Здраво мајки денес си направив анализи на тсх и фт4 и не ми се ок, инаку сум 4+5 бремена бев 75 еутирокс сега ме стави на цела недела 100 Тсх ми е 5.54 Фт4 ми е 1.29 Мн се плашам за плодот Дали некоја на почеток така и беа? Јас сум на терапија од март прошлата год хипо хаши @mariz моја и сите други мајки дали ви беа вакви резултати и се добро помина, и родивте здрави деца, без проблем, Многу ме мачи исто тоа да се роди со проблем од штитна да мора цел живот да пие заради јас што го имам овој стресен проблем
Јас прва бременост најверојатно ја имам поминато со неоткриена дијагноза, здраво право детенце. За второто ми рипна тсх и покрај терапија, за фт4 не ми текнува ама со зголемување терапија ми се среди, здраво, право детенце. Сега тсх 6.1 ми беше во 4,5та нед бременост и пак ми покачија терапија, за месец дена ми се среди на 2.4. Но секој месец ќе проверувам, да пазиме како се движи. Најверојатно поради фт4 си на 100ка ставена. Мене фт4 добро ми е. Терапијата месец дена 3х75 пијам, 4х100. Секоја втора е со проблем со тироидната, не се грижи ќе биде се во ред доколку ја следите и контролирате.
Тсх од 0.55 - 4.78 мене е 5.54 Фт4 од 0.89 - 1.76 мене е 1.29 не е лош Ете на тебе тсх од 6.1 3×75 4×100 А мене цела недела 100 и од голема доза се плашам, јас некогаш тсх ми беше 0.21 кога ме остави без терапија 3 недели, во тоа време ми рече да се обидам за бременост и кога се опуштив тсх за 3 недели на 21 скоро Толку ми варира страшно, а и штом стигнав до 100 ми изумирува штитната готово. Кога пиев 2 месеци викенд 75 а 5 дена 50 кога почнав тсх 22 за 2 месеци на таа доза падна на 8.61 И кога ми препиша цела недела 75 за месец ипол на поголема доза падна на 5.54 Дали заради бременоста во меѓувреме незнам Ми рекоа најдобро за планирање бременост најдобротсхда е под 2.5 ама како кога варира како вода, уште дозата не се погодува А имам кутија цела од 50 еутирокс, дали да пијам 2 од еднаш, или да купам чисто од 100?
Јас ја трошам таа од 50ка, пијам по две. Па ќе си купам 100че. Не се грижи, мене во втората бременост чинам ми дигнаа уште понатаму во бременоста и кога се породив 2,3 недели со таа доза бев и отидов во хипер со 0. Не ти варира страшно, нормално е тоа варирање. Битно да имаш тироксин во тело, па со време ќе се регулира. Јас еднаш сама експериментирав и не пиев така 2 недели терапија да видам што ќе се случи и тсх 17 ми рипна Луда работа, ама ете што ми текна така да направам нз. И мене иначе и со терапија ми варира, реееетко да ми е околу 2ипол. Све сум со тсх од 3ипол до кај 5 и покрај терапија, па сигурна сум дека и не сум останала трудна со совршено 2.5 тсх Инаку не требала да те остави така без терапија скроз. Ако си отишла хипер, требала да ти смали доза. Хипо и хашимото сме, доживотна терапија имаме и без терапија не смееме да се оставаме...
Имаш право барем да пиев по 2-3 пати во недела некоја доза, и од тогаш сум во почетни круг, таа ми рече таков сум случај каде незнае како да реагира со моето варирање. Некогаш и на 10 дена бев со нова доза, се брзавме заради бременост, сакав. Мене најлош симптом е слаб пулс, кога сум без хормони, како да умирам
Јас хипер кога отидов по пораѓај, најмала доза 25мг и за месец контрола, па за месец пак полека ми ја покачи и после на следни контроли кога веќе се регулираше ме остави со доза со која терам со години... Може е добро и да ја смениш и докторката Не ми е јасно како од 100ка, на 0 еутирокс те остава. Мора постепено, намалување на доза, пиење по шема еве како кај мене комбинација со дози. Ама без терапија никако. 100кава сега многу ми се гледа кај тебе за тие резултати. Но ако ти рекле така, пиј и побрзо провери пак тсх. Ако отидеш хипер, никако скроз исклучување на терапија. Не ти варира тебе страшно, страшно е тоа со дозите што ти го прават и од тоа ти е тој шок. Инаку не да е страшно без терапија. Еднаш пробав и никад веќе. Во сред лето на 40 степени, мене телото како за студ ми се тресеше... Туш едвај да поднесувам во сред лето Комшиката ме примети дури дека не сум нешто како што треба
Јас прв пат кога проверив тсх беше 7.80 и почетна во живот ми рече со 50, почнав 3 дена 50 и мене одма висок притисок и брз пулс, инаку живеам со низок притисок и пулс, и предложив да пробаме со 25 5 недели и мене се покачи на 11 скоро и така почнав после со 50, ми се намали на 6 па така се постепено и отидов на 0.21 рече една недела да бидам на 25 и се покачи на 0.61 па тука ме остави 2 недели и оп 21 а мене срце умира, и ладно ми , нервозна и таков период стресен со мајка ми, инаку онколошки пациент. И кога видов 21 и пишав на докторката рече дека е на одмор и да почнам со 50, ниту колко време ништо. И јас закажав за срце сакав ете да проверам по почнување на таблети да видам состојба зошто имам мака, и таа ми ја предложи Бојаџиев, така и си променив. Не дека прва не е стручна ама од мака А право да кажам со 75 си бев најдобро, сега сигурно со бременост се покачува тсх ама и имав стресен ден пред да вадам крв, од патологија бев да земам на мајка резултат и испадна дека типот на карцином на дојка и е најризичниот што постои тројно негативен и нема лекување за него Душа ме боли А сега прв пат сум од 100ка еутирокс, Ај ќе видиме што ќе биде А јас мислам дека е висока Кога паднав во хипер од симптоми потење како вода и слабеење катастрофа од тоа време јас од 48 не идам нагоре на 1.68 цм Можеби сум офтопик со моето мислење, ама ете има и некој симптоми да видите како и без бременост како може да варира со, и со стресови и секој организам е различен
Стресовите се најлоши за тироиднава.. баш ми е жал за мајка ти Јас сум млада, од мои 23г пијам терапија, сега имам 31 и се бетер и бетер ми е тироиднава. Еве последно и цисти, со све поголема доза низ годиниве.. што ќе биде понатаму незнам. И јас со големи стресови од дете, па удри на тироидна... На ехо кога си пак?
