Ти го сакаш, но другарка ти го има

Дискусија во 'Сингл' започната од deskarada, 15 јуни 2012.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    25.824
    Здраво девојкии :D Пред 3години некаде беше, бев тогаш помала секако :lol: почна да ми се свиѓа едно машко кое скоро почна да излегува во нашето друштво, ама чисто онака, по некое време тој почна да стапува во контакт со другарка ми се засакаја и потоа почнаја врска. Добро не ми беше криво оти сепак онака ми беше само симпатичен. Помина тоа се скараја се помина време, и некаде лани кога ќе излезевме в кафиќ почнав да гледам едно машко кое мн ми се допадна, но ко за баксус јас не знаев тоа машкото и кликал лике на слики на другарка ми на истата, незе и се пушташе и по некое време стапија во врска. Ама типацов испадна гад невиден мн беше одвратна личност, добро и за тоа не ми беше мн криво. Ама тогаш се прашував и таа е убава и јас сум и мене мн машки ми се пуштаат, зошто така мораше да биди ама ај си реков било поминало. И вечерва бевме излезени а пред некој викенд забележав едно друго машко и така си го симпатизирав и ака погледите ни се имаат сретнувано не знам како некоја хемија имма почуствувано со него, што ми се нема одамна така случено се некое машко, кога ќе го видам мислам дека се топам ама на никој не кажав никој не знај освен самата себе си. И вечерва се шетавме и само едно време ми вели другарка ми види го она машконо онде убаво и ми вели јас гледав тој ми се гледаше сега ко поминавме :o кога видов за кое машко ми кажува свеста ми се зеде...........леле не, не сакам тоа да се случи пак по 3пат ако се случи пак то истото не знам што ќе направам,а не можи тоа да и кажам дека јас го бендисувам тоа во никој случај не смеј да го дознај оти ако направат тие нешто јас ќе бидам глупачката на крајот! не знам што да правам :worried:
     
  2. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    И мене ми се има случено на неколку пати истото.Дури се чудам шо среќа ќе имаше.Земи пиши му нешто направи види како тој ќе се однесува ..па и можеби ништо нема да има меѓу нив двајца немора да значи :D
     
  3. beettyy

    beettyy Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    па ако сте толку блиски другарки зошто не и кажуваш, нели за тоа служат другарките. а вака кога таа не знае кој ти се свиѓа може да се случи двете да се загледате во исто машко а таа бидејќи не знае дека и на тебе ти е убав нема причина зошто да не биде со него
     
  4. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    25.824
    НЕ сакам да и кажам, затоа што лани кога јас го свиѓав машкото таа знаеше но сепак почна врска со него
     
  5. beettyy

    beettyy Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    епа ако била таква “другарка’’ сега и ти можеш да почнеш врска со овој, а од кај знаеш па можеби во тебе гледал кога сте поминувале ;)
     
    На Juicy03, AlanisM, maryJ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.877
    Допаѓања:
    20.026
    Пол:
    Женски
    Епа срцка јас го прекинав другарството, така најверната другарка ми се фати со детето шо лудвав една година по него, се знаеше, не ми кажа ништо и на фејсбук си се напраја во врска.
    Епа алал да му е :clap:
    Епа сега ти види си, јас мислам да му кажиш се како шо е, јас не се кам шо не му реков ништо, ама било поминало, без неа ми е рает глата, а и тој испадна многу гнасно суштество ќе зажалев ако бев со него, така да самата си е крива таја :)
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Јас мислам ти да го бркниш типацот, и еднаш да ги земиш работите во свои раце, контактирај со него на фб или било како, дајму до знаење дека го свиѓаш, па ќе и ја отежниш работата, и јас имам една таква ама на таквите ништо кажување, јас ќе речев дека некој ми се свиѓа таа за 5 мин ја гледам отишла и му се пушта, за таквите најдобро е на нивни начин да ги поразиш за да ги здоболи! :devil:
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случува нешто поразлично од ова...
    Си имам дечко,но со бифшиот одев долго врем ГО САКАВ,и тој мене,се скаравме за глупост,но сеуште тој чуствува нешто за мене,ми рече ако ми речиш сега да бидам со тебе ќе бидам.Но јас секако дека никогаш повеќе нема да се смирам со него,бидејќи си го сакам со тој што си сум сега а и тој ме сака,не сакам да се враќам на бифшите ако биле за мене,ќе останеле.Сега друга ми е маката,бифшиот за да ме направи љубоморна или што и да е,се фати со мојата најдобра другарка,не ми е тешко за него,ни на г*з не би го ставила,само ми е тешко поради неа,неа и се доверував се,таа знаеше само колку го сакав,таа ме тешеше кога плачев за него,и истата таа се фате со него..Не ми е сеедно да си ја гледам најдобрата другарка со некој што сум го сакала повеќе од својот живот..Што да правам?Да се правам дека ништо не ме интересира,и да продолжам да си живеам со неа?Само нема се да биде исто,можи ќе имаме едно здраво..Ама да биде како порано...? Незнам..незнам :| :| :|
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.625
    Карање за машко со другарка во тинејџерски години е најглупаво нешто од толку глупави работи шо можеш да ги направеш.

