Ја прати некој серијава или слабо? Утре крај на 1 сезона, ќе биде весело.. Сум се наежила на сцената со Еџевит и Аху..Ај ги разбирам дека Билал му е како брат ама што кога Аху не го сака, не може само ради грижа на совест да биде со него и башка и тројцата патат.. Овој Газамфер па 100 животи има бреееј,нека цркне веќе! Поодвратно суштество од Ирфан нема!Како ја доловува улогата алал да му е, баш чиста одбивност.. При самата помисла како ги тортурирал ми се гади, нека му го скратат болниот ум веќе еднаш! Гад
Ирфан е одличен глумец, мора да признаам. Многу добро доловена улога, чиниш таква манијачина одвратна е и у вистински живот. Ја пратам чат-пат серијава, ја забаталив едно време пошо све едно те исто се вртеше во круг, мислам дека би требало да биде филм со 2-3 продолженија. Не ми беше причата материјал баш за серија, нема толку содржина. Мене па многу посладок пар ми се Ибо и Ѓултен од Аху и Еџевит. А за изглед (колку и да му ја презирам улогата и ликот).... мора да признаам дека ми е Газанфер.
Дада Газамфер е лепотан Инаку заврши 1 сезона и не ја продолжија , а баш најинтересното и крајот да видиме како ќе се одмаздат не го прикажуваат.. Да не знае некој каде може да ја гледам 2 сезона со превод ? Спојлер Крајот ми беше мнг интересен, како го зафркнаа Ирфан, браво, алал да му е на Еџевит, сега нека скапе у затвор !!
Налетав на книгата од Лоренцо,која е прејака,па после и на серијава,немав појма дека лепотанот Мурат глумел,па и ја давале на Канал 5. Започнав да ја гледам,до 2 епизода сум сеуште,ама навистина ветува многу,болна и потресителна приказна. Се прашувам како завршила(очекувам несреќно),ама овојпат нема да се брзам,ќе гледам по ред,не читам спојлери. Мурат е ненормално талентиран глумец,само не знам дали до фризурата ли костумите,стварно го прават стар да изгледа,а чоекот само 36 години.И во Аси така беше,и во Љубов и Казна. Во онаа новата од 2016,баш е прекрасен,со брадичка младолик,ама глупа му е партнерката и серијата ич не ми се допаѓа.
@Marossa би те замолила да ми пишеш кога ќе ја изгледаш цела серија, многу ме интересира што се случува понатаму и како завршува. Од турските што сум ги гледала оваа е една од подобрите, многу потресителна приказна и баш ми е криво што ја прекинаа кај нас.