Jas koga prv pat dobiv hipertireoza na 22 godini veke mi bese rodeno prvoto detence I posle godina ipol ja dobiv. Eden doktor na endokrinologija mi kaza vaka dodeka potpolno ne ja izlecis ne razmisluvaj na vtoro dete bidejki postoi rizik od anomalii na plodot, zastoj vo razvojot, kasen spontan abortus.. itn... Jas od strav od negovite zborovi ne mozev da se resam za drugo detence. posle 9 godini se resiv vikam ke si Rodam uste edno pa Kako bide neka bide, pa fala na boga vo istiot moment koga zabremenov I mi se stabilizira duri I lekovi mi isklucija na vtoriot mesec od bremenost, nemav nikakov problem so nea I najvazno cela bremenost ne primav nikakva terapija.
Различни дијагнози на тироидната има. Мене во бременост ми рипа одма tsh и организмот ми бара повеќе Еутирокс, па веднаш поголема доза ми препишуваат. Лечење кај мене нема и ова ми е доживотна терапија, па дури и да ми ја извадат жлездата цела, јас ќе пијам терапија.
здраво јас досега сум немала проблем со тероидна и секогаш резултати ми биле во нормална граница на референтни вредности. Сега сум бремена 14 недели и ми излезе ваков резултат.Ниско тсх. Дали треба да се оди на специјслист?
Дали при качување на дозата на Еутирокс во бременост имавте нус појави? Како дознав дека сум бремена бев веднаш на проверка (4,5 недели бремена) и TSH ми беше 6.1 па ми дигнаа доза. Ама еве некои чудни симптоми па мислам од тоа ми е. Како испијам апче, по 2,3,4 часа се задишувам, тахикардија, на нозе неможам да застанам од што ми е тешко на организмот. После веќе понатаму во денот, се опоравувам.. Ама ова задишување екстремно е, како да немам воздух во бели дробови, па намерно дишам многу длабоко, за да ми дојде добро (инаку ми се врти).
Може да ти е од дозата. Мене ендокринолог ми кажа дека е можно да се појават во комбо со хормони и бременост,сосем нормално. Јас лично немав нус појави,дури ми пријаше кога ми ја зголемија на почетокот.
Леле незнам, еве ме неможам да станам и вака ми е секој ден. Како да заборавам да дишам, како без воздух, срцето лупа... на 9ти сега сум на контрола..
Додека се навикне самиот организам и телото,ќе се среди после. Колку и да мислиме дека е наивен еутироксов,сепак си има тежина.. Не се секирај,се е најнормално. Битно да е погодена дозата и да се во ред хормоните.
Здраво Јас последен тсх ми беше 8.61 и ми покачи на 75 цела недела еутирокс инаку пред тоа тсх ми беше скоро 22 и бев на терапија 2 месеци 5 дена 75 викенд 50 и после тоа резултатот 8.61..на 23ти јануари ми е контролата, инаку завчера имав позитивен тест А заради неработните денови неможам да одам, дали може да биде нешто што чекам? А инаку ослабната сум мн имам 48 кг и на нет видов дека за моја килажа 75 еутирокс ми се доволни и сигурно ќе ми покачи уште со бременоста а страв ми е од поголеми дози баш од тоа што вика @mariz што и се случува!! Инаку имав спонтан лани во јануари
Два-три дена нема премногу да сменат. Направи проверка на тироидни хормони во вторник. Не би чекала до 23ти јануари бидејќи за време на бременост се прави одма крвна слика дека знае тсх дс рипне. Зависно од резултатот најверојатно ќе ти ја зголемат дозата. Еутирокс не се дава по килажа туку по ниво на хормони во тело. Јас сум 52 кг па сум на 100ка дневно и немам проблеми. Ќе биде се ок ама ќе мораш секој месец да правиш крвна слика и да се консултираш со твојот ендокринолог.
