1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Токсична козметика

Дискусија во 'Тело' започната од Mama25, 4 јуни 2012.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас знам дека флуорот е штетен и не треба да го има во пастите за заби, а посебно е штетен за децата.
    Едно време сакаа да го ставаат во млекото по градинките, среќа се откажаа од тоа.
     
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    @ Nymeria Ова со водата не ти држи вода ама ич,извини што морам вака да ти кажам ама ти одиш во крајности.Ако така гледаш и воздухот е штетен што го дишеме зошто не запрашуваат одозгора ама го дишеме зашто мораме :|
    Јас незнам на за тој од Свирипичино ама знам дека и ГенетикатА има важна улога кога се работи за заби. Еве ќе ја земам за пр баба ми која има 93 години и има заби подобри од моите една пломба и еден изваден,патем сите бели како бисер :| ниту пиела флуор нити пак толку редовно ги миела. Претходните генерации биле поздрави каде-каде од денешниве баш ради тоа што денес нам ни се пропагира се и сешто на тацна, а ние тоа го прифаќаме незнаејќи која е задната цел. А Цел има верувај,само тоа е за во друга тема. Ти како сакаш повели користи Колгејт и слични на неа, јас фала не би.А кога сме кај универзитетските професори,има кај нив дел од фелата кои работат и се поврзани со фармацевтите па и кај нас има. Ова што вчера го постирав е само мало објаснување за флуорот инаку исто има научни сознанија кои држат вода дека за тоа колку е штетен и јас тоа не го измислив.
    Мојот гинеколог кој го сметам за доста стручен строго ми го забрани флуорот и доста дискутиравме околу тоа кога бев бремена со првото дете.Не ми е поентата да се надмудрувам со тебе,ниту пак со некој друг. Јас темава ја отворив со добра намера а секој има право да бира во животот.
    И самата си кажала дека тоа што сами дома би си го направиле би биле најсигурни дека е добро и здраво,но исто постојат и две опции во животот свесно сам да се труеш или не.И со ракот не е ништо случајно,ТИЕ доктори кои советуваат да се зрачат пациентите ќе ми кажеш дека е во ред? Ама и не секој човек може да си дозволи добра и квалитетна исхрана како и витамини па е приморан да оди на хемотерапија оти нема друго решение нажалост. И не дај Боже да имаш проблем со некоја тешка болест тогаш ќе побараш и алтернативен лек верувај,знам сум го искусила тоа на моја кожа. Тогаш излезот се бара на повеќе места не само во медикаментите!

    Јас се трудам да ги читам декларациите иако на доста производи имам приметено неточна декларација која нема врска со оригиналот,но за составот неможеме да бидеме толку сигурини пак ќе нагласам, баш затоа што не знаеме кој стои позади тоа. Откога станав делумно свесна отфрлив многу работи од употреба,што се однесува од препаративна а дел и од декоративна козметика и подобро се осеќам. Но пред се ги ставам гените па потоа квалитетната нега!
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А зошто тоа со водата да не држи вода а ова твоево држи? И флуорот ако го користиш во препорачани дози е корисен. Во скандинавските земји се користи години наназад и имаат најмалку кариес од целиот свет. И тие да не се робови или глупи ко американцине? И како разликуваш кој доктор работи за фармацевтска индустрија а кој не? Како можеш да бидеш сигурна во било кој доктор или било кој лек? Сите се дел од таа индустрија од неа потекнуваат сите лекови. Порано луѓето биле поздрави ама бидејќи се хранеле поздраво, не купувале се во продавници, немале електронско зрачење, најважно не живееле под толкав стрес како денешните генерации. А не флуорот бил штетен или не знам рандом статија од којзнае кој ја открива вистината.
    Ама тоа е денеска сите се стручњаци и доктори. Ако не па не одете воопшто на доктор, сами дијагностицирајте рак и сами лечете се, оти докториве клавает дрога во аспиринине. Мислам ако сте анти медицина бидете до крај. Докторите измислиле терапија за рак ама чекај не чини бидејќи на интернет пишува дека тоа е заговор за некој да те убие. Таа терапија со зрачењое има спасено милиони луѓе ама бидејќи не помогнала на 2ца не чини и е заговор. И башка исто е скапа како што е скапа и здравата исхрана. Впрочем сите терминални болести се скапи на било кој начин. За генетиката, баба ми има прекрасни здрави заби додека дедо ми му беа парадонтични и расипани. Баба ми цел живот обрнува внимание на хигиената и тоа со обична паста за заби додека дедо ми беше друга приказна. И двајцата исто растеле само што имале различен внес на флуор (нели преку паста). Иако баба ми има здрави заби а никој од нејзините браќа и сестри нема, мајка ми има проблеми со забите. Генетиката има влијание нормално, ама во генетски преносливи болести, и за тие ако ги наследите гените не значи дека ќе се разболите.