    Рачунај дека натпреварувачиот дух можно е да ви биде напумнан под дејство на хормоните и двете да си бидете исто толку непријателки колку и пријателки. Едноставно, не е можно да имате нормални односи колку и да сакате. Ние сме пет другарки и во тензични ситуации сме како животни, ама за машко, за машко бе? Па до толку очајни никогаш не сме биле :D
    Опшути се, можно е инстиктивно да правеш некои работи поради претходното искуство. И ич да не се секираш, ако се работе за љубовта на твојот живот сигурно нема да го испуштеш :D

    И никако карање со твојата другарка! Со текот на времето ќе си го зацврстите другарството и ќе се смеете за ваквите испади. ;)
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Како спомна Магнолија за карање за машки се сетив на една случка додека бев гимназијалка.
    Две најдобри другарки се степаа за еден дечко.Кубење коси,шамари клоци буквално крв се пролеваше а кога дозна тој тип само се насмеа слатко :D Ич не го лазеше мува :wasntme:
    А тие не само што се степаа туку на крај сами останаа,и без другарство и без дечко :P
    Не треба да си уништувате другарство зошто утре кога ке раскинете со дечкото,кога ке се скарате со мајката за ситници на кому ке се жалете ако не на другарка?

    Ејми Ли... остани си со дечкото и самата кажуваш дека го сакаш,не треба да те интересира што прави бившиот.Уживај во врската,а тој нека биде со која сака.Другарка ти можела и да го одбие ама не го сторила тоа.Продолжи понатаму ко ништо да не се случило.
     
    На Sara123 и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.275
    Не си ни прва ни последна што има ист вкус за мажи со другарка. :)
    Мене ми е смешно што воопшто се замараш за мажи кои дури ти не си ги ни сакала, туку ти биле само симпатични.
    Уживај си, не се замарај, искачај си со другарка ти, ќе си најдеш дечко само за тебе и кој се надевам нема да и се допаѓа на другарка ти .


    Ammy.Lee те разбирам дека си повредена, мислам кој не би бил.
    Јас дури би и кажала дека ме повредила многу нејзината постапка, дека и посакувам среќа ако баш тој ја прави среќен, ама нека се потсети само што поминала она со тебе токму за него.
    Лесно е да рече продолжи понатаму ко да е исто, ама реално тешко е да ја гледаш другарка ти со дечкото кој си го сакала и за кој си патела во животот.
    Една постапка урива пријателство. Не значи дека комплетно целото пријателство, ама се губи најбитното, довербата.
     
    На srcekrsacka, crazylady, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Фала на трите за советите..Јас се грижам за неа,не за него...Тој не ја сака,ќе ја повреде,знам.Сакајќи но неможејќи да ме повреди мене со тоа што е со неа,ќе ја повреди неа..Мислам дека најдобро ќе да е да ја оставам некое време на мира,бидејќи ако и зборувам дека не ја сака ќе мисли сакам да ги разделам,затоа кога ќе свати сама дека тој не е за неа,ќе бидам тука да ја утешам ... Така е најдобро за сите :|..А да се карам за машко?Нема шанса,само не сакам да биде повредена,оти знам како е да се биде!!Само ќе кажам таа ми е најдобра другарка,а тој бифши.Таа ќе биде со мене засекогаш,а тој ме оставил :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Еми, знам дека не е така како што викаат другите, „само продолжи со дечко ти и дружи си се со другарка ти како ништо да не се случило.“ Сум била во иста ситуација, сум и се доверувала за сите работи со него за после они двајца да завршат заедно. Како после ова ти да продолжиш да ја гледаш со исти очи и понатаму да и се доверуваш за тоа што ти се случува со сегашниот дечко?
    Од една страна е многу нефер што така постапила, небаре само едно машко останало на светов и тоа ни помалку ни повеќе твојот бивш, ама од друга страна која си ти за да им ја попречуваш врската ако се сакаат?
    Многу е благородно од твоја страна што и понатаму се грижиш за неа, други веќе одамна ќе и го свртеле грбот. Ако таа другарка ти е толку блиска тогаш отвори и се и разговарај за се ова што ни го напиша тука. Не знам колку ова вашево ќе биде другарство во права смисла на зборот понатаму, ама не ти останува ништо друго освен да им посакаш да им успее врската и да продолжиш понатаму. Не за џабе кажале дека дечковците проаѓаат, а другарките треба да бидат тука засекогаш. :)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Значи овој проблем го има во секое друштво. Да, и мене ми се случи најдобрата другарка да ми го земе тој што го свиѓав. Искрено и двајцата испаднаа големи ѓубриња на мој грб си направија мала авантура правејќи ме мене будала, ама не че мочи :) Другарка ми која ја советував да не го прави тоа најдобро намерно со оглед на тоа дека сватив каков е, ми рече: „уживај си ти знам што правам“, се виде колку знае, „фраерот“ ја заеба ненормално а да ме послушаше немаше да биде така. Ама акооооооооо не дошле уште и моите 5 минути, за све ќе и вратам и тоа каде што најмногу ќе ја боли и знам каде најмногу ја боли ;) И има да ме збори после дека сум кучка, да кучка сум, за све враќам!!!
     
