И јас бев кај него, посебно е внимателен со трудници. Сигурно за брзо си на контрола па прашај го подетално. Јас одев на 4 недели.
Го делам твоето мислење и мислам дека мислењето на гинеколог дека 2.9 е високо и дека треба да го сменам докторот не е во ред. Но тоа е ќе проверам пак за 2 недели и ќе се консултирам со др. Синиша.
Верувај му и терај кај Синиша. Тсх во бременост се покачува, но ти пиеш терапија и од неа нема да ти се покачува кој знае колку. Не може тсх да се "направи" рамно 2. А нема ни потреба да е под 2. 2.9 е сосема ок резз за трудница на почеток од бременоста. Ќе го испиташ пак за 2 недели, ако расте над 4 дури тогаш ќе ти појачат терапија. И друго, Тсх варира во текот на денот. Ако сега ти е 2.9 за два часа малку да се изнервираш пример може да рипне на 3 и нешто. Затоа на вредност блиска до нормала Не се одма дава/појачува терапија. Пак ќе ти кажам, терај си кај Синиша. Јас сум без тироидна и кај мене тсх е 0. Во бременоста ми скокаше и до 0.9 па не ми јачаа терапија нон стоп.
Дали примаш терапија? Не се плаши и не се нервирај, не и треба нервоза на тироидната. Ако примаш консултирај се со ендокринолог да ти покачи терапија, ако не примаш ќе ти препише. Тсх има тенденција да расте во бременост, не се секирај, само смирено.
Еутирокс? Ти треба повисока доза сигурно, не може да не делуваат. Јави се на лекар и ќе ти ја зголеми дозата.
Можеби не поминало доволно време за да делува терапијата,можеби ти е потребна поголема доза...кој месец си? Сепак ние може само да погодуваме,мора лекар да те следи
Neznam dali da odam vednas kaj maticniot ginekolog posto toj mi rece ko bef posledno se gledame posle 15 april ili da odam pred 15
Пак јас Дали по зголемена терапија треба да има подобрување од новата терапија за 2 недели или сепак бар месец дена треба да помине? Мислам, јасно дека никој не е од нас ендокринолог да ми каже точно но ете од искуство, а јас прашувам бидејки пред 2 недели кога испитав тсх и ми беше 2 и малку ја зголемивме дозата,( сабота и недела почнав да земам 25мг поголема доза од претходно) после 2 недели тсх ми беше 3.01(наместо да намали се накачи) но докторката ми вика да почекам уште 2 недели и пак да проверам па да даде насока дали зголемуваме, бидејки рано било да делува, а скоро дел од вас читам дека одат на испитувања на 2 недели и на 2 недели менуваат терапија доколку има потреба нели.. Некако 3 веке е висока вредност и искрено ми е страф да чекам уште 2 недели да не напраам беља, па ве молам ете за коментар. Јас искрено пре би зголемила доза отколку да ризикувам, незнам Иначе сум 9 недела и со 2 спонтани пред оваа
Јас сум со 2.9 и не ја променив дозата. 7 недела сум, здравје понеделник ке проверам. 2 недели немам проверено. И јас имав спонтан претходно.
Мене во 5 та недела ми беше 2.8 и не ми кажа да зголемам доза,дури и ми закажа контрола за 6 недели, ова на ендокринологија. Во меѓувреме прележав ковид,па планирам поскоро од тоа да проверам фт4,фт3 и тсх. Инаку, битно е фт4 кој е означува ниво на тироксин во крвта,кој го суплементираме со еутирокс. А исто така и фт3,кој покажува колку од тироксинот искористуваме. Мојава последна докторка не ми го ни провери Докторите не треба само тсх да гледаат!
Devojki tsh to pred 10 dena mi bese 1.90. Sega go proveriv povtorno i e 5.14. Pred dve nedeli pravev invitro i po betata e najverojatno uspesno. Imam hasimoto i primav terapija eutirox pet dena 100 i dva dena 125. Se slusnav so endokrinologot i mi ja zgolemi na tri dena 100 i cetiri dena 125. Nekoja dali ima iskustvo so tolku brzo da porasne tsh. Mnogu mi e strav da ne mi napravi problem nekako mnogu malce mi ja zgolemi terapijata.