    Ако сакате поскапо купувајте ама цената и декларацијата не гарантираат квалитет. Ако веќе сте пробале и гледате дека едното е подобро од другото тогаш супер ама не знЧи дека ако не ви помогнало на вам веднаш не чини.
     
    На LadyFlame, baby-star, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Кремите на др. Шелер се сметаат дека се на природна база, имаат црно квадратче, според ова значи дека нема ни еден процент ништо природно во нив. Искрено јас сум скептик кога кажат за нешто дека е на природна база, се додека сами не ја направиме кремата нема да знаеме дали е на природна база или не. Кој знае што се не ставаат во нив :|
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Е што може да ставаат? Сигурно Шелер е поприродна од Нивеа да речеме, си има состав, си има лабаратории кои што го потврдуваат составот, постојат ваљда некои закони кои го регулираат тоа, неможе некој да си пишува состав каков што ќе му текне... Јас барем имам користено Шелер и Лавера исто така, производите се водат како целосно природни и органси, не содржат парабени, не содржат минерални масла, не содржат вештачки бои и мириси. Затоа миристаат лошо, затоа никогаш не се расипуваат и затоа можеш и на леб да ги намачкаш и изедеш и ништо да не ти биде. Затоа и се толку нежни со кожата, мене обичен гел за миење лице од Нивеа или Лореал ми го суши лицето, ми се лупи, перута и ме чеша. А еве од Шелер гелот со калинка, и од Лавера геловите за миење лице не ми се случува тоа со лицето. Напротив, нежно ми е, меко и смирено. Ќе признаам дека не чистат толку добро како другиве гелови што содржат повеќе хемикалии, ама со два пати миење излегува се. Јас лично сум презадоволна од овие две козметики за нега на лице и ќе продолжам да ги користам. За мене едноставно не се штетни, а и да се кога ми пријаат на кожата неможам да се замарам и да ја истражувам веродостојноста на нивните состојки. На крај креава ако се прави се заради профит, по логично ми е да компаниите се борат да состават по квалитетен производ кој би се трошел многу повеќе од оној со соминителен квалитет и сомнителни сосотјки. Ниту ги знам толку детално токсичните состојки, ниту ме интересираат. Досега не сум слушнала да умрел некој од паста за заби или од крема за лице од позната марка. За оние сомнителните што се продаваат на врата или по пазари неможе да се гарантира. :)
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Можеби, не велам не, можеби се на природна база. Искоментирав во однос на тоа со квадратчето кое означува дали се на природна база или се со хемиски состав. Моментално и јас ја користам кремата на др. Шелер и искрено не сум воодушевена, сепак зависи и до кожата :) .
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.100
    Мит е тоа за квадратчето. Квадратчето не означува ништо, бојата е случајна, чисто за да го идентификува машината е. Не се лажете по него.

    Инаку Мимс не мора да значи дека лицето ти реагира така само затоа што е органска козметиката или не знам што, може само да значи дека не ти одговара или ти одговара.
    А од органските со утврден квалитет се само Хаушка и Логона, останатите сепак содржат хемикалии, парабените не се мерило да лошо или добро, не ми текнува во моментов како беше ознаката за најштетната хемикалија што ја содржат многу козметики,а се водат под природни и не содржат парабени (да не ви наведувам извор, немам право на истото,ама штом од таму ми рекоа амин за овие две дека се навистина од збор, немам коментар).
    Па дури и Алвердето на ДМ е со утврден квалитет,иако е така евтина. Јас баш мислев дека е нешто онака, лажно, баш се чудев кога ми го потврдија дека навистина се еко и био производи.
     
