Не би знаела со сигурност да ти кажам , знам само докторите сакаат да го држат оптимално околу 2.5 , ако има некој поискусен нека ме поправи. Од колку мг еутирокс пиеш? Сега јас не сум бремена се обидуваме да забременам и затоа докторката сакаше да го намали уште ТСХ ,али после еден месец бев кај Др.Смоковски на клиника и он ги виде резултатите после месец дена со терапијата од 125 за викенд и ми кажа да продолжам само со 100мг секој ден дека тоа е доволно за мојата тежина. Незнаев дека е заради терапијата али изгледа ТСХ нагло падна и мене почна нагло да ми се тресе телото, да ми пречи кафе , чуден метален вкус имав во устата и мириси ми сметаа многу.
Добро е, полошо е да е повисоко. Идеално е да е од 1-2 во целата бременост. Може малце да ти намалат терапија и супер ќе бидеш.
Нема зашто да си правиш филмови , само редовни контроли и се ќе биде во ред и никако не прекинувај терапија.
За утеха и јас сум ко тебе не си сама првин 3 ми беше па со еуторикс од 0.25 за еден месец 2.5 ми е тсх па се плашев дан ми се качи па другиот месец ми беше 1.89 сеа пак се плашам дан ми се спушти многу и така рат чоек да не може да биди.
@Bella_Stella @Suze18992 не сум под терапија, ама проверувам тсх и фт4 еднаш месечно зашто еднаш фт4 ми беше минимално испод граница. А тсх константо ми е малку испод 1,ова за прв пат 0.76
Ja luge veruvajte deka se mrdnaf od umot so ova tiroidna i sve na stravot se desvit nemozam dase izrelaksiram vo bremenosta od taja tiroidna
Си барате проблеми кај што ги нема. Зошто да се мрднеш, зошто да креваш паники и да не уживаш во бременоста? Не сфаќам. Ни си прва, ниту пак ќе бидеш последна што има дисфункција на тироидна и пие терапија. Се раѓаат живи и здрави деца и се живее нормално со таа состојба. Едуцирајте се малце, барем сега кога сѐ е достапно на интернет.
Здраво, подолго време се обидуваме за бременост па некој да каже искуство тсх ми е 3.25, Фт4 нормалнo, а антителата ми се покачени, ендокринологот ми рече антителата немаат врска за забременување само селен да пијам, а гинекологот ми вика имаат врска и тсх требало да биде меѓу 1-2. Некој со слично искуство ?
Да треба да пиеш еутирокс за да се намали тсх, тоа е најбитно, а за антителата не сум сигурна. Оди на патофизиологија на преглед или гинекологот нека ти препише терапија.
Мене ми беше тсх 3 3 и нешто ми се движеше и прво не сакав да примам терапија ама почнав со еуторикс од 0.25 и само што почнав уште првиот пат останав бремена дали беше од терапијата дали така требало да биде и се спремав за инвитро ама останав бремена колку што знам тсх треба да се движи најмногу до 2.5 но за ова најдобро е да се консултираш со ендокринолог некој дава терапија некој не јас неколку месеци пред терапија испитував тсх и секој месец ми беше 3 никако не ми се спушташе и докторката ми рече ќе ти дадам терапија најмала доза пошто и се спремав и за инвитро и колку што читав тсх не треба да е високо и во бременост заради ризик од спонтан и си реков ќе ја пијам терапијата.
Колку ти се покачени антителата, и дали ја знаеш причината што се покачиле. Да не си имала некој поголем стрес, мене ми беа покачени после спонтан но беа 1200 со 800 не знам точно колку беше анти тпг и анти тпо мислам беа. И бев на патофиза еве веќе 2 години сум на еутирокс и бремена со ин витро. Оди на патофиза најдобро ќе ти кажат.
Консултирај си ендокринолог за терапија. Јас првиот месец кога почнав терапија за да намалам тсх веднаш останав бремена.
Со покачени антитела Тсх би требало да варира, така беше кај мене. Треба да се следат и другите симптоми и уште еднаш да се проверат тироидните хормони, за да се постави точна дијагноза. Не знам каков е тој ендокринолог, ама покачени антитела обично се знак на Хашимото, а тоа треба да се третира со терапија.
^Јас сум хипо-хашимото и бремена. И не, антителата не се третираат со терапија,не давајте совети кога не знаете. Терапија за хипотиреодизам е Еутирокс,што всушност е тироксин, кој во нашата крв се испитува преку параметар ФТ4. Е сега, проблемот е што скоро сите ендокринолози кај нас за жал се т.н. "тсх" доктори, и дозирање на тироксин препишуваат гледајќи го само ТСХ (тиреостимулирачки хормон) .Оваа спрега е неминовно поврзана, при намалена функција жлездата лачи помалку тироксин, тиреостимулирачкиот хормон расне за да ја стимулира да лачи повеќе,и кога нема да може му додаваме на организмот вештачки тироксин за да има оптимално ниво, следено преку ФТ4. Исто е многу битно ФТ3,а тоа никој не го ни спомнува,абе катастрофа сме... Антитела може да се спуштат со промена на исхрана,стил на живот и суплементи затоа што најголем дел на хашимото пациенти имаат синдром на пропустливи црева и не апсорбираат доволно нутритиенти од храната ама кој да ни каже... До сега сите ми велеа тоа ти е, не се намалуваат Анти ТПО. Инаку во трет месец од бременоста ми се намалија десеткратно.. ми останува дилемата дали е заради севкупната различна хормонална состојба или ми е од јодот кој го содржат пренаталниве капсули. И за крај една небулоза од др.Ангелина од нуклеарна- навидно причината за мојов проблем со жлездата првично бил јодот кој го содржеле премама што ги пиев во првата бременост
Баш ме интересира на што се темели твојата констатација дека даваме совети, а не знаеме. Не си единствена што има проблем со тироидна и што малку читнала и се едуцирала како да го третира. И јас сум хипо/хашимото и верувај ништо не зборам на памет. Откако сум дијагностицирана многу време посветив на едукација на темава и запознаена сум со сѐ што треба да бидам. Забременив откако почнав со терапија препишана од доктор на кој и те како му верувам. Ако ти си немала ‘среќа’ да бидеш под надзор на доволно стручен доктор тоа е лично твој проблем и не можеш сите доктори да ги етикетираш според лично искуство. А сѐ ова што погоре го ‘појасни’, секој може да си го прочита и на google.
Еве конкретно на ова мислев. Не постои терапија за хашимото. Постои за хипо/хипер. Најчедто хипо се хашимото,но немора да значи,ниту пак сите хашимото јавуваат намалена функција на жлездата,туку само се создаваат антитела кои ја разоруваат. Те молам ако е најден лек за хашимото и наш доктор го ординира,дај сподели па многу да се излекуваат и да го благословуваат!