е кај мене беше обратна ситуацијата, таа го сакаше јас го имав, но кога дознав беше прелошо, ние со него се мувавме а таа да го сака веке пред една година, таа не запозна и во моментот јас и викам леле мааа овај е за мене, и направи поглед еден неубав ама ја не му дадов некое значење и од кога дознав што била работата ми беше толку неубаво, бидејки тој ми беше мене само за забава, ако ми кажеше таа јас немаше ништо да направам со него...но бидна и ден денес другарството не ни е исто..
Другарка ми се муваше со еден и после почнаа да одат т.е беа во врска и јас до тогаш незнам ми беше убав али не ни размислував толку не ни зборев и од кога почнав да искачам со него и другарка ми и се зезавме со него ова она и мене почна да ми се свиѓа иии си викам не неможеш да го свиѓаш дечко и е на твојата најдобра другарка и неможев преку тоа и не кажав на никој секако и многу инсистирав да искачаме со него и другарка ми и зборев помеќе со него отколку со неа и мислев дека не приметува нешто..иии после кога раскинаа не бев среќна сепак најдобра другрка ми е ама и она малку повеќе некогаш го напнуваше и после неколку месеци решив да и кажам ии и кажав и викаше не бе не се лутам што ти е ама работата е што јас и кажав дека после кога раскинале сум го свиѓала иии она знам дека беше лута ама нејќев да и кажам...ии си мислев па што ако и кажев кога беа у врска тогаш..уште повеќе ама сега се тоа го поминав и сватив каков е навистина дека не е таков како што се праеше пред мене и другарка ми...
Абе луѓе за машко ли се прекинува долгогодишното другарство??? Јас ве разбирам сите ве разбирам и јас сум се нашла во ваква ситоација да и љубоморам на најдобрата другарка дека машките повеќе неа ја свиѓаат, а мене не зошто таа е поубава. (денес машките гледаат по изгледот а не по карактерот) И имам кажано дека овој оној ми се свиѓа се и имам кажано и таа мене. Ама има и машки кои на двете ни се свиѓаат истовремено. И еднаш сме разговарале на таа тема и таа ми рече ако и понудел некој пр. врска или мување таа ке одбиела заради само заради мене, а јас пак и викам ако некое машко што ни се свиѓа и на двете и ако ја одбере неа јас нема за што да се лутам неа ја сака а не мене. И обратно
И јас сум била во таква ситуација многупати,да сакам некој а он да биде со другарка ми.Затоа веќе не кажувам кого сакам (свиѓам),затоа што после ако он и се пушта на другарка ми некако сите што знаат дека ми се свиѓа ми праќаат погледи некои и многу ми е незгодно и затоа се почнав во себе да си чувам на никој да не кажувам,за да не се најдам во незгодна ситуација.Единствено знам вака по некои форуми да се изповедам. Па ајде тука ќе си се исповедам нешто Веќе подолго време се случува ова...Кога и да дојде некое машко,прво ја заприметува другарка ми,почнува да и се пушта и се и без разлиа дали ќе се муваат,фатат итн,после голем дел од нив ми се пуштаат на мене.Дури еден и кажа на една моја другарка што треба да се муваат што правам јас со тебе ваква глупа,глеј колку е паметна и природно убава другарка ти.Убаво ми е така кога некој ми се пушта и се тоа,али не ми се свиѓа што секогаш отпосле ме приметуваат пошто на почеток не зборам,срамежлива сум и после се опуштам.Е сега другарките знаат често да речат демек прво на мене па после на тебе ти се пушта(ако го одбиле,тогаш и ја би го одбила се разбира да испадне глупо,а ако не го одбиле викаат демек на зезанција ова-она ,јас знам што е зезанција и машките во озбилен муабет,па дури и на само ми се имаат вака пуштано,не е на зезање)
Доколку се најдам во ваква ситуација, а ми е поважно да го зачувам другарството -ќе заборавам на момчето. Овде следи правилото: "Бившиот на другарка ти никогаш не смее да биде ни твој потенцијален." Барем јас се водам по ова, ама па и никогаш не ми се случило-така да на мирно сум.