    На simoncelicius и anggell им се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    @ Nymeria што се однесувa до хемотерапијата каде ти најде доказ дека некого потполно го излечила од било каков облик на рак? Хемотерапијата не гарантира дека нема повторно да се појави ракот,уствари штетата од хемотерапијата на природниот имунолошки состав и на остатокот од телото му шкоди што значи дека ракот или некој друг облик на рак ќе се врати повторно. Хемотерапијата е само една неуспешна парадигма за лечење на ракот,што покушава да го реши истиот само со тровање,сечење/ или горење на симптомите. Од сите три,хемотерапијата е секако најчесто користена опција. Просенчен онколог (приватна пракса) остварува 75 % приход од маржа на хемотераписките лекови кои ги купува по набавна цена. Значајно е дека во едно истражување 75% онколози изјавиле дека не би користеле хемотерапија за нивниот потесен круг на семејство, доколку би имало потреба и никогаш не би ја препишале баш и заради самите нус појави која таа ги има како таква.Немој да ми кажеш дека хемотерапијата не е голем бизнис за самите доктори ,болници и фармацевтски компании,зошто самата медицинска каста сака сите да го следат тој ист точен протокол,и не сакаат да видат како хемотерапијската индустрија пропаѓа,тоа би било препрека за напредување No 1. во онкологијата! Јас ова не го измислив ова е изјава на познатата докторка Glena-e Warner. Научниците исто така откриле дека хемотерапијата ги погодува станиците на ракот кои се веќе на прагот на самоуништуваењто. Во една студија објавена во едено онлајн списание Science 27,доста истражувачи откриле дека ракот кој се ближи кон граница за програмирана смрт по пат на апоптоза,е подложна од користење на самата терапија за разлика од они кои не ја достигнале таа фаза. Еве што значи апоптоза на кратко
    Apoptoza, ili programirana stanična smrt, je normalna komponenta razvoja i zdravlja višestaničnih organizama. Stanice umiru kao odgovor na različite podražaje i tijekom apoptoze to čine u kontroliranim uvjetima. To čini apoptozu različitom od drugih oblika stanične smrti kao npr. nekroze u kojem nekontrolirana stanična smrt dovodi do razbijanja stanice, upalne reakcije i, potencijalno, do ozbiljnih zdravstvenih problema. Apoptoza, nasuprot tome, je proces u kojem stanice igraju aktivnu ulogu u vlastitoj smrti -što je razlog zašto se apoptoze često nazivaju samoubojstvo stanica

    Што се однесува до флуорот не одстапувам за тоа што го реков погоре,зошто јас самата не го измислив,први флуорот почнале да го ставаат нацистите и во жидовските гета и во концентационите логори. Гестапо уствари имал многу малку воља да се грижи за детските заби,на него му била поентата да се створи масовна медикација на луѓе кои би ги СТЕРИЛИЗИРАЛЕ да би можеле да ги присилат да бидат послушни,мирни и да се понашаат како стока пред колење. Ти ја препорачувам да ја прочиташ книгата The Crime and Punishment by I.G. Farben од Joseph Borkin која е доста шокантна!!!
    Крајот на 30-те години Хитлеровите нацисти имале визија дека светот ќе биде контролиран кроз нацистичка филозофија и пангрманизам. Германските хемичари не за џабе работеле на тоа да имаат масовна контрола која била одобрена од старана на главниот стожер на германсаката војска. Планот се состоел во тоа да било во кој регион ,популацијата да се контролира по пат на медикација низ водоводната опскрба.Редуцирале стерилност кај жени и во оваа шема натријев хлорид заземал многу големо место. Сакаш да ми кажеш дека тоа било чисто сличајно? Да,сигурно им мислеле добро. Главната причина позади оваа вода зачинета со флуор е се само да би се редуцирал отпор на луѓето и да се има масовна доминација и контрола. .Инаку јас воопшто не се ослонувам на она што го пропагира Америка. Конкртно се што е пропагирано од таму за мене е булшит :emo:
    Дури и во сосема мала количина,натриј флуорид е смртоносеН отров против глувци кој нема ефективен противотвор.Секој научник знае дека тој е најефективен во убивањето на глувци. Натриевиот флуорид е во потполност подруг од органскиот калциум флорофосфат кој е потребен во наште коски и заби како и во нашето тело за ние да би биле здрави мила моја Nymeria. Овој органски спој се добива со конзумација на природна исхрана и кујнска сол. Тој не се топи во вода но затоа се асилилира во цовечкото тело.Неорганскиот натријев флуорид ,кој се користи за флуоридација на водоводните цевки е моментално ОтровВ за нашето тело и он во потполност се топи во вода. Телото ја одбива неговата асимилација. Со добронамерно лабараториско истражување утврдено е дека натријев флуорид ни ги штити нашите заби,водата со флуор ги уништува забите пред самото растење на децата и потоа кога ќе
    пораснат,овој отров (заедно со другите патолошки болести) у ствари им штети на забите и на здравите луѓе т.е. во глобала ни го уништува целиот телесен и психички состав. Како тогаш ТОА можеме да го нарекуваме добар здравствен план? Што се крије позади тоа?!

