам еуторокс од мои 10 години, фала му на господ имам здраво право детенце без никакви проблеми ниту со него, ниту со мене, единствено во текот на бременоста правев почести контроли и примав поголема доза еуторокс, но ако мајката не прима терапија вистина е дека може да дојде до попречености во развојот кај детето
Не постои такво истражување што поткрепи докази дека се раѓаат такви деца. Не е наследно. Јас сум прва во фамилија што има проблем со тироидна. Ама па и сум прва што пиела терапија во бременост и доење, па постои некој минимален ризик во најлош можен случај и детето да треба некогаш да пие терапија,а можеби и не. Ама далеку од тоа дека ќе е 'фалично'.
Наследна е, јас имам наследено од мојата мајка, таа не знаела дека не и лачи доволно и така сум наследила јас, но ако со лекови е во ред во текот на бременоста многу е мала шансата детето да наследи..
Еве јас од никого не сум ја наследила. Сите блиски се имаат проверено сите се океј. Јас при стресен период од животот ја развив па ми требаа години да ја оправам. Повеќе од 10 години примам терапија.
Да да, може да биде наследна, може и да се стекне, кога е стекната може да се врати во нормала, а кога е наследена(вродена) се пие терапија цел живот, на мојата мајка и била стекната но кога била бремена со мене незнаела дека не и лачи доволно и така јас сум ја наследила, тоа ми беше муабетот дека може и да се наследи во случај ако не се прима терапија во текот на бременоста
Исто и кај мене, не сме сигурни дали имале другите баба и дедо од на мајка ми страната (починати се двајцата на 38, 39г мајка ми кога била малечка). И јас со терапија сум после првото родено детенце, тогаш ја открив. Хипо+хашимото. Пијам терапија 9г веќе, а имам уште едно 6г дете. Здрави прави двајцата.