Јас лани на 29г открив, сега 30г тироидна полоша од 70г год жена. На 23ти јануари треба да одам,ама без да вадам тсх и фт4. А ехо последен пат не ми правеше. Јас инаку пред да дознам за бременост упатот ми бил за 23ти јануари без да вадам ништо од хормони, туку да ми даде упат да ги проверам женските хормони сите тие на биохемиска и успат и фт4 со тсх. И рече да не давам веќе пари приватно авицена. Сега со бременост малце порано проверив а што ќе бара на 23ти незнам. Јас од матичен лекар земав упат прв пат фт4 и тсх, незнаев дека само во тафталиџе одат на упат. Кога во аеродром ми рекоа само приватно, и јас да не се малтретирам платив 1400 и дома А ти инаку на колку одиш на контрола без бременост, дали некогаш остана на една доза повеќе од 2 месеци, 6 пример? Јас повеќе од 2 месеци никогаш не чекав.
На 4-6м одам доколку е се во ред.. ако не е и за пократко време, ама дозава пред да останам бремена со третово добри 3г ја терам. А крвни слики па си правам преку матичен и на 2,3м и за железото (зошто често сум анемична) и плус тсх таман си го проверувам. Инаку одат на упат преку општ матичен и преку матичен гинеколог, за нас кои имаме дијагноза... инаку за другите, приватно се наплаќаат преку матични (така бар беше).
Женски, ако се испитани тотал т3 и тотал т4, и се нормални, има ли потреба дополнително да се испитаат и фт3 и фт4? Инаку се работи за особа со зголемен тсх.
Zdravo, tiroidnata mi e vo granici 3.52 (0.35-5.50) megutoa se obiduvame za bebe. Maticniot ginikolog rece deka e vo red, no citam mnogu podeleni mislenja. Edni doktori velat za da zabremenish treba da bide do 2-2.5 max drugi velat stom e vo granici dobro e. Ke ve molam vashe mislenje koi vrednosti gi imavte za TSH dokolku se sekavate pred da zabremenite i dali pievte nekoja terapija so tiroidna > 2-2.5 ?
Јас кога се спремав за ин витро, тсх ми беше 3.12. Бев на ендокринолог, и ми препиша терапија. Точно е дека е во граници, но за бременост треба да е под 2.5.
Дали некоја во бременост само за покачени антитела, хормони во ред, прима терапија? И дали без терапија за антитела бременоста поминала во ред. Докторката ми кажа за антитела само витамини, терапија нема.. Некои ги читам по страните дека за антитела пијат терапија, па се замислив..
Обично само за хашимото се препорачуваат витамини и промена на исхрана. Глутен се исфрла. Почесто се следат хормони во бременост,поточно на секои 4 недели. Така да ако има нешто одма се реагира. Мене во бременост секогаш ми зголемуваа терапија. Слушај си ендокринолог кој те води,и почести контроли.
Мене ми се секогаш високи, не сум пробала со исхрана да ги симнам. Селен, јод треба да внесуваш, глутен да исфрлиш. Ама пак при стресови, се креваат.. покрај тие витамини и нешто за опуштање б6 или неуробион (комбинација од сите б вит). @srnice123 јас сум со 3то сега бремена. Пијам терапија со години и никогаш не го држев 2, 2ипол. Скоро секогаш 3,4 ми било на контроли... Сега како останав бремена, одма проверив тсх и 6.1 ми беше, ми појачаа доза. За забременување не ми правела мене тироидната проблем..
Јас пијам Еутирокс само заради тоа што ми се појави циста и имам анти ТГ антитела покачени, а хормоните ми се нормални (ама знае TSH да ми се покачи од стимулации, затоа пијам Еутирокс).
TSH ми е секогаш 2-2.5 без терапија, откако почнав Еутирокс го спуштам околу 1, некогаш е 0.9, некогаш 1.7. А анти ТГ последно летово ми беа 17 (до 4 е границата). Анти ТПО ми се нормални.