Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од anas23, 6 ноември 2017.

  1. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Терај си таа доза
    Мене ти реков кога видов позитивен после 3-4 дена проверив беше 5.54 така нешто и ми покачи на 100 цела недела 3 недели си терав со таа и да видам тсх 7
    И после пак 3 недели 125 падна на 1.60 од колку не поверував помислив да не се грешка, од кога се разболев со штитна и хашимото тсх ми беше 22, еднаш 0.21 сега 1.60 ама не верувам дека ќе остане така дека уште сум на почеток 11+6 тоа е
    Само со лесно на сите
    Мене крвта е слаба а железо ок за сега, после во напредните недели железото ми паѓа мн
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    IMG_20240416_144025.jpg Нормално ли е воа тсх за 5 недела бременост?
     
  3. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Makimaki93

    Makimaki93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Женски, поупатени сте тука, па да прашам. Еутирокс без рецепта можам да земам? Стефанка е на боловање, а државно немам отидено за да може матичен да ми препише. Некој искуство да сподели?
     
  5. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Може да
     
    На Makimaki93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    Сега ги добив резултатите тсх ми е 5.02
    И ми покачиле терапија на 225мг
    Бремена сум 29 недела
    На почетокот ми беа океј резултатите
    Ме фати страв многу :worried:Можно ли е малата да наследи од мене заради тоа што не било доволно :worried:јас така сум наследила од мајка ми
     
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Јас кога открив дека сум бремена бев 7ма недела и тсх ми беше 6.99 а пред терапијата ми беше 75 еутирокс антитела нормално се вон граница над 1300
    Ми покачи на 100, па на 125 бев скоро до крај, колку ти беше пред 225 мкг еутирокс да пиеш?
    И за бебе на картонот пишува ризик фактори хипо хашимото, треба да го носам здравје на ендокринолог
    А дали мајка ти пиеше терапија во текот на бременост со тебе? И дали ден денес уште си пие терапија?
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    Пиев 200мг до сега,до нив стасав во првата бременост и 6г пиев 200,имам слушнато дека не се враќаат назад,не знам дали е вистина.Мајка ми кога била бремена со мене не пиела ништо,не знаела ни дека не и лачи доволно и најверојатно затоа сум наследила јас.Сега и она си пие,прво мене ми открија и рекоа дека ми е наследено од еден од родителите па така дозна дека и она има..Во првата бременост имав многу чести контроли во Мк и не дојде вака да испадне од нормала и докторката дури гарантираше дека бебе нема шанса да наследи е сега во странство сум тука по друг ред имаат,во 5 недела испитав и дури сега во 27 имав закажано контрола
     
  9. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Ааа таму не контролираат често, овде знаеш секој месец или највеќе месец ипол
    Да за враќање веќе тоа ни е, јас на ехо жлездата ми е како вп дупки од хашимотото сега можеби уште полоша е, а најлош симптом што го имам е слабиот пулс како да умирам, и кога сум под стрес или ќе даплачам ме боли кај штитната, дали беа регулирани бројките преку крв тоа ми е ги имам тие симптоми и покрај терапијата
    Некогаш викам кога и мене ќе ме ставаат на 6 месеви контрола ама вака за во бременост мислам дека почесто треба
    Како на ехото, дали одговара на неделите?
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
     
  11. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    Да до сега беше се океј со бебе,последно ехо одговараше за една недела поголемо.Многу се исплашив цела ноќ не сум спиена..најстрав од секогаш ми било да не ми наследи детето од мене оти јас сум наследила :|Само во Мк бременоста кога ми ја водеа секој месец контроли нормално тука 3 еха на бебе во цела бременост,3 пати испитување на тироидни хормони..јас викам државава по напредна од нашата ама искрено во овој поглед се разочарав..
    На ехо тироидната ми е океј,а при нервоза имам гушење,стегање во вратот и премногу се потам,последниве месеци страшно,нешто од нејзе,нешто од бременоста..
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    А зошто си исплашена? Тоа што е поголемо не е поврзано со тироидната. Три родив јас, ни едно не наследи. Со хипотиреоза сум и хашимото. Башка сите 3 големи ги родив. Првите две ми се до термин и над едното 4400 и другото 3800, а третово 38+1, 3720. И на ехо беа напред.
     
    На Beautymom, nancyyy и Bettina23 им се допаѓа ова.
  13. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    @mariz Не ме плаши тоа што е поголемо,туку тоа што ми е тсх 5 ми е страв да не има недостиг и да не и се развие нејзината тироидна доволно..
    Можеби од што цел живот имам јас мака со тироидната имам толкав страв да не наследи бебе,многу тешко ми беше да прифатам се на мои 10 години..
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.138
    Пол:
    Женски
    Ајде малце смири се, 80% жените во Европа имаат проблеми со тероидната жлезда, не е толку наследно како што е стресот.
    Јас имав 15 ТХС со 2500 антитела и пиев само 50-75мл еуротирокс.
    Во бременоста дури подобри ми беа хормоните, мене во странство на 3м ми ја проверуваа и кога беше на граница(6.03) не ми зголемија доза, рекоа дека ако бебето напредува како што треба нема потреба од толку големи дози на лекови. Цела бременост истерав со таа доза и по раѓањето еве 1.5год уште сум со исто ниво на хормони (последно пред две недели ми беше 4.15) без променета доза.

    Може треба да идеш на второ мислење зошто како што имам читано и прголеми дози на еутирокс може да имаат спротивен ефект па да направиш хипер.

    За бебето не се сеќирај толку, не си правете стресови кои само ја влошуваат ситуацијата. Проблеми со териодната генерално не се наследна болест, се стекнуваат подоцна со начинот на живот и од околината. Иако ти рекле дека си ја наследила од мајка ти, веројатноста е дека е само случајност тоа што и двете имате.

    Значи не знам кочку сте свесни ама секоја втора жена има проблемо со тероидна и 90%од тие жени имаат здрави деца.
     
    На Arababy, Лалина, nancyyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    Знам дека е премногу 225 секој ден..за 10 дена сум на контрола ќе видам како ќе се резултатите,планирам баш да побарам некоја клиника на приватно да отидам за второ мислење..
    Благодарам за секој совет..малку овие денови се осеќам лошо па најверојатно и сама си правам да ми биде и полошо
     
    На Лалина и 1209 им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.138
    Пол:
    Женски
    Хормоните го прават своето и знам дека не е лесно да не мислиш и да пробаш да не си ствараш стрес ама треба.
    Јас дека во бременоста имав и други состојби, тероидната баш на памет не ми паѓаше, си пиев терапија и ниту еднаш не помислив дека може нешто да му биде ради неа.
    Пробај најди си друга окупација и не мисли на тоа, види со приватна клиника, оти стварно тоа е огромна доза и на тие резултати не треба да се занемарува.
     
    На Лалина и Bettina23 им се допаѓа ова.
  17. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Да многу е висока дозата, сега незнам кога штитната е во добра сосотојба, можеби даваат доза на основ тсх, не гледаат фт4 уствсри тоа што го пиеме
     
    На Bettina23 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    И да наследи што да правиме, од мислење и стресови само полошо, јас знам дрка штитната ја добив од стрес затоа ми е криво во живот што самата си правев лошо без да знам, за потење и јас многу се потева, на крај тсх ми беше 0.42 и сега од доење навечер по 3 пижами си менувам од хормоните
    Не се нервирај не ти остана многу, уживај
    Оди на преглед приватно и провери ги потребните не само тсх
     
    На Лалина и Bettina23 им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.138
    Пол:
    Женски
    Потењето е сосем нормално, скоро сите жени го искусуваат после пораѓај, треба околу 6недели да се дојде малце во нормала, ама реално барем јас олеснување осетив дури после добивање менструација.

    Мислам дека многу си бараме симптоми кај што нема, зошто реално дете си родил, доиш и хормоните се хаос, нормално е да се осеќаат еден куп работи и симптоми, не значи дека е од тероидната.
     
    На Лалина, nancyyy и Bettina23 им се допаѓа ова.
  20. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    Девојки а ваше мислење,еве ќе се породам за 2 месеци после тоа смее ли да се намалува дозата пр постепено не наеднаш? После првиот пораѓај си пиев 200мкг 6 години (до нив дојдов во бременоста) и така ми остана,6г си беше во нормала и ми одговараше таа терапија.До сега што ми покачиле,покачиле,не ми намалиле никогаш?