Еден од најдобрите филмови за 2010 година Убедливо најдобра машка улога за 2010 година од страна на маестралниот Ал Пачино, оваа улога според мене му е најдобра на Ал во неговата кариера заедно со улогата во филмот мирисот на жената за кој освои оскар за најдобра машка улога. Филмот е вистинска приказна обработува една доста контраверзна, сензитивна, чуствителна тема за општеството а тоа е евтаназијата или убиство од милосрдие. Филмот ја раскажува приказната за докторот патолог Џек Кеворкијан кој одлучува да им "помогне" да им ги скрати маките на многу тешко болните пациенти кои имаат неизлечиви болести и огромни болки по пат на евтаназија... остатокот од приказната ви го препуштам вам. Топло го препорачувам до сите љубители на квалитетни и добри филмови особено до оние кои сакаат филмови снимени брз база на вистинска приказна Со еден збор филмот е ремек дело Улогите во филмот ги толкуваат Ал Пачино, Бренда Вакаро, Сузан Сарандон, Дени Хјустон, Џон Гудман. Режијата е на Бари Левинсон
Ме заинтересира со статијава, а гледам дека и на имдб има добар рејтинг 7.8/10. Ќе го гледам и ќе дадам коментар.
Друг филм на тема еутаназија е шпанскиот Mar adentro, ама сепак You Don't Know Jack ми сe допадна повeќе, му направиле психолошки профил на докторот Кеворкијан.