1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Токсична козметика

Дискусија во 'Тело' започната од Mama25, 4 јуни 2012.

  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Апсолутно не сте имбецили вие што се пазите, и треба да се пазите од секакви состојки, проблемот е што некој тоа многу лесно го користи со цел да профитира, а реално не нуди ништо поразлично.
    Во врска со тоа кој е крив, дали купувачот или производителот... производителот не може да знае кој на што ќе развие алергија, бидејќи алергија може да се развие на било што и тоа како што кажа и Анат и по долгогодишно користење, така што не гледам како може производителот да биде крив. За конкретниов случај со фарбата, тоа е чист пример како се лажат луѓе, некој што не е информиран околу алергии и шок веднаш ќе ги избрише Лореал на пример од листа на производи, и ќе се лаже по некоја поскапа фарба демек од органско потекло, а без некоја нужна потреба.

    А за конзерванси, од конзерванси нема бегање па колку сака нека ви пишува органско потекло, еко производ и било што. Штом стои на полица повеќе од 2 недели а не се расипува, има конзерванси дефинитивно.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    и јас внимавам колку можам ама некои состојки неможат едноставно да се избегнат, ги има буквално во секој производ, дури и бебешки. Друго што сакам да кажам еве кај нас Бекутан се смета демек како безбеден па сите мајки почнуваат децата со тоа да ги бањаат а всушност содржи парабен на големо, на еден наврат им пишав на нивната фб страна за ова во рок од пола секунда коментарот ми го снема ;) си ја имаат мувата на капата ]:)
    Така да оние кои не знаеле,или не забележале да им укажам доколку сакаат да се заштитат од штетни материи како парабенот да не користат Бекутан :!:
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    И јас сум за тоа да се внимава, но искрено не знам и сама да одредам што е фама и ширење на интернет хорор, а што вистинска опасност. Некако се обидувам здраворазумски да пресечам што да купам, а што не. Од конзерванси не се бега, и баш од научна емисија на дискусија темата ми остана во глава една реченица: заради замена на производи кои се (со право или не) оцрнети, производителите ставаат други кои се помалку познати, но и помалку испитани (а може накрај да излезат и поштетни од заменетите). Како пример беа дадени некои "зелени" и "еко" замени на тефлон, на парабени и неколку други состојки. На крај човек не знае од што се да се штити.
    А дека во секоја храна којзнае што внесуваме се потврдив и минатиот викенд - имав малку останат купен леб, но од мерак направив и домашен во пекачот (за кој секако точно знам што ставив). Јадевме што јадевме, и на крај двете останати парчиња ги ставив во иста ќеса. После 3 дена домашиот беше целиот мувлосан, на другиот, иако и постар реално, немаше ни точка. И што после... едноставно не сакам себеси да се донесам во состојба на параноја (а во ситуација на преконтаминиран воздух, почва и многу хемија насекаде, прелесно би било).
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас стојам на ставот дека треба да се внимава, да се пребира и да се бара подобро.
    Некој органски производ можеби не е најприроден, ама барем е дупло подобар отколку обичниот.
    Барем да не содржи парабени, вештачки бои, вештачки масла и слично. :!:

    Јасно е дека не можеме да се заштитиме скроз, ама тоа не е оправдание. Колку од колку треба да се пази... :)

    Погоре беше пишувано за фарбата. Не сфаќам како некоја 25-30 годишна жена ќе рече: Ама морам да се фарбам ! Па, на 25 ли ви обеле косата? :?: :^) Или едноставно не ви се допаѓа вашата природна боја? ЗНачи не мора да се фарба. Од мода, каприц, е нешто друго... Ама, дефинитивно не се работи за потреба.
    Штетата во фарбата не е што и штети само на косата. Туку и на кожата на главата. Тие хемикалии навлегуваат и внатре, а баш на главата е најштетно. :tmi:
    Јас досега два пати се имам исфарбано (од желба за промена) и никогаш повеќе. :)
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ама.. ама... јас навистина не си ја сакам мојата природна боја... :) Шега на страна, се согласувам со тебе, фарбата е хемикалија и не е најздрава, дури и се поврзува со појавата на рак на бешика кај жените, а муабетите за тоа кој зошто се фарба ќе ги оставиме за некоја друга тема :) но реално ние превземаме ризик со се што конзумираме, од леб и млеко преку козметика до лекови.
    Листајќи ја темава со мислите си се навраќам кога бев во средно, колку често со другарките, враќајки се прва смена од школо, поминувавме од пазар и си купувавме евтини шминки, абе очи не печеа, од тоа кармините сто херпеси ни излегоа, сјаевите се усмрдуваа после три користења ама ние си немавме галје тогаш. Којзнае од каде биле донесени тие шминки и можам да им замислам состав :?:
     
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Nausicaa се кладам дека е не си во право дека природната боја на коса не ти стои добро али све е ствар на вкус :) Што се однесува до фарбите кај нас нажалост тешко да најдеш органска фарба,дури и к`ната не е сигурна. Инаку има на Амазон фарба на Санте еве повели линк

    http://www.amazon.com/Sante-Herbal-Hair ... B000VYBGIK има неколку нијанси, и ова му доаѓа нешто како к`на која е на листа за најбезбеден препарат за бојадисување на коса исто има неколку нијанси,како и шампони за фарбана коса
    http://www.amazon.com/Light-Mountain-Na ... B001ET7N6A


    проблемот е што ги нема кај нас,е сега со каков инензитет се и колку траат незнам.
    Логона исто имаат фарби кои се водат како безбедни но содржат парфем кој може исто да доведе до разни иритации,алергии итн.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Нуашница, те разбирам, и ете и самата си свесна за штетноста. :)

    К‘ната порано била чудо за косата. Велам порано, зошто сега за 50 ден. на пазар ќе купиш к‘на која е чиста хемикалија.
    Порано била исклучиво природна, а не знам колку сте слушнале, ја правеле дури од измет од камила и друго.
    И затоа Индијките кои најмногу ја користеле имале најубави, густи, долги коси.

    Воглавно, к‘ната е позната како мелем за косата, ја заштитува од надворешни влијанија, од паѓање, и дава густина, огромен сјај.

    Но, сега тоа е скоро минато. Одвај да најдеш оргинална к‘на, и таа е поскапа (околу 500 ден. и нагоре).
    Но, сепак, кој инсистира да се фарба, подобро да набави вистинска к‘на отколку обична фарба. :)
    ***************************************************************

    Има и други методни на менување на бојата на косата (да се осветли, потемни) со маски со какао, лимон, диви костени, оревови лисја, итн. Само треба да се побараат рецептите.

    Јас имам ставано летото маска од масло (какво имав, такво, маслиново, кокосово) со какао. И навистина косата многу и се осветли, доби преубава боја, преубав сјај. СИте ме прашуваа каква фарба имам на мене, никој не веруваше дека ја немам фарбано. :$
     
    На Mama25 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Да прашам, јас не се потам многу, немам такви проблеми, но обавезно користам стик.
    И потоа ја осеќам кожата дека ми е запурена, нездрава, угушена...како да се искажам...А, и стиковиве се прештетни со нивниот алуминиум.

    Имам користено природни (и многу поскапи), но ми мирисале многу силно, не по мој вкус (поради етеричните масла во нив)..Користено имам и камен.

    Имам слушнато дека некои ставаат бебешка пудра. Пробав и се замирисав со еден чуден, грозен мирис.

    Каков начин имате вие кои барате алтернативно решение ? :?:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.960
    Пол:
    Женски
    На Tam4yy, Silver.E, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Silver.E јас го користам овој на Алверде рол -он без алкохол со ориз и гел од алое. Наменет е за осетлива кожа. Нема никаков мирис кога ќе се нанесе на кожа. Јас го користам долго време не држи којзнае колку ама ако не се потиш премногу колку за заштита е одличен. 10 сати држи со сигурност еве сликче

    Едит: И идејава на Ана ја читав скоро и се спремам да ја направам само да го дотрошам ,одлична идеја е и вреди да се проба !
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath и Silver.E им се допаѓа ова.
  11. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Сакам да прашам нешто во врска со темава.
    Бидејќи имав одамна слушано дека е штетна козметиката не ставам никогаш шминка, пудра, креми за лице и друга козметика. Затоа што тоа е така најчесто гледам да ставам домашни маски ако има потреба, тоа се да биде од кујната но додека живеев со моите цело време се карав со татко ми кога требаше нешто да ставам затоа што не било здраво, а од друга страна па имав слушнато неколку што ми се пожалија дека пудрата им го исушила лицето, им направила дупки, од креми кожата се правела со брчки и страв ми е било што да ставам на лицето, додека пак тетка ми работи со козметика има салон и цело време ми вика да ставам креми :sweat: Што правите вие? Користите домашни пилинзи, третмани или?
    Може сум офф топик но несакам да отварам посебна тема..
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    Можеби татко ти ти посочувал за одредени работи кои не е препорачливо да се користат на одреден начин. Но природното е најдобро, само е исклучително важно да знае да се подготви на правилен начин.

    Како што можеш да забележиш според пишувањата низ темите, нема кој не користи креми, пилинзи, млека за тело и туширање односно, (да скратам) препаративна и декоративна козметика. Важно е да не се претерува и да не се оптоварува кожата со дупли препарати. Пример, после измивање на кожата со млеко за туширање, нема потреба да се нанесува млеко за тело бидејќи би требало да го има истиот ефект.

    Кремата е добро да се нанесува за да се заштити кожата од надворешните влијанија. Овде треба да се внимава на кремот да биде во опсег на годините кои ги има оној кој го користи. Не смее некој кој има 25 години да користи козметика наменета за зрела кожа која е 40 или 50 години. Ова е исто важно и кај пудрите за лице. Големата покривност не значи дека пудрата е добра туку штом има толку голема покривност, сигурно не е наменета за покривање на мал недостаток, туку за визуелно намалување на брчки кои се појавуваат во подоцнежните години.

    И маските и кремите подготвени дома можат да бидат штетни ако се измешаат различни и недозволени работи, а со тоа ефектите кои ги имаат може меѓусебно да се поништат.
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ставај креми :) Ти си уште многу млада но треба да почнеш да ја негуваш кожата и полека да ја спремаш за првите брчки.
    Јас бидејќи имам многу сува кожа на лицето од 18 години се расправам со секакви козметики, ги имам пробано сите можни домашни рецепти за справување со чувствителна кожа и можам да кажам дека сум многу позадоволна од купечките одколку од оние што сама сум си ги правела, што пак не можам да го кажам за препаратите за нега на коса - купечките може вода да им носат на тие што сама си ги правам. Исто така, мене течната пудра во зима ми ја заштитува кожата од ладно, едно е кога ќе излезам надвор со само нанесена крема а сосем друго е кога имам пудра.

    Убаво информирај се за различните продукти, за што се наменети, за кој на тип на кожа се наменети (не дај боже сува кожа да ја чистиш со средства на чистење на мрсна :worried: ) и секогаш имај во предвид дека тоа што мене ми е супер тебе може нема да ти чини, и обратно - на пр, јас се утепувам од плачење од хидратантни креми а колку девојки се колнат во нив :)

    А што се однесува до шминките, јас би ти рекла да не чекаш ни ден и уште утре да одиш да си накупиш цел куп зошто ако сега не експериментираш, кога? :)
     
  14. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Факт е дека козметиката е штетна.Некогаш џабе се лажеме дека ако купиме поскапо ќе биде подобро.И нискобуџетната козметика и онаа со астрономски цени содржи штетни хемикалии.Чаре?Користете што е можно помалку купечка козметика, правете си дома.
    За вадење шминка може растително млеко*(од бадем,лешник,ореви,кокос) или маслиново масло на памукче.Одлично се вади шминката ,не печат очи и негува плус.
    За тело и раце исто може растително млеко или кокосово масло или кокосов путер.
    Пилинг:шеќер или сода бикарбона измешани со малку вода,растително млеко или маслиново масло
    Лосион за акни:чаша вода и лажичка сода бикарбона(истово може да се користи и наместо гел за миење лице или сапун ,со тоа што се одмива со вода ).Имаше и еден рецепт со јаболков оцет и вода ама не ми текнува соодносот
    И да не повторувам , за стик рецептот погоре со кокосово масло и сода.Ако ве мрзи да го правите може и така сода бикарбона да се нанесе.

    *ќе заборавев , еве рецепти за растително млеко многу лесно се подготвува http://tinkturedrsulca.com/2013/12/25/biljna-mleka/
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Го направив антиперспирантот, па да кажам како излезе:

    Во мал сад ставив 2 лажици кокосов путер, откако се стопи го тргнав и ставив 3 лажици нишесте (густин) и 3 лажици сода бикарбона.
    Јас користев помали супени лажици, за почеток да не правам многу.

    Смесата убаво ја мешав да нема грутчиња, изгледаше како смеса за палачинки отприлика.
    Потоа ја ставив во мало кутивче од крем, обложено со кесе, за да можам да го вадам како од калап.

    (Значи ми дојде во форма како тркалезно сапунче и сега во тоа кутивче си го чувам на собна температура, зошто во фрижидер премногу се стегна и не се размачкуваше лесно).

    Сите денови се мачкам само наутро и потоа немам потреба, мене навистина ми држи, нема мирис (можеби преминимален на кокос, речиси неосетлив).
    На алиштата не ми остава никакви флеки, засега ништо не сум приметила.
    Под пазуви се осеќам природно, здраво, а не запушено како со купечките.

    Негативност е што кога се мачкам малку ми се прават ронки и што кожата е мрсна во моментот.

    Засега сум задоволна. :)
     
    На LittlePinky, AnimalLover и EMoonlight им се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.775
    Допаѓања:
    8.783
    Пол:
    Женски
    Најчесто се залетуваме ако нема парабен и сметаме дека производот е сигурен. Јас кога седнав и кога разгледав кои состојки се штетни ми се заврте. Парабенот е многу помалку штетен за разлика од Polumentyl и Methacrylate.
    Секоја состојка има по нешто штетно а некои можат многу да наштетат како на пример појава на рак.
    Мислам дека се уште не знаеме како точно треба да се заштитиме. Има многу неразјаснети факти, поточно не се кажуваат. Јас премногу внимавам на се, понекогаш ептен ме напнува што сум преоптеретена, затоа што знам како изгледа личност кога се бори со тешка болест :doh: , и затоа премногу се плашам. :worried:
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, точно е дека поголемиот број на препарати се токсичнии и за да го дознаеш тоа треба да ги познаваш штетните состојки кои голем број на компании ги употребуваат во своите производи (нафтени деривати, течен парафин, силикони ПЕГ итн). Јас лично се занимавам со таа работа и веќе 9 години истражувам (и сеуште учам нормално не сум експерт), но доколку ви е од помош еве ви линк од она што јас го научив досега.

    1. листа на штетни состојки во козметичките производи (комплетна листа на се она што треба да се избегнува) http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html

    2. органска и природна козметика (на што треба да внимаваме при изборот, сертификат за гаранција од страна на светски познатите фирми за сертификација) http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_4.html

    Е сега што се однесува до линковите кои ги имаш приложено неуспеав да ги разгледам ( еден часот е и немам време ми се спие) ама ќе го сторам тоа затоа што сакам да знам кој ги направил и врз база на какви докази се направени. Ме чуди за Хаушка, според мене е најчистата козметичка линија, ама како што реков не коментирам за сајтот пред да видам врз кои критериуми оценуваат. На крајот на краиштата секој има право на свое мислење и сами одлучуваме што е она што ќе го прифатиме и во што ќе веруваме. Јас се водам според три реномирани сајтови за оцена на токсичноста на состојките креирани од италијански хемичари и експерти за органска козметика кои долги години работат на ова поле и се советници на многу компании за органска козметика (ќе ги најдете во статијата за органска козметика).
    Поздрав и се слушаме повторно.
    п.с. убаво е што се отвараат вакви теми, треба секогаш да си ги споделуваме мислењата и да учиме едни од други. Тоа е поентата.


    @ Numeria Прекрасно речено. Според европските закони (а се надевам и светски) козметичките компании се должни апсолутно да наложат што ставиле во козметичките производи, ако не ги казнуваат инспекции (се надеваме). Затоа читајте ги декларациите, тоа е единствено нешто што ни помага. Потоа една состојка може да биде агресивна сама но доколку е добро избалансирана во комплетната формула не е штетна и обратно, еден природен производ доколку нема добро избалансирана формула може да биде многу поагресивен отколку корисен.
     
    Последна измена: 23 март 2015
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво Нумерија има конзерванси и конзерванси односно природен и вештачки начин на конзервирање. Голем број на козметички производи имаат опасни и штетни конзерванси (традиционалната козметика) која и по отворањето на производот може да го користиш до 3-4 години. Предноста на органската козметика е тоа што по закон не смее да содржи штетни конзерванси туку производителите мора да најдат природни начини за оддржување на стабилноста на производот. Ќе ти објаснам и зошто. Во светот има голем број на институции за органски сертификати и тие забрануваат употреба на било каква штетна состојка во самиот производ, така да производителите на органска козметика користат една природна техника на оддржување на стабилноста на производот како формулата вода во масло (или масло во вода) како и самата амбалажа на производот која ја помага во тоа. Значи маслата се еве таканаречени конзерванси (не ми се допаѓа тој збор па затоа користам оддржувачи на стабилност). Втора состојка која ја одржува стабилноста на органските производи е алкохолот кој е масовно застаперн особено во германската органска козметика (а Германија е земја бр.1 која инвестира во органска козметика), кој пак е додатно ублажен и избалансиран со маслата. Затоа и органската козметика трае, а не е штетна. Еве ти и друг пример. Кога правиме домашни производи во тегли, купечките содржат конзерванси а домашните не...зошто??? Затоа што како конзерванс ги употребуваме оцетот, зејтинот и солта. Теглите траат а се многу поздрави од купечките нели. Од огромна важност е што ќе ставиш во еден производ, а исто така и како ќе го заштитиш од расипување. Големите компании со малку пари прават производ па ставаат хемиски конзерванси и бои, а сепак скапо ги продаваат своите производи, додека органските компании ставаат квалитетни масла (барем поголемиот број од нив) и сепак искрено наплаќаат за своите производи кои се понекогаш и доста поевтини од традиционалните. Не вреди ништо ако јас направам и продавам крема во која сум ставила и Q 10 ако ја наполнам со силикони и нафтени деривати, можам и дијамантен прав да ставам ама таа крема не вреди..штетна е за кожата.
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Јас најнапред им се извинувам на модераторите на овој форум ама незнам како да ги ставам сите цитати во еден пост...уфффф...така да ќе одговорам овде (а некој ако знае го замолувам да ми каже како затоа што не сум баш експерт за технологија).

    Драга морбгот 666 креми секако дека треба да се користат (нензам колку години имаш) меѓутоа важен е изборот на самата крