Тоа као нормално е да ти се набацува другарка на цурата? Се дешава, не да не а Струмка22, да ја коментирам, да не ја коментирам, шо да кажам... Сите сме си некакви. Никого нема да судам.
Сопственоста врз мажите исчезнува со самиот мемнт на раскинување на обврската (врската). Откако ќе раскинам со него, која сака нека биде со него. Не ми битно дали ми е другарка - ако им е судено, нека бидат. Која сум јас да им викам ау, па вие не смеете да бидете заедно оти јас сум била со него? Терајте ако ви е убаво, мене да ми било уште ке сум била со него. А ако другарка ми е со него, а јас го сакам Е тоа не ми се случило. Ама за да се заљубавм треба да имам нешто со него, а не сум толку глупа да иам нешто со некој кој е во врска со другарка ми. Мажи има само у Македонија 1 милион. Следен!
Можеби сум оф топик, ама не најдов слична тема. Значи, феминки, мислам дека се заљубив! Еве ја мојата приказна... Има една девојка, ја познавам од мали нозе, и уште од тогаш, нашите мислења и ставови се разликуваат како небо и земја! Само вкусот за машки ни беше ист, повеќепати а тоа беше мета на големи расправии. Не што можевме да бидеме пријателки, ами и органски не се поднесуваме! Да ја зачуваме приватноста, ќе ја наречеме А. Од друга страна, запознав едно момче пред 3 години, и уште тогаш се почувствував убаво во негова близина. Значи МАЖ во вистинска смисла на зборот! Тело, лице, насмевка, очи, карактер, однесување...24/7 бевме на социјалниве мрежи, се гледавме често и бевме добри пријатели... На моменти мислев дека е моја сродна душа затоа што имавме толку заеднички ствари. Нека остане тајна името, ќе го крстиме Б. Мојата фантазија за тоа Б да ми биде нешто повеќе од другар, се урна кога дознав дека А и Б стапиле во врска. Од моментот кога стапија во врска (од пролет 2012), јас веќе не постоев за Б. Немаше никаква комуникација, ништо... А премногу ги држеше конците и го стегаше, да не и побегне. Оттогаш, секој по свој пат, јас со еден, тој со друга... се до пред 2 месеци кога повторно почнавме да комуницираме. Ме праша што има ново кај мене, како сум и сл. Најпрво, пријателски постапуваше и потоа почна да ме прашува за љубовниот живот... мислам дека ми се вратија чувствата... А постојано го контролира, тој е преголем папучар, а таа постојано се кара кога не е по нејзино. Знам затоа што членуваме во една група и одиме заедно на патувања. Нашето последно патување, беше близок град во Македонија. Седев сама во автобус и Б седна до мене. Се сликавме, јадевме, зборувавме и се чувствував ко да сум на седмо небо! Неговите шеги повеќе наликуваа на флерт, и тоа е што не го разбирам кај него. Постојано ми се насмевнува и ме тера да го сакам со толку силни чувства, што дури и се плашам од самата себе. Потајно, едвај го чекам денот кога ќе раскинат... жална јас А не сум тип девојки кои се растурачи на врски, тоа НИКАКО
Според мене, Б стварно да бил заинтерсиран за тебе, со тебе и ќе бил, а не со А. Тоа што тука нешто игра со тебе on-off, повеќе ми изгледа како начин да се релаксира од неговата врска, да си ги има тие 5 минути раат. Извини, ама А е неговиот избор, а за тоа оправдувње нема. И ти подобро би било да си гледаш за некој друг да си се интересираш, така без форсирање. Да знаат и Б и Ш дека ти не си на закачалка.
Не сакам погрешно да ме разбереш, ама немало ли на тебе да ти пристапи прво? Не, тој и пристапил на А. Можеби Б сака да си шара и флертува, да си има резерва во случај да раскине со девојката, или па само да ја вара. Би ти препорачала да го заборавиш Б и колку и да ја мразиш А немој да посакуваш да раскинат. Таа не ти го одземала, не ни знаела девојката дека ти се допаѓа. Б да бил добар, искрен и да си му се допаѓала повеќе од А, би пробал нешто како и со неа и би бил со тебе. Немој да ми се налутиш...но несакам да стоиш во место и да гоо чекаш, а мислам дека не е за тебе по горе кажаново.
Благодарам женски, тешко ми е затоа што си дозволив да си помислам на „забранетото јаболко“. Сега сфаќам дека цело време сум во заблуда по некој.. На оваа самотија почнав да гледам како комплекс. Нека си бидат среќни... Аи лелее колку патетично се осеќам!
Ако Б планирал нешто со тебе,и бил заинтересиран ќе го преземел првиот чекор. Изгледа сакал само пријателство. Нема зашо да чекаш да раскинат,барај си друг кој ти одговара.Овој е зафатен.
Не се осеќај патетично воопшто, тоа се твоите моментални чувства, всушност траеле и одамна, ама ете така требало да биде. Не се нервирај, еее еден ден ќе ти биде и смешно тоа Битно е да продолжиш даље, да најдеш некој добар дечко за тебе, овој батали го, не е за тебе
Значи и јас имам ваков проблем..Си симпатизирам еден фраер што навистина ми се вовлече под кожа и се запознав со него.Изгледа и нему му се допаѓам,ми даваше подароци,си се погледнувавме онака флертувачки но кога го запознав со најдобрата ми другарка се се смени..Таа го гледаше провокаторски и зборуваше онака лигаво пред него ако ме разбирате (леле ми се навлажни....цигарата)..И јас луѓе, си гледам и не верувам..Не очекував ваков низок удар од неа а ги знае сите детали тоа што ми се има случувано со него.И така машко ко машко му се заврте умот од неколку такви зборови и сега кога ќе ја види со мене ко да не постојам.Другарка ми што ме запозна со него ми вели не се нервирај можеби нема ништо но јас го примеќам значи ја гледа сега неа со исти очи како мене на почетокот.И не ми е прв пат ова шо ми се дешава,да бидам заебана од личност што ја сметам за најдобра другарка..Ве молам за совет девојки!
Не сакам да изгледам грубо, како да те напаѓам, ама дали ти стварно мислиш дека она ти е најдобра другарка? Одма тргни се од неа, немој да се дружиш и да му се доверуваш на некој што ти ја скратува среќата... Неможе ти цел живот да продолжиш да се дружиш со неа и таа да ги превзема работите во свои раце и да ти се смее додека ти плачеш, а после да дојде и да ти се прави најдобра другарка пак. -Сега да ве замолам јас да ми помогнете... Има еден тип, ми се свиѓа од одамна (онака, не нешто посебно) и бевме многу блиски и флертувавме (т.е. повеќе тој со мене одколку јас со него) но тогаш нејќев да имам ништо со него бидејќи имав дечко... Е добро тоа, ама сега немам дечко, а со него едвај имам здраво, а го гледам секој ден... Како да се зближиме повторно?
Вака она не ти е другарка воопшто. Не дека дечко треба на вас да ви го одредува пријателството, туку она штом е спремна ова да ти го направи, тогаш на што ќе биде спремна утре? Биди со неа на дистанца. Што се однесува до дечкото, од тоа што го прочитав ми изгледа како оние кученца кои ги мамат со коскиче, па иде кај оној од кој може да добие. Така да по тоа гледаш дека ни он не ти треба, зошто кога е спремен со твоја најдобра другарка да направи нешто, тогаш можеш да замислиш колку е само спремен со девојки кои не ги знаеш. Извини, несакам негативно да делува, ама ова како најискрен совет ти го кажувам за да не бидеш повредена ни од него, а ни од неа.