Не видов тема за оригиналниот Титаник со Леонардо Ди Каприо и Кејт Винслет.Кога ќе се спомене филм веднаш асоцира на Титаник.Најпопуларен филм на сите времиња Спојлер
Факт е дека е легендарен љубовен филм кој нема кој не го гледал и не заплакал на крајот.Сум го гледала 2-3 пати и ми се допадна,би го гледала повторно.Ми се насолзија очите кога умре Џејк.Ме разнежни сцената кога стоеа на бродот и во позадина My Heart Will Go On. Но не ми остави толку силен впечаток,да ме фасцинира или маѓепса.Да го ставам како број еден филм,далеку подобри филмови имало и ќе има.Не е Титаник поим за филм.Секако дека го сметам за еден од поквалитетно направените филмови но како што кажав,не е филм над филмовите како што многупати е прикажуван. За глумата на Леонардо Дикаприо само пофални зборови,требаше да грабне оскар за оваа улога.Сеуште не ми е јасно зошто не добил.Кејт Винслет беше исто одлична,но Лео беше за нијанса подобар. Е сега чудете ми се колку сакате но јас нив не ги гледам како совршен пар.Лео ми е некако многу младолик овде а Кејт поозбилна фаца.Имаат хемија но некако мислам дека некоја друга актерка би ми била посовршена за него.Само мое мислење.
Их филмов кој го нема гледано. Знам јас филмов на видео касета дури го имав. Мене ми се допаѓа филмов и мислам дека и никогаш нема да ми здосади и секогаш ме расплакува крајниот дел кога Џејк умира. Но, имало и ќе има подобри филмови и од овој како и да е.
Еден од најдобрите филмови, едноставно „се вовлекува под кожа“ и не е можно да не заплачеш..Толку емоции, љубов, а сепак во голема доза авантура и напнатост.Одлично нешто навистина!
Јас можам пак да го гледам, иако од 1997 па навака сигурно 5 пати го имам гледано. И тогаш, како мало девојче, поинаку сум ги гледала работите. Сега веројатно ќе е поинаку. Не е битно, филмов направи boom, сите го изгледале, сите пуштиле солзи, сите се наежиле и сочуствувале со приказната и несреќата. Досаден - не може таква оценка да му се даде на филмов.
Па кој го нема гледано филмов? Мене првиот пат ептен ме потресе. Многу тажна приказна. Колку пати и да го гледам нема да ми стане досаден. Супер пар ми се Џек и Роуз.
Секој пат кога ќе го гледам плачам. Еднаш го имам гледано 3 пати во ист ден, едно по друго. Не знам дали поради тоа што само тој филм го имавме дома, стварно ми беше интересен или љубовта према ди Каприо.
Филмов не знам kолку пати го изгледав но секогаш успева да ме натажи на крајот и ако имам време повторно би го гледала.
Го имам гледано два пати, еднаш како помалечка и тогаш не ми оставил многу впечаток и го иамв заборавена и пак го гледав пред неколку години. Е вториот пат кога го гледав плачев на крајната сцена, никако не ми беше јасно зошто не се качи и тој да преживее и многу ми беше мака. Се согласувам дека не се некој пар, Кејт некако е ко повозрасна...
Роуз* да не мислиш? Иначе се сложувам со тебе. И мене ми беше многу тажна сцената кога Џек не се качи. Стварно не ми беше јасно зошто. Како и да е, многу тажна приказна, плачев.
Филмот е прекрасен колку пати да го гледам не ми е досаден..Го обожавам А вториот дел од Титаник ми е глупост на кубен не на квадрат!!!
Он проба да се качи на вратата, ама видоа дека неможе да ги издржи двајцата (во тој случај и двајцата ќе настрадаа) и знаеш што се случи понатаму...
Филмот не е наменет или направен со цел да биде интересен, туку да пренесе историски момент во кој умреа еден куп луѓе, плус љубовна приказна која е додадена, се` останато така и се случило. Јас Кејт од прво гледање не ја засакав којзнае колку, ама па ниту филмот го примив како што треба, малечка бев. Ама денес си ги обожавам и двајцата.