Ти не знаеш да сакаш (Сузан Елизабет Филипс)

Дискусија во 'Книги' започната од laryla, 3 март 2012.

  1. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    228
    Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе - засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.
    Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот.
    Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена. Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа.
    Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот. Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја - своето ангелско лице и срце.
    Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака?
    Она што најмногу ми се допадна во оваа книга беше фактот што приказната до половина е комедија, но од половина, па натаму почнува да преоѓа во драма која повеќе ве тера да шмрцкате со насолзени очи отколку да се смеете. „Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца...
    Имам две одредени реченици, односни две целосни сцени кои ме расплакаа и така ми се врежаа во сеќавањето што мислам дека нема да ги заборавам и откако ќе прочитам нови илјада книги, но овде нема да ги споделам со вас, бидејќи не сакам да ви го уништам уживањето во книгата. Ова можам да го кажам со сигурност, прочитав најмалку триесет книги додека да дојдам до оваа, прочитав најмалку 4-5 книги од Сузан Елизабет Филипс и ова е книгата која не може да се спореди со ниту една од другите. Емотивна, слатка, уникатна. Ликови, толку целосно изградени, толку допадливи, толку лесни за сакање. Ова е книгата која по мое мислење има сѐ што треба да има една добра романтична комедија, една драма за помнење, една книга која ќе предизвика нејзиниот автор да ви влезе во листата на омилени.
    Патем, Сузан Елизабет Филипс (автор на неколку Њујорк Тајмс бестселери) е доста силно име во светот на романсите, современите романтични комедии и чик книгите. Издадена во над 30 земји во светот, меѓу кои и нашите соседи Хрватска, Србија, Бугарија и многу други кои веќе имаат издадено по 6-7 нејзини книги досега.
    Особено за оние кои се обожаватели на чик лит.Нема да зажалите ако ја прочитате,ги прочитав сите 370 страни во еден здив! :inlove: :)
    Книгата може да се купи во:ТРИ, Култура, Топер, Матица и други
    По цена од:390 денари
     
    На Marija0505 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marija0505

    Marija0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Дефинитивно една од најинтересните книги што сум ги прочила во скоро време..........
     
  3. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    16
    Јас ги имам прочитано сите книги на оваа писателка. Прекрасна женска литература. Ви препорачувам да си ги најдете и прочитате
     
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    30.722
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга, една од најдобрите кои сум ги прочитала...Романтична и интересна содржина која се чита во еден здив.
     
  5. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    31.460
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга...<3
     
  6. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    Топ книга многу се смеев жално што нема продолжеток многу беа слатки и совршени..