Здраво девојки ,имам прашање. Имам 31 година, и имам едно родено дете пред 4 години, природно зачнато. Пред 6 месеци останав бремена, но имав спонтан. После еден месец повторно останав бремена и за жал повторно спонтан. Испитав тромбофилија имам некои мутации хетерозиготи, сакав да испитам и хормони и резултатот излезе со тсх 4.45 а нормално е до 5. Никогаш не сум имала проблем со тироидната, сега сум премногу исплашена.. Секако ќе одам на нуклеарна ама ме интересира дали ако ми дадат терапија прво треба да ја донесам во граници на нормала па потоа повторно да пробувам за бременост? Благодарам
За бременост е идеално Тсх од 1-2, ќе ти дадат терапија веројатно, но не се грижи брзо ќе се врати во вредностите минимално ти е покачено Тсх
На терапија еутирокс, секој месец проверував ft4 и TSH (со третата бременост). На 2,3 пати ми качија доза, па мислам веќе 4ти месец на третото покачување ми остана таа доза до крај.