1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тијана Дапчевиќ ќе нè претставува на Евровизија 2014

Дискусија во 'Музика' започната од MissMary, 28 август 2013.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Делумно си во право но еве моето мислење е дека сеуште има квалитетни пејач/ки или групи што немале можност да не претстават (и себеси ) во вистинско светло.Мислам дека треба да се гледа на ова како на некој убав настан ,спектакл од светски размери а не како на конкуренција за победник.Доволно е промоцијата и афирмацијата што би ја направиле за НАС Македонците (под услов да не пејат на англиски ).Многу мизерно е кога се потценуваме со дел на англиски дел на Македонски испеана песна .Не им ја гледам целта што настапуваат со англиска верзија на евровизија ...Конкретно за Тијана ,е доволно спектакуларна (знае да се снајде ) на сцената и мислам дека ке остави убав впечаток.Ако земем во предив дека е музички образована (а не само има добар глас :fubar: ) ја има подршката од многумина во Македонија што имаат свое ЈАС за критика .
     
  2. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ич не ми е јасно зошто одиме на Евровизија,требаше да се откажеме.
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Да, убав е настанот не викам не, но џабе потрошени пари се. И кога ќе видиш дека воопшто не е фер, се разочаруваш и убавината поминува.
    Веќе не е квалитетна Евровизијата како што беше.
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Вчера кажаа на МТВ на 22 февруари Тијана ќе ни го испее песничето ;)
    ајт да видиме....
     
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Јас не сум баш запознаена со кариерата и гласовните можности на Тијана ама ја гледав пред некој ден во Еден на еден и така малце негативен впечаток ми остави, некако многу ми се пренамагаше и ми глуми некоја патриотка а нема ни една песна на македонски снимено, барем колку што знам јас.
    Според мене песна за евросонг треба да се бира на традиционален начин со фестивал, па публиката да избере песна. И искрено незнам зошто овие колку-толку докажаниве пеачи се тепаат за тоа кој да оди на евросонг, според мене тоа е нешто многу подобро за дебитанти, за нив е можност да се промовираат.
    Од друга страна пак кај нас фестивалите секогаш се наместени така да што се однесува до мене можеме комотно да се откажеме од оваа глупост. Евровизијата веќе одамна не е тоа што беше и е само едно очајно шоу за кое само ние Балканците се палиме ко луди.
     
  6. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Најубаво да си се откажеме, и тие пари што ќе се дадат за целото тоа шоу, да се дадат во хуманитарни цели.
    Доста е со вакви глупости, кои се темелат на политички добри меѓународни односи.
    Уште сега знам која земја колку поени ќе даде на другата.
     
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Кој беше последниот хит на Тијана? Кога последен пат снимила песна на македонски? Почитувам дека е образован музичар и се` по ред, ама за да ја претставуваш Македонија на Евровизија треба да имаш пар популарни песни на македонски, не?

    Ја гледав пред некој ден на Опуштено, се кладеа со Тони дека ќе сме освоеле барем петто место :^) Добро е да си самоуверен, но во последно време ми е премногу try-hard и арогантна. Пееше неколку песни и звучи многу просечно. Гласовните способности не се најважни за на Евровизија, но ме интересира со што друго ќе се покаже, ако не со гласот. Претпоставувам дека Копров ќе ја пишува песната, па горе-долу знам што не` очекува. Интересна појава е, но дали ќе биде доволно интересна за да заземе некое од првите пет места не сум сигурна.

    Не дека ако јас се прашував ќе испратев некој друг, немам поим кој би го пратила. Не дека ако пратиме некој друг ќе се пласираме многу подобро. Ама знам кој догодина ќе оди, Кајмакоски :lol:
     