    Пак ќе нагласам тоа Е МОЈ СТАВ а вие како сакате! Ние дома поставивме систем за прочистување на водата. Зошто да не се штитам свесно ако можам?

    пс.се извинувам за долгиот пост :$
     

    Прикачени фајлови:

  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ете очигледно и ти си експерт и за флуор и за рак.
    Прво едно да разјаснам, зборував за флуор во паста за заби кој не го администрираш орално, туку се „премачкуваат“ забите со него, значи не влегува во систем во крвоток.
    Друго, како што и кажав претходно, било што ако земаш премногу може да те убие. Верувам дека нацистите исто така давеле евреи во вода, пробај и тоа не пиј. Нормално дека ако некој администрира 200 грама флуор ќе умре од труење, затоа се дадени тие проценти и тие безбедносни дози. Трето, јас никаде не наведов дека се согласувам со се што пропагира Америка, туку ти дадов конкретен пример за примена на флуор и тоа и органска и површинска во Скандинавските земји, кои патем се наоѓаат во Европа, на север и се моментално на врвот на развиток и стабилност, не за џабе Шведска е најголема мета за емигранти, што и нема голема врска со темава ама веќе кога почнавме. Или можеби ги придобиле со перење мозок со флуор, не знам, ти најверојатно подобро знаеш бидејќи се пишува на интернет, прочитај и повели кажи ни.

    За ракот, не ме терај ни да започнувам бидејќи можам предавања да држам на таа тема, бидејќи пред се ја имам студирано таа тема. Механизмот на делување на ракот е апоптоза, и секој канцер се служи со истата, не знам како да ти објаснам попросто, значи кога веќе имаш рак тие неколку клетки вршат самоубиство и ги убиваат тие околу нив, не можеш да поделиш рак кој врши и рак кој не врши апоптоза. Хемотерапија, радио-зраци и хируршко отстранување се моментални лекови кои се официјални и одобрени од СЗО, која патем е составена од лекари кои имаат години и години искуство и кои цел живот се посветиле на медицина, ама ако сметаш дека ти повеќе знаеш од нив, или некоја интернет докторка од интернет сајт, во ред. Не дај боже да дојдеш до тоа да треба да се лечиш, верувам дека кога ќе имаш шанси да се излечиш нормално ти нема да се мислиш чекај дали ова беше светски заговор. Хемотерапија и радиозрачење се употребуваат во крајни случаи, а како што знаеш ракот не е обична кашлица, најчесто се открива кога е доцна, значи кога веќе ништо друго не успева, се употребуваат хемотерапијата и радиозрачењето, кои што се високо токсични за клетките на ракот, НО и за другите клетки за жал. Организмот ако е јак ќе се избори со овие нуспојави да ги наречам, ако не, за жал, најчесто луѓето умираат од други компликации кои се директна последица на таа терапија. Да имаше подобар лек, ќе се препишуваше и никој немаше да умира од рак. Твое е дали ќе ризикуваш да веруваш во теории на заговор, твое е дали ќе ризикуваш да се подложиш на хемотерапија, бидејќи секоја терапија е со согласност од пациентот, никој никого не приморува за да има директна заработка од тоа. Хемотерапевтиците се ненормално скапи, бидејќи едноставно се, начинот на нивната изработка го налага тоа, а не докторот заработувал на сметка на болниот. Идеален лек за рак е оној кој цели кон неговите клетки и ги убива само тие. Таков лек сеуште не е измислен (или можеби е ѕирни од тоа сајтчињата ќе најдеш).

