А и ние па сме се распричале за квалитет на музика во тема за избор каков што е Евровизија. Смешки живи сме.
Како се развила дискусијава-ќе влезе/нема да влезе во финале, па мислам обложувалнициве дека треба да ја стават барам до Евровизија да се кладиме (барем ние жените) ќе влезе или нема да влезе (на Тијана за Евровизија мислев), па и кладење кое место ќе биде, за прво место коефициент 50 , ама да ги има и другите пејачи, па да се прават типови на пример Македонија-Германија = 1-1
За прво место 50/1 е грабеж на сред бел ден, таму 500/1 е мор лајк ит Не знам кој стил ќе се тера оваа година на Евровизија. Ако идат повторно боси и бушави, нема оваа коса. Белким овој пат на скеле нема да ги качуваат, како ми изгледа височка рефлекторите ќе им бутне. Додека ја критикувам - ни цицки нема
Сè уште не се знае која верзија ќе ја пее. Но, Тијана се изјасни дека најверојатно ќе биде англиската верзија, поубаво звучела. А и мене англиската верзија поубаво ми звучи.
Мене песнава ми е ОК, не ми е воопшто лоша, а за добра... сепак е вкус. Но, океј е. Кога ќе ми текне на ланските песни ( двете, и Империја и дефинитивната што ја пративме, еве не ми ни текнува на името... ), се е подобро од тоа. Не велам дека треба да се задоволиме со било што подобро од лани, ама песнава си е фина. Конечно е нешто лесно, со побрз ритам, без филозофски текст како што обично знаат да направат... мислам на: од нас зависи, музика, религија, life is a book, империја, и слични текстови што ме ежат кога ќе се сетам. Што се однесува до Тијана... и спрема неа сум неутрална, ми делува како доста гласен и екстровертен лик, па може ќе и биде од корист. А, тоа дали имала песна на македонски и дали е компетентна да ја претставува Македонија бидејќи не живее овде... аман со такви муабети, ајде тогаш да ги отпишеме сите луѓе кои не живеат овде, да ги рачунаме помалце вредни или некомпетентни за ништо што ја засега државава. Инаку како вистински фанатик за Евровизија преслушав дел од песните кои досега се избрани и морам да кажам дека се многу подобри од ланската Евровизија, која според мене беше катастрофа...ама за тоа понатаму во соодветната тема...
Ааа извини. Не сме биле први, ни од напред ни од позади. Чак што више, ни втори не сме биле. Ама за се` има првпат. Се знае Евровизија, тој кој ќе го направи шоуто, ќе ја однесе победата...
Гледам политиковизија од чиста досада, колку да не пуштам турска серија Мислам дека песнава не е нешто многу специјално и убаво, онака ОК е. Мене не ми е баш ко за на Евровизија. Иначе за наредна година го предлагам Кајмакоски, ќе растури, ќе им покаже на сите како се пее
Секоја чест за Тијана , секогаш била оригинална , атрактивна и впечатлива . Aмa мене песнава баш и не ми остави некаков впечаток. Еве неколку дена интензивно ја слушам на радио , ама не ми доаѓа во глава мелодијата. Нели кога постојано слушаш една иста песна и ти доаѓа да ја запееш. Оваа песна јок. А кога ја слушнав прв пат англиската верзија ми беше далеку поубава. Се си мислам дека и оваа година нема ни да се пласираме за финалната вечер.
И претходно се изјаснив,дека песната си е во ред.Онака певлива,без некоја посебна порака. Баш како што се бара на Евровизија. А Тијана..она си е некако посебна,шармантна,има нешто со што го привлекува вниманието и задржува. Ама не верувам дека ќе има некој посебен пласман,со оглед на политиката на 'добрососедски односи'. Така одат гласовите.Секоја земја ги дава гласовите за својот сосед,и така некои калкулации се прават. Евровизија всушност престанав да гледам од 2008,од настапот на Тамара,Врчак и Адријан Гаџа. Имаа интересна песна,пријатни за гледање на сцена(убави ),убав сценски настап,и немаа некој пласман. Не знам дали сеуште се практикува 'големата четворка' директно да има влез во финале..
Уште се практикува. Ама сега нема голема четворка, туку голема петка. Тоа е така од 2011 година, кога Италија повторно учествува на Евровизија.
Јас уште оддамна си мислам дека Македонија не треба да оди на евровизија. Освен кога беше Тоше, тогаш требаше и да победиме. Можеби Тијана нема да не разочара, дај Боже.