    На Elennaa и manja666 им се допаѓа ова.
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    9.030
    Кој уште верува во овие циркуси? - Никој!
    За да не си извалкаат образ,остана само основачите и лижачите т.е таквите како нас.
    Ако веќе сакаат сите да ја сочуваат традицијата и културата,нека се прави на поскромен начин.А не да се расфрлаат купишта пари за сали мали,стилисти,забави,гнетење и.т.н.
    Се изиграваат со народот :puke:
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    аии од кога се знаело дека Тијана ќе ни биде претставник, јас скоро разбрав. Нема везе..
    Како бе тоа имаат став да не сме учевствувале на евровизија :worried: Била политизирана...па што ако сите на комшиите им даваат поени, сепак реално никој нема по 10 комшии и врти-сучи ќе се дадат поените и на други земји. На евровизија не се оди само за да се учевствува или победи, се оди за да се промовира и земјата од каде учесникот доаѓа, ако не друго, доста е и барем кога во најава ќе го спомнат името на земјата. Држави кои не се ни во Европа учествуваат (е тоа ме иритира мене многу), а сега пак тие на кои местото им е таму да се откажат. Не иде некако..
    Во однос на избор на претставник: Тијана е сосема солидна пејачка, мислам дека има некаква различитост од останатите од естрадата, (ајде да речеме дека има ѕвезда), харизматична е, забавна, позитивна - доста предиспозиции за достојно да не претстави. Нема врска што е мажена и живее во Србија, (таа е македонка) и тоа што имала песни на српски, па и Тоше имаше ама тоа не пречеше |( сите вени сечеа за него.
     
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мене само едно ме интересира, сите вие што ја поддржувате Тијана како наш претставник ќе ве замолам да ми кажете само една песна нејзина на македонски. Јас навистина не и ја следам кариерата ама се си мислам дека нема снимено ништо на македонски.
    Ја гледав пред некој ден на една емисија, вика дека почнала да гради кариера у Србија затоа што никој не ја поддржувал во Македонија. Епа зошто тогаш правеше концерт во Скопје пред некоја година колку што се сеќавам?
    Кажи си сестро слатка дека ни таму кај што отиде не те фермаат ни 2%, неможе ни дискотека да наполни во Србија а не пак концерти да прави. И секако после тоа со подвиткана опашка се враќа дома за да си ја претставува љубената си земја на евросонг.
    Мене ми е антипатична и лицемерна, и на неа и на сестра и единствена цел им беше да си направат кариера во обожаваната ни соседна земја само што не успеаја па сега пробуваат нешто тука кај нас.
    Јас не ја чувствувам како Македонка Тијана без разлика што е, откако знам за неа живее и пее во Србија, си нема никаква допирна точка со нашава естрада, мене ми е исто ко странец некој да ќе не претставува.
    Ама од друга страна пак и така нема да гледам, така да сеедно ми е.
     
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Не и ја пратам кариерата ни јас само знам дека едно време порано исто се натпреваруваше за учество на Евровизија, па еве ја побараав таа една песна што неколку феминки прочитав дека ја бараат: https://www.youtube.com/watch?v=1-P0EeHL8mA

    Друга работа, :!: жената е мажена со Србија не знам како очекувате да пее на мк естрада кога не живее тука. Може еден ден и јас ќе се мажам лапонија и пошо сум глумица, ќе ме има на тамошни реклами со дедо мраз. Тоа важи за сите..професорка која живее во друга земја ќе си работи во таа кај што живее, нема да дојде сигурно во мк да држи часови и да се враќа назад (и да, ќе предава на тој јазик на кој зборуваат во таа земја со цел да си ја заработи својата плата, зашо на мајчин македонски тешко дека некој би ја разбрал).
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не верувам дека нешто ќе направи,ама и стегаме палци :D
    Taња ми е антипатична и никогаш не сум ја сакала така да не сум баш задовлна :P
     
  14. simzz

    simzz Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    2
    Конечно нешто добро за на евровизија :)
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Песната баш е супер.Тијана може да парира со останатите учесници.
    Само жал ми е што како секоја година,и оваа се гледа исходот.
    Се е политика.. :x
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.503
    Пол:
    Женски
    Пријатно сум изненадена од песната на Тијана. Ми се допаѓа ритамот, енергијата во песната, изведбата нa Тијана :) Ми се допаѓа и што ќе пее на англиски :!:

    Thumbs up!
     
  17. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Многу убава песна,изненадена сум :D модерен звук,конечно нешто добро.Браво Тијана! :)
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Песнава и да е најдобра од сите пак нема да победи, не заради тоа што не е добра, туку заради политички гомца и гом*ари.
     
  19. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Мене ми се свиѓа од прва! Не се разочарав :D
     
  20. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Искрено се воодушевив.Песната е одлична! :)