Изгледа јас сум единствената на која што не и се допаѓа филмов. Само еднаш го имам гледано (по наговор на моај другарка) и не ми се допадна. Не ми остави никаков впечаток.
Супер филм, само на крајот е забегано што на сплавот уствари имаше место и за Џек, барем да го направеле потесен ќе имаше смисла.
Го имам гледано милиони пати, и да,како созревам секој пат се повеќе допира до мене филмов,го гледам плачејќи,особено знаејќи дека скоро цело сценарио всушност се случило некогаш навистина.
Не сум сигурна што да напишам, можеби ако го гледам по втор пат поинаку ќе го доживеам, но овој филм според мене се обидувал да ја улови публиката на емоции (манипулација) за што е искористен познат немил настан и бев разочарана кога го погледнав. Мислам дека ништо не ми фати око освен фустаните кои ги носеше Кејт. Повеќе ми се допадна еден телевизиски филм за потонувањето на Титаник во два дела.
Се премислив за Титаник, убав е филмот. Кога бев дете го гледав еднаш, го начекав на ТВ и тогаш ми беше тажен и затоа не ми се допадна, ама толку сум го разбрала на тие години. Пред некое време го репризирав и ми се смени перцепцијата. Не е најдобар на сите времиња или нешто такво, има многу нереални сцени, но би го гледала и трет пат. Cепак Терминатор му е најдобар на Џејмс Камерон. И Осмиот патник 2. А Титаник е во топ 3, секако. Кејт Винслет како го изглуми шармот на 17-годишно девојче, секоја чест.