ке може некој да ми го раскаже филмот во кратки црти? ве молам итно ми треба за утре за во училиште да го презентирам а немав време да го гледам имав мн за учење...плис!!!
Легендарен љубовен филм,мислам дека нема кој не го гледал и не заплакал на крајот.Филмот мислам дека повеќе ја доби својата популарност заради витинската приказна која го обиколи светот а и глумецот Леонардо. Второ,со тек на времето тој мислам дека влезе во филмовите кои ќе останат засекогаш и ќе нема генерација која не го гледала.
еден од најдобрите филмови и овој филм нема време....секогаш ке биде на листата на најдобри филмови...
Тој е првиот филм на кој имам палчено. Моментот кога пола брод е на потонување + тажната песна , плачам како да ќе одам заб да ми вадат.
Мојот омилен филм.Прв пат кога бев во кино го гледав токму овој филм(98 или 99 година,не сум точно сигурна) и од тогаш го имам гледано уште 20 пати Го сакам бидејки ме враќа во тоа некое време кога бев малечка
Многу убав филм, го имам гледано некоку пати и никојпат не ми е здодевно.. и би гледала, гледала, и гладалаа..
Втор на мојата листа на омилени! Колку саботни вечери сум пропуштила за да го гледам! Јас, телевизорот, салфетките, и пуканките! Еден од ретките филмови на кој без промашај си приплакнувам како разжалостена вдовица. Омилена сцена: кога Роуз игра и се крева на прсти. Како малечка мислев и јас можам така, па редовно си пробував. А да! На сцената во кочијата гледав „скришно“, џанам срамота беше Спојлер Фасцинирана сум од бродот и од фактот што изборот на неквалитетни штрафчиња го доведе во пропаст.
Безвременски филм. За 20години пак ќе ме остави без зборови. Преубава приказна, квалитетни глумци, костимографија, буквално во се е вложено. Го гледав скоро и на 3Д и по којзнае кој пат се наежив на истите сцени. Спојлер
Преубав филм еден школски мој велеше секогаш кога и да го гледал филмов се отепувал од смеење додека сите други плачат
Мислам дека ова е еден од најубавите филмови воопшо направени. Од една прекрасна романса на крај такво превртување на настани, многу ми се допадна на мене. Го имам гледано околу 5 пати но нема да ми смета да го гледам повторно.