Колку незгодна ситуација. Мислам нема што тука да се коментира. Тој е забрането овошје, а таа ти е сестра. Дечкото е за еден период, а таа е за цел живот. Што да се кажи повеќе. Никако гибања на тој дечко. И не би требало ни чувства да се родат воопшто. Во ваква ситуација нема добивка. Што и да направиш-губиш.
Одамна нема никој пишувано ама МОРАВ. Мене со 1 „другарка“ ми се деси и тоа 2пати. Ми беше симпатично едно дете, другар на другар се дружевме, влезе у наше друштво, и онака се слушавме, фб, смс, беше фин, другарство ама полека идеше накај нешто повеќе.Од друштво сите збореа за нас ко демек ќе биде ние си се смешкавме само. И една вечер и другарката дојде и ги запознавме со него, она знаеше дека има некоја искричка меѓу нас, и вечерта испадна ко он со поминување со кола накај дома да ја превезе и неа пошо беше успат. И Ок и по некој ден слушам од неа дека они се заедно. Ок. Со дечкото си останавме супер другарчиња и ден денес. И идеа они едни добри 7-8 месеци и после раскинаа. Додека беа заедно у едно друштво бевме сите и мене ми се засвиѓа едно дете( на другарка братучед). Она знаеше многу добро дека он мене ми се свиѓа и требаше да искочиме цело друштво со дечкото и негово друштво. Ама јас баксуз се разболев и не искочив. И понеделникот другарка моја од школо која била искочена со нив тој викенд ми кажува они се смуваа. И јас . Сега се заедно има мислам повеќе од година,заљубени се, мило ми е за нив, а со неа ретко се гледаме и искрено не сакам да ја гледам, не можам да ја погледнам во очи мене ми е непријатно од неа а нз зошто.
Мислам дека се ретки женските на кои ова им се нема случено барем еднаш. Се затрескав во едно дете, на фб лајкови, ми пишеше, после почнавме да се дружиме, иста музика слушавме и нонстоп мене ми правеше муабет и после испадна дека свиѓал моја другарка. Ај шо свиѓаше свиѓаше ама и оваа се смувала со него на пијано божем иако знаеше дека се трескам по него. И, продолжи да се мува со него некое време. Ме заболе ама после си најдов поасална симпатија.
Другарките извртиле милион дечковци но незнам, дали не се мој тип некако. Доколку сакаш со твојот дечко да ти биде убаво и да се дојде до вакви ситуации другарка ти да се заљуби во него држи го подалеку од нив. Значи излегување во исто време со другарки и со него Н-Е! кога си со него биди само со него, кога си со пријателите биди само со нив.
Да, се согласувам но мислам дека и во другарка не треба да се има толку многу доверба, ќе им веруваш и на крај може да те зезне некоја за сите останати
A кога машкото напиња за другарка ми а другарками е лесна и денес може да се случи и да... ја намерно ке идам кај неа денес.