    Во идинина, за да нема понатамошни спречкувања, ве молам не преведувајте статии што ги има на Босански кухар, мојата убава градина и кои и да се групи и страници на фејсбук каде се шири ваква пропаганда. Користете природно и органско, ама барем не ширете дезинформации за другото, бидејќи ниту се разбирате ниту вие го правите. И пак ќе напоменам, се што се купува во продавница, е хемија. И тоа со етикета органско и тоа без. Во секој производ има конзерванси и вештачки ензими кои штетат најмногу, ама мора да ги има за производот да може да постои во различни услови и да не се расипе за една недела.

    Јас разбирам дека сите сме подложни на загадување денеска, ама ако до толку сте радикални и се откажувате од паста за заби со флуор, барем земете изгаснете го компјутерот на кој го читате ова бидејќи до сега со помош на него си ја зголемивте шансата за рак за некој процент, бидејќи електрониката зрачи, посебно пак таа кинеската, која е насекаде, сакале ние или не.
     
    На LadyFlame, baby-star, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има една поучна реченица: Ако не можеш да го јадеш, не го ставај на кожа.

    Ете, според тоа може да се види колку (скоро сета) од козметиката што ја шлапаме на нас е ‘здрава‘.

    А, за флуорот нема ништо здраво и корисно. Се тоа е краткорочно. И целта не му корисна, туку штетна на подолг рок. И најдобро е скроз да се одбегнува.
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    @ Nymeria Далеку сум од експерт, но се трудам да живеам здраво и свесно! Чим си медицинско лице тука ја завршувам дискусијава со тебе баш поради тоа што несакам да се надмудрувам .Сепак имамаме поинакви ставови,впрочем ова е форум нели ? Секој може да си го искаже мислењето или,не?
    Мајка ми почина од рак мила,и беше зрачена. Познат наш специјалист и професор кој нема да го именувам 5 месеци пред да почине ми кажашто всушност значи хемотерапијата и кој бизнис е тоа, ама веќе беше доцна.
     
    На koritsaki и Silver.E им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Жал ми е за мајка ти, добро е тоа што се трудиш да живееш здраво и свесно, ама мојата поента не беше да се надмудрувам туку да укажам дека не се што е етикетирано како здраво или озлогласено нездраво навистина е така. И не сум медицинско лице.
    За терапијата, јас имам чичко кој почина од хемотерапијата заради тоа што не можеше да ја поднесе неговиот организам, му откажа срцето. А имам и друг чичко, и мајка на другарка ми кои двајцата се излечија со токму со хемотерапија, вториот случај имаше и зрачење дури. Сега моментално фала богу немаат никакви знаци од рак. Значи сепак, може и да помогне а може и да одмогне.
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Лилит јас кажав дека не сум до толку упатена да знам дека е 100% природен производот, кажав само дека го сметам за квалитетен производ и дека мене ми одговара, па макар имало во него и милион токсични хемикалии. Незнам, не се замарам едноставно, не се пазам од креми и шминки затоа што се ми е тоа некако залудно. Што дека цел живот ќе живее некој во стаклено ѕвоно и ќе се пази што јаде, што пие, со што се мачка итн... утре може кола ќе го лупне. Па и дома да земеш да праиш крема за лице ако не си го имаш сам одгледано растението пак нема да знаеш дали е прскано со песитициди и на каква почва е одгледувано, па и у двор да земеш да растеш нешто пак неможеш да бидеш сигурна дека мачки и кучиња не ти ги мочкаат растенијата. :lol:
     