  15. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Многу е квази да останеш во пријателски однос со неа како преетходно..Јас би ја елиминирала,сакав еднаш еден дечко,моите другарки многу добро знаат,и ако некоја од нив направи нешто со него во иднина би ми покажала колку ме почитува..НУЛА.Јас не би можела да продолжам другарство во таква ситуација,ама тоа сум сепак јас :)
     
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.625
    Ај кога сме веќе на темава да ви кажам мој пример. Дечкото со кој одам сега и се сфиѓаше на една моја многу добра другарка, а јас требаше да и го местам. Се согласив на драго срце и плус дечкото ич не беше по мој вкус, пошо ми изгледаше на детиште. И го поканив да излезе со нас една вечер и пошо само со мене се познаваше цела вечер бевме заедно. Испадна дека имаме многу заеднички теми и дека не е толку детиште. Удвараше ми се цела вечер, ама јас нишо не направив.
    Утредента бевме договорени да излеземе на кафе, ама другарка ми имаше обврски и не дојде. Излеговме само ние и мене ептен ми се бендиса детето. Подоцна кога излеговме на прошетка се залапавме од 3 пат молење и понатаму продолживме да бидеме неразделни.

    Само шо се вратив и кажав на другарка ми. Таа беше сосем океј со тоа, па не го планираше за маж. И ден денес и е мило за мене и никогаш тоа не ми го искарала низ носот, а нема ни да ми го искара. Ама фала богу, јас барем го оправдав тоа, пошо се задржавме и ептен се засакавме некако.

    А замисли се исколевме за една обична симпатија? Нема смисла...
     
    На Libera, mamma-mia, Marbella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    773
    Не би се карала со другарка за машко освен ако не пробува да ми расипе нешто. Ми се има случено да ми се засвиѓа некој па тој да почне да и се пушта на другарка но не сум реагирала негативно или да се налутам. Доколку дечкото и се пушта на другарка ми значи по некоја логика јас не му се допаѓам и тука неможам ништо.
    Имав една интересна случка...
    Пред некое време еден "паметен" флертуваше и и се пушташе цела вечер на другарка ми со цел да ме направи љубоморна и дури и после тоа ми призна дека не му се допаѓала но јас така НЕ играм. Можеби сега ќе имаше нешто меѓу нас ако не го направеше тоа а сега ништо бидејќи добив впечаток дека е недораснато детенце... |(
    Значи ако свиѓаме ист тип со другарка ми и го местам ОДМА :lol:
    Е сега ако ми се меша во врска - ЌЕ БИДЕ ЛОШО! ]:)
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.900
    Мислам дека ова многу често се случува во тинејџерските години.

    Јас имам нешто слична приказна, само што ни јас не знам точно како се случи. Имаше еден дечко кој ми се допаѓаше и бидна што бидна, неколку дена се мувавме, но не и кажав на најдобрата другарка бидејќи јас и тој се договоривме да остане тајна, од х причини. На крај кога дозна се разочара и ми префрли за тоа дека на неа порано и се допаѓал, па како сум можела јас да и го сторам тоа, а всушност на неа и се допаѓаше 3-4 месеци пред да се случи било што меѓу нас двајца. Некако премина преку тоа, ама од тогаш ништо не беше исто. После една недела она се муваше со него, па сега се во врска. Откако се во врска, девојчево доби на сила, па сега е нели, најјаката во друштвото, чиниш господ за муда го фатила.

    Сега не ни збориме, а што е најинтересно во исто друштво излегуваме. Со дечково си немам проблеми, од време на време правиме муабет, ама со неа не. А колку само бевме блиски, ја сметав за многу добра другарка. Преку ноќ престанавме да збориме заради него. Веќе не се ни замарам, всушност сфатив колку само не вреди ниту таа, ниту тој. Толку прости личности, чудо.
     
  19. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    Е баш си се чувствувам така..
    Јас ги сакам аа таа ги има..
    Мн бендисвав едно дете, цело време и зборвав за него, а таа си пишеше по цел ден со него на фб, и на крај тој ми кажа дека неа ја бендисвал..Најчесто така е, шо и да направам ми љубомори и слично аа таа не гледа за неа, секогаш сака таа да е нај..таа да поседува се, само си се надевам еден ден ќе си се смени, иначе ништо не и имам речено оти јас ќе бидам крива или нешто таа ќе се извади..
     
  20. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Баш така, јас го сакав а таа го имаше.

    Можеби изгледа патетично да се скараш со другарка поради дечко, ама кога таа другарка имала лице да биде со него знаејки дека ти го сакаш, незнам што ке ти ја таа другарка повеке во животот .. ?
    Бар да беше љубов, ајде де ке разберев, нејзе ја сакал, не мене. Ама не... што мајка бараше да му се пика коа знаеше дека јас го сакам? -.- И уште за едно мување? Баш ме интересира дали вредеше :)

    ...