Aнѓелче не те разбрав добро?кој напиња,дечко ти ли ?и што ти е крива другарка ти,она е лесна а мајмунот е што,фраер можда . и се смири со тој шо те изневери,убаво ли прочитав ? позз до тебе
Да ама еден нов што требаше да ми биде а веќе не ми е ништо не бе какво мирење не сум до толку ненормална али сепак незз што ми е, сеа сме другари а ја викав дека после врска другарство нема изгледа појако е од мене. Тој и ден денес напиња да се смириме ама ја не . Али му дадов услов за тоа ако сака да се смириме да направи нешто што не направил на ниедна Потоа ми се јави да ме праша што да направел ( па тој е луд ко да не му текнува ) И ја му реков ако се фрли од највисоката карпа тогаш ке му простам се ( е може не требаше така да кажам ама бидна ) Зна4и сеа сме другари а повторна врска со него нема шанси
те сфаќам да ,тешко е љубовникот после да го гледаш како другар,невозможно е. убаво си му рекла да се фрли од некаде,и малку ќе му е.вашата врска беше платонска и тој гадно те предаде,а овој новиот незнам што те разочарал но верувај ќе дојдат и нашите пет минутки во животот
Така е пријателке,само бог знае кој е вистинскиот и намерно не го дава веднаш затоа што тоа што потешко се наога повеке се цени . А нашите 5 минути ке си дојдат кога тогаш и не треба да се предаваме на негативните нешта околу нас, се што кратко трае е убаво но и ситница
мило ми е што така размислуваш.на никого не му е се розево во животот но ако даваме љубов некој ќе ни возврати сигурно.позз
И на мене порано секој втор симпатија ја свиѓаше мојата најдобра другарка. Она стварно беше убава али намерно на сите прва пишува и се убутува и машко како машко да си ја проба среќата. Но за среќа сега си фатив дечко и еве година време сме си заедно
Да ми се има случено и тоа пред очи ми го направи ''другарката''. Бевме договорени да одиме кај него дома со другарки и другари да си седеме, и таа почна да го бацува пред мене. Јас само станав и си заминав.Никогаш не и простив ни на неа, ни на него
Уф, темава како да е намената против мене, јас бев таа која им ги презема дечковците или симпатиите на другарките. Со тоа си ја кревав самодовербата па дури во средно бев убедена дека можам да го имам буквално секој дечко. Бев слободна и опуштена и отворена во комуникацијата со машките и многу лесно ги освојував необрнувајки внимание дека можеби со мојата постапка ке повредам некоја другарка. Звучи како да се каам за тоа но воопшто не е така и ден денес ме држи тој дух и нагон за освојување. Многу често знам да флертувам со дечковците на пријателките но тоа останува само на флерт. Незнам зошто но тоа некако ме исполнува ми го билда егото и едноставно сакам да доминирам, сакам да бидам таа околу која се вртат работите а не некоја која ке се задоволи со отпадокот.
Како да не, ти си успеала да земеш дечко некому, никој не ти верува Сега па Струмка, повеќе профили има отколку години, се кладам.
Не си ја кревала самодовербата- си лечела комплекси... И сигурно ако си слободна, опуптена и отворена во комуникацијата ќе ти се лепат машки, па во средно кој не сака такви "опуштени" девојки??? А зошто мислиш дека работите се вртат околу тебе ако флертуваш со секое машко- значи ти се вртиш околу нив а не тие околу тебе... И врвот е дека машко кое нема девојка (барем јас така разбрав од напишаново) е отпадок???
Во моето женско друштво си има едно златно правило НИКОГАШ, НИКОГАШ и значи НИКОГАШ нема да одиме или да симпатизираме некој дечко со кој одела некоја. Прво одвратна ми е помислата јас да се лигушам со некој со кој се бакнувала другарка ми. Со другарките сум многу блиска. Никогаш не се случило до сега на пример јас да одам со некој, да се скарам па потоа дургарка ми со него да оди. Нема шансиии... Такви другарки сме и има голам почит меѓу нас.
Де ма Струмке разбравме дека си нееодолива ама па до волку. Него единственото место каде што си центар на внимание е твојата глава а не реалниот свет,за жал. Штета што фантазијата и реалноста ти се помешале. Доволно е тоа што гледам на форумов преку какви ступидни коментари и изјави сакаш да привлечеш внимание за да сфатам дека во реалноста си само една сама и осамена девојка која од носот подалеку ниту видела ниту искусила. Ниту доминираш,ниту пак ке имаш некогаш потенцијал за тоа. Доминантните луге се познаваат по појавата и грацинозната која ги следи а не по самофалбите. Единствени луге кои за останатите викаат дека се отпадок се оние кои и самите биле нечив отпадок. Извини што ти го кршам совршениот филм во твојот замислен свет во кој ти си центар на внимание и движечка сила на светов,но твојата минорност и беззначајност се рамни со безначајноста на глупостиве што излегуваат од твојата уста !!