Дечкото на другарка ми, по автоматизам ми станува другарКА Со другарка ми отсекогаш сме имале горе доле сличен вкус, дури и за прва љубов имавме ист дечко (го манијачевме заедно 1-2години ) ама штом истиот стане нејзин дечко за мене веќе е завршена приказна, ми се брише сам по себе од мисли Се повлекувам, како што и другарките се повлекуваат за мене. Кога бевме средно се договаравме, ако едната го ќари типот, да и раскажува на другата дали вредел за толку да сме се замарале Ако не се почитуваме меѓу себе, како да очекуваме другите да не почитуваат
И јас бев во ваква ситуација. Со бившиот требаше да и го местам на една другарка се додека еден ден не ми рече дека мене ме свиѓа повеке а не неа. И излеговме еднаш само прошетавме и се бакнавме но му реков дека тоа ништо не значи и дека нема ништо да биде ако другарка ми е против. Ја прашав неа веке следниот ден дали и пречи, ако и пречи веднаш ке прекинам со него секаков контакт. Таа рече дека не и се допаѓа воопшто, никогаш не и се допагал, не е нејзин тип. И јас си тргнав со него, но раскинавме. И погоди по една недела одкога раскинавме кој се смува со него. Да, да ,да другарка ми. Сега сме скарани а тие двајца никогаш не тргнаа. Тој си фати друга женска. Сума сумарум, не и кажувај кога некој ти се свиѓа, туку земи ги работите во свои раце и ти пушти му се прва на оној кој ти се свиѓа.
Ситуацијата е слична како на фудбалски натпревар. Ти ја сакаш топката, ама друг ја има ја води одредено време и на крајот ја шутира и ти ја додава и ти ја имаш. Got the point girls?
Сум се нашла во ваква ситуација и може да се каже дека и сега сум во таква...Само што со ,,другарката" сме скарани и не ме интересира ако јас се смувам со него и покрај тоа што она го свиѓа.Се покажа она каква е,сега на мене е ред.Она го свиѓа,јас го свиѓам па он нека одлучи... Ќе видиме деновиве што ќе биде Иначе поздрав до сите феминки кои се нашле,моментално се,и ќе се најдат во ваква ситуација со песната... http://www.youtube.com/watch?v=xEGTNkwEp9A Би поднела од секого се,но од тебе не, те имав како сестра блиска...
ми се има случено ваква ситуација со мојата најверна другарка се приметуваше дека и таа и јас го симпатизиравме ама кога тој неа ја одбра мене автоматски ми стана одбивен ,повеќе не го гледав во таа смисла само како другар ништо повеќе од тоа
Во поранешното друштво никогаш ги немав овие проблеми бидејќи некако сите 3 имавме различни вкусови а и деца бевме .....кога почнав у втора средно да се дружам со 6 нови девојчиња некако се се смени.Некако по правило каде и да бевме испаднати на некоја од другаркиве некој што и се свиѓал ми идеше ми се удвараше мене.....меѓутоа јас сум била само фина и културна ќе направам муабет и ништо повеќе .....али овие тогаш уште не блиски другарки ова секогаш ко сваќаа како закана и оп пробуваа на најразлични начини да ме отргнуваат од дечково од местово или сл......мислам патетично,бар да направев нешто да имаше причина........али добро тоа биле некои детски работи.Инаку се има случено така да имам земено на другарка некој.......крива сум,до ден денеска си го спомнувам тоа....али не беше некој битен нешто да го сакала или слично,некако почна детево да ми се удвара отпрво нејкев ништо после демек врска почнавме,али ја прекинав за брзо...... со другаркава тогаш некој изладен однос имавме.али сега па се неразделни,сме преминале преку толку небитна ствар и трае уште пријателството..Незнам некогаш и несвесно правиш некои работи,некоја vis major ама мислам дека е мн побитно да не си го направил тоа со намера ,да знаеш да се извиниш и да гледаш у иднина да не ја оплескаш
Гледам па кога ми го зеде се усреќи со него...можеше таа сто пати подобар да најде ама сакајки мене да ми наштети самата гробот си го ископа.
пред месец и нешто баш една другарка со која од средно се дружиме ми спомна дека го видела тој со кој бевме најдолго заедно-убав на изглед ама катастрофа од човек и кога ми рече се разубавел незнаев дека и на неа и бил симпатичен ама бил со друга девојка, така да и да сакаше да биде со него ке и кажев слободно-само ке ја видев дали ке издржеше сето она што го издржував јас што сме ние женските глупави, ке се караме па дури и некои случаеви тепање за машко машки има со лопата да ги ринеш-а дали машко би се скарал или степал со другар за девојка имав шанса да видам лично два случаеви на мое момче другарот да му се допаднам-се обиде да ме намами заедно да би пробале, секако дека реков НЕ и си останав на зборот да, се скарале ама јас не сум била главната причина за кавгата и секако се смириле и колку што јас знам сеуште се дружат
Работава ваша е има малку фраери,а голем избор на девојки и сега ке се потепате која да го освои,да не беше смешно ке беше трагично.
машки има доволно а и девојки така да нема потреба од тепачки секоја девојка размислува на поинаков начин, не сме сите исти постојат исклучоци
Нема сакање. Нема чепкање на дечкото од другарката, ма каков сака нека е. Нема чепкање на туѓ дечко, а не па баш од другарка. Тоа е чиста љубомора, завист, зошто таа има нешто убаво што вие го немате ! Па сакате да го украдете. Ама таквиот дечко нема да ве цени вас, а ќе ја загубите и другарката, но и почитта од околината.