Размислив дека може и ми се случува баш поради тоа што телото ми има потреба од Еутироксот... пијам пример во 7 и до кај 13ч сум таква, а после сум оа подобра, како оддеднаш се ми се смирува. Па може не се од Еутироксот тахикардиите и задишувањето.. туку напротив потреба на телото од Еутирокс.. и како убаво проделува, после неколку часа јас сум добра Утре треба да и пишам на докторката што ме води, да ми креира она упат и да одам на контрола. Мене овој пат, прв пат после 9г ми се појавија и две цисти на лев лобус и мора и тие да ги следиме...
Какви симптоми имаше пред да дознаеш за штитната. Јас во првата бременост имав во 7 месец и високи д димери со скратено време, сега плус и штитна мн ми е страв. Сега во бременост ти бара само фт4 и тсх или уште нешто И јас имам некоја циста 4,4 мм А инаку и антитела ми се до плафон и ехо ми е лошо и хормоните, се од стрес Те напнав
Нередовен циклус имав, не добивав по 3 месеци... плус бев ѓавол Напната, нервозна, тахикардија... случајно со проверка на гинеколошки хормони каде и Тсх ставаат, начекавме дека е качено. Како почнав терапија, како саат точна менструација и сите симптоми ми се смирија, станав ангелче Сега некогаш кога не сум добра со живци, маж ми ми вика оди провери да не не ти е добра дозата Исто ехото е крш, ради хашимото е таква уништена... цистиве новост ми се, 8г немав.. Антитела секогаш ми се високи, скоро не сум проверила ама еднаш кога ја прашав докторката како да ги симнам, ми рече никако. Мал стрес влијае на нив, а стресови ај да немаме во денешно време... Инаку прва бременост истерав, каде качив 30+ кг, лошо нон-стоп ми беше, тахикардија и притисок висок... па ништо чудно и тогаш да не ми биле добри хормоните, тек по пораѓај ја открив. Некои 9,10м од раѓање на првото. Како почнав тогаш терапија, веднаш и килажа многу брзо симнав. Па втора бременост почнав да планирам 15тина месеци првото кога ми беше и за 5,6м останав бремена со второто и таа бременост со покачена доза, одлично ја поминав Баш ќе ти кажам и јас неделава што ќе направам на контролата. Се изнапишував Едит: Иначе да, само фт4 и тсх ми проверува сега. Фт4 е океј мислам? Ова е пред месец крвнава кога бев 4,5 недели бремена.
Posle pozitiven test koga pocnavte da odite na kontrola za tiroidnata??? Za da nemam problemi se plasam (hipo sum pod terapija)
Јас одма закажав кога ми потврди гинекологот. Ќе треба да ти се зголеми дозата малце за да не ти се покачи многу тсх
Јас отидов 4,5та нед кога бев и веќе ми беше Tsh 6.1 качено. Сега месец дена сум со повисока доза од тоа што пиев пред бременоста (исто сум хипо и плус хаши). Денес контролна крвна направив. Мислам дека ќе ме остави сега за сега со оваа доза, утре сум пак на контрола..
Фала му на Бога што добро ти делувале таблетите, мене сега после 9 месеци може да се каже 50% сум подобро, и да од стресови се живо се пореметува, а највеќе штитната. Јас имам многу низок притисок, со таков изгледа и живеам. Се јавив денес на интернист, сестрата вика почекај до 23ти јануари, дека нема порано термини, се зачудив нели треба кога дознаваме дека сме бремени т.с на позитивен тест одма да вадиме што треба за штитната, таа вика почекај на 23ти Дали гинеколог ти дава упат за вадење крв или ендокринологот
На интернист одам, кај Светлана во Железара. Денес случајно видов дека пуштила термини за наредна и понаредна недела, закажи кај неа ако не се фатени сите.. мене ми е супер, она ме води 8год веќе. Супер ја регулиравме и во втората бременост дозата.