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Совет: немојте Daily Mail да го користите како извор на информации. Тој е еден од наозлогласените сензационалистички британски таблоиди.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Но тоа е суровата реалност на алергиите, не е се само чешање и кивање, туку буквално може да те убијат за неколку минути. Илјадници ја користат истата таа фарба но ете се случило оваа несреќна жена да биде фатално алергична на некоја од состојките. Јас сум алергична на пеницилин а милијарди го користат без проблем.
    И сосем се согласувам со феминката над мене, Daily Mail е жута штампа, интересен е за читање ама не треба да му се верува.
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Нормално дека ако си алергичен на нешто можеш да развиеш шок па да те мисли господ. Затоа треба добро да се читаат состојките и тие што се алергични на нешто, да го избегнуваат. Ако не, и јагоди не јадете, ниту кикирики, бидејќи тие се едни од најопасните состојки кои може да ги внесете во организмот...ама САМО ако сте алергични. Исто и со фарбата од Лореал, не значи дека сите ќе паднете во кома после фарбање, туку само тие што се алергични на некоја состојка (што сепак е релативно дали ќе паднат во кома). Тоа е грешка и непретпазливост на купувачот, не на производителот.
    Мислам, жални ми се вакви статии кои не се медицински поддржани, ама некој што не се разбира се лаже.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.637
    Пол:
    Женски
    На страна алергиите на конкретни состојки на козметичките производи, ама дали сте помислиле дека на долги патеки и тоа како се труете со хемикалиите кои 99% од козметиките ги содржат? Ваш избор секако. Сега демек ќе го оправдате тоа што жената била во кома од фарбата, и таа е виновна само затоа што не ги читала состојките? А можеби и не знаела дека е алергична? Небитен е тука изворот на информации, дали е жолт печат или респектиран дневен весник, тоа може се случило, може не се случило, ама ова вашево жената е крива |( купувачот |( Можеби само таа фарба ја користела последните десет години? Ете, одеднаш пројавила алергија - може секому да му се случи. Пудрата што ја користите со години, на пример, може утре да ве разболи, односно да ви се појави алергија - едноставно организмот си реагира. Да, секогаш постои опасност од појава на алергиска реакција на некој производ - после првиот, после десеттиот, стотиот пат на користење на истиот.
    Ај малку чукнете си ги главите за тоа што се ставате на себе... ете, јас се залетав да го земам лакот на Евелин за зацврстување на ноктите - читам содржи 2% формалдехид. И баталив. Подобро кршливи нокти отколку секојдневно труење со канцерогени состојки. Она што можам да го избегнам, го избегнувам. И сигурно и жената немало да ја купи таа фарба да знаела што ја чека.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Кој па вели дека 100% треба да се верува на жолт печат (било кој) ама зошто да не се земе во предвид? Не секогаш знаеме на што ќе станеме во иднина алергични ама зошто да не се заштитиме навреме. Испаѓа ние сме ИмбецилИ што се пазиме од штетни состојки, било да се од храна која е полна со конзерванси,било тоа да е козметика |(
    Ама секој како сака,со своја глава размислува. Јас слепо не верувам во медицината иако еве Ана ќе ја извдојам дека неизмерно ја почитувам иако не ја знам а сепак е медицинско лице доста свесна и реална личност!
    Ќе се оградам од пединечни коментари зошто гледам во последно време во многу теми кога ќе се развие одредена дискусија,доаѓа до караница па темата ја губи смислата ;)
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Далеку од тоа дека сакам да настане некоја тензична ситуација ама ме интересира вашето мислење. Во текстот е напишано дека ППД хемикалијата е присутна во 99 % од фарбите, дали вие сега ќе престанете да се фарбате? Или ако не се фарбате сега, дали тоа значи дека никогаш нема да користите фарба од страв да не ви се случи и на вас нешто вакво? Јас лично не би можела да не се фарбам, уште немам седи влакна но навистина не си ја сакам природната боја на коса.

    Сосем се согласувам со тебе и со Mama25, мораме да бидеме информирани за штетните состојки (не припаѓа во темава ама откако пред две години прочитав што се трансмасти и што прават, тотално ги избегнувам! Ако видите некоја во плавуша во Веро 2 како стои пред штандовите и чита состојки, тоа сум јас :D ), зборот ми беше дека некој ризици не можат да се избегнат