Титаник:Крв и челик е серија составена од 20 епизоди каде е прикажано градењето на легендарниот брод РМС "Титаник".Во серијата не само шо е опишана изградбата на Титаник, туку и во целост е прикажана борбата на работниците за своите права.Серијата се емитува на Фокс Лајф секоја сабота и недела од 20 часот.Дали некоја од феминките ја гледа серијава и какви впечатоци ви има оставено?Мене искрено ми се допадна.
убава серија е неколку пати сум ја фатила ама повеке ја гледам заради глумецот Kevin Zegers ауу каков е ( дека сме во исти ден родени затоа ) ххх
А торент има ли некаде од серијава? Барав на замунда, ама нема... А на Сител не сакам да ја гледам затоа што ќе биде синхронизирана.
Па изградбата е главна тематика, но како шо имам пишано погоре прикажана е и борбата на работниците за нивните права, има романса малку и така. Ептен ми се бендиса мене серијава, ама по темава се гледа дека мала гледаност имала на форумов Еве ти линкче за симнување http://kickass.to/titanic-blood-and-ste ... 47630.html Јас кога видов дека ќе ја даваат на Сител си реков супер, пак ќе си ја изгледам, ама се откажав од таа намера кога видов дека е синхронизирана на Македонски...
Вреди серијава да се гледа? ЈАс не можам да поднесам со синхронизација па не ни погледнав ама сакам вакви историски серии.
Баш ја гледав вечерва првата епизода, остај што е синхронизирано туку и не ме воодушеви нешто. Можеби дека сум навикната на онаа верзија со Кејт и Леонардо не знам ама како што ми изгледа нема да и дадам втора шанса на серијава .
Јас ја симнав целата серија, само проблем ми е што нема англиски преводи за сите епизоди, а ирскиот акцент во серијава не го разбирам целосно. Стигнав до 7 епизода, и ептен ми се допаѓа концептот. Можеме од друга страна да ја видиме приказната за најголемиот брод. И не е дека се работи само за изградбата на Титаник, има и многу други покомплексни прашања кои се појавуваат во серијата. Затоа и ме привлече да ја следам. Ја препорачувам на сите да ја гледате.
Јас кога почне серијата, ја ставам на mute и само го гледам убавецот Кој поглед, која насмевка ... Yupp I'm in love