Девојки ме интересира дали tsh може да доведе до недај бог траен стерилитет или неможе да се остани бремена додека не се стабилизира?
Не, има многу теми слични на оваа прочитај, има милион жени со проблем на тиродната а имаат по три деца, многу е важно само да се прима терапијата редовно посебно кога ке останеш бремена
Јас цела бременост и сега пијам по 25 мг. ПТУ тоа е најмалата доза што нема да му штети на плодот и понатаму од кога ќе се породиш. Ич не се грижи, јас имам 11 месеци ќерка, преинтелегентна за месеците. Се е во ред со неа. Само редовно да си одиш на контрола.
Jas samo da vi se javam vo temava. Ja sum hiper posle poragaj so prvoto dete. Piev Thyrozol 7meseci, postepeno namaluvav doza dodeka celosno ne gi prekinav. Godina ipol bev bez nikakvi lekovi, kontrola na sekoi 2-3 meseci. Godina ipol kako ne piev lekovi ostanav bremena. Sega sum 27ma nedela, proveruvam horomoni na sekoi 3 nedeli. Za sega se ok. Dali ke poludat pak posle poragaj ili ne, ke vidime.....
Да, мене на почеток на бременоста, првите месеци ми се зголеми. Ендокринолог ми зголеми доза на еутирокс и се беше во ред.
Здраво, Ве молам за совет.. Бремена сум 31 недела..Денес ги добив резултатите TSH - 7.30 (0.4-4.0) T4 - 156 (58-161) Дали има место за паника, ако може ваши искуства, прв пат испитувам, матичниот не ми даде никаква терапија сега за сега, но на интернет прочитав секакви последици страв ми е за бебе дали влијае нешто..
Во принцип треба да си на терапија. консултирај ендокринолог. Имаше индикација зошто баш во 31 недела правеше? За другите, каде правите испитувања? Јас треба да правам, ама страв ми е да одам во лабораторија.
@Inna.v , Т4 не ти е никаков показател за функција на тироидната жлезда. Треба да испиташ Ft4 и Ft3. Инаку сите бремени жени како напредува бременоста стануваат благо хипотироидни. Tsh вредноста се менува на дневно ниво. Да си проверила во истиот ден за 2 саата ке имаш друга вредност. Мој совет ти е да провериш пак за две недели. Пред проверка убаво наспиена,одморна. И провеги слободни хормони, значи Ft3 i Ft4.
И јас мислам дека треба да идеш на ендокринолог па и да е на приватно. Јас кога останав бремена не знаев дека имам проблем со тироидната, и при испитувања што се прават ми излезе мене многу високо Т4, тоа беше одма таа недела кога дознав дека сум бремена во 6тата недела. Одма бев на ендокринолог и ми препиша терапија, апчињата не влијаат лошо врз плодот, но сепак имав спонтан абортус во 9тата недела, сите викаат дека нема врска со тироидната, дека е природна селекција, немој да ме сфатиш погрешно, само кажувам мое искуство и мое мислење.
Тироидната има голема врска, јас имав абортус и предвреме раѓање поради неа...контрлирајте ја никако над 2тсх
Да од тогаш нон стоп пијам еуторикс и одам на контрола .... Мене ми беше 442 а требаше до 60(овде во странство се тие мерки, знам дека таму е малку по друго) кога прв пат направив испитување во бременоста, после се намали, но можеби беше доцна кога дознав и за жал се случи тоа.