Извини но потполно се согласувам со @Bella_Stella. И јас бев хипо хашимото и одам кај доктор Синиша на патофиза, секогаш проверува и фт3 и фт4 и антитела. За антителата примав селен и за тсх еутирокс. Сега сум 5 месец бремена со тсх во нормала секако со терапијата,а и антителата ми се вратија во нормала. Значи потребно е да си најдете доктор кој е доволно стручен и посветен на пациентот.
Дали се намалуваат антителата? Јас лак два доктори што сум била ми рекоа дека бројката нивна останува иста. И примам само Еутирокс.
Се намалуваат ми беа 1200 со 800 сега ми се во нормала. Само терапија за тсх примам и селен но искрено не се сеќавам од колку. Провери ги по 2-3 месеци и ќе видиш, избегнувај само бел леб и тестенини(глутен) барем намали малку.
Па извини истото го кажав. Антитела се спуштаат со суплементи,исхрана и режим, ама НЕМА терапија за антитела,затоа што селенот е суплемент не е лекарство. Исто пишав и кај мене се спуштија сега во бременоста,може е од пренаталните суплементи или од хормоналната спрега.
Добро бе девојче те сфативме. Се фати за еден мој збор и цело предавање одржа за Тироидната. Мислам дека и повеќе од јасно е дека сите што имаме одреден проблем на темава, доволно сме се потрудиле да истражиме и да се едуцираме што како функционира, пред сѐ за наше здравје се работи. Нема потреба да се докажуваме кој знае повеќе. Крај краева секој нека си тера како што мисли дека е најдобро. Поздрав.
Ти се пронајде во мојот прв коментар,а не беше ни тагирана.. Се залагам за ширење на вистинити факти затоа што отпосле уште три членки пишале за антитела снижување... Тоа е вечна и болна тема особено на паталци како мене, три години ми беа десеткратно покачени и све и свашта имам пробано да ги намалам, од бразилски ореви,па селен во таблети,безглутенска исхрана,вежбање,диета... Во меѓувреме тсх,фт4,фт3 оптимални,затоа не треба да мешаме појмови, темата не е безазлена па да шириме информации како со еутирокс сме намалиле антитпо... Ви посакувам добро здравје на сите,а на оние што сакаат повеќе да се задлабочат им ја препорачувам фб групата Stitnjaca moj tihi neprijatelj. Исто така постои копче игнорирај, па стиснете го тоа и не ме читајте
Секаде каде што сум била за забременување ми викале дека TSH мора да е во ранг 1-2. Твоите резултати се малку повисоки, јас би идела и кај друг доктор за консултација. 10 ми е преголема вредност за забременување и одржување бременост. Во двете бремености одев на чести контроли месец-два зависи од резултатите и терапијата, ама секогаш го одржував TSH да е во оптимални граници.
Мене тсх 3 ми беше и на крај терапија ми дадоја и секој месец на контрола некогаш и два пати во месецот и пак ми е страв дан ми е повеќе од 2.5 не па со тсх 10 никаква терапија под хитно на друго место со тироидна нема зафрканција а многу примери знам што не се замараат со тироидна а треба.
И мене докторот што ме води за тсх ми рече да биде до 2.5максимум,а мене секогаш 3.5-4,сега земам минимална доза на еуторикс и последниве 3месеци не достигнал повеке од 2.1.
Тука ќе те цитирам, тука прашај, ќе ти одговори некој, до тогаш провери на лупата горе да не имал некој слична ситуација.
Здраво девојки, Цитирана бев пред малку па да подобјаснам. На 17.06 имав тсх - 0.1, фт3 - 4.68 и фт4 - 13 на терапија пту 3X50. Иначе се лекувам кај доктор Синиша. Истиот ден доктотот ми ја намали терапијата на 2x50 иако тсх беше 0.1 бидејќи смета дека битни се другите 2 хормони и исто така со тие резултати ми даде зелено светло за забременување. Веројатно не мислеше дека одма ке се деси, но после 2-3 недели имав позитивен тест и бхцг 146 ( пред 3 дена ). Докторот е на одмор до септември. Јас сум во невидена паника. На моја иницијатива вчера правев пак хормони и резултатите се следни: тсх - 0.06, фт3 - 6.06 и фт4 - 12.89. Му ги пратив резултатите на вибер и иако има намалување на тсх поради промената на терапијата од 3x50 na 2x50, сепак докторот ми пиша да продолжам со иста терапија од 2×50 ( веројатно тсх уште повеќе ке падне, а можни се промени и кај другите 2 хормони ). Ме интересира дали има некоја девојка со слични вредности на хормони и како се носи со бременоста? Кои се ризиците со ваков тсх - 0? Кои се ризиците за бебето?
Јас имам хипо/хашимото, немам искуство со хипер. Ама мислам дека природно Тсх расте во бременост и затоа ти е оставена истата доза од претходно. Јас во бременоста ја проверував секој месец и зависно од резултатот ми беше регулирана терапијата. Најдобро е да одиш на уште едно мислење за да се смириш, не ти треба паника сега. Ако можеш ти ја препорачувам др.Стефанка во Ремедика.
@Bella_Stella Kога ја дознав дијагнозата се лекував кај Стефанка. И ми утна многу во лекувањето. Од 0 тсх на 138 ми го донесе рaди прејака терапија. Искрено за хипо ја фалат многу ама кај мене не се покажа воопшто, дури многу се исплаши па ме праќаше кај Пемовска и кај кардиолог.
Уф жал ми е што имаш негативно искуство. Мене ме води од прв ден и сум ептен задоволна, цело време ја држиме тироидната под контрола. Тогаш да пробаш во Систина кај др. Црцарева? И за неа сум слушала позитивни искуства.
So kolkavo tsh ostanavte bremena? Mene mi e 3.25 ne primam terapija mi rekoa terapija ako e nad 10tsh, samo antitelata mi se pokaceni 98 megutoa mi rekoa tie ne bile precka za zabremenuvanje da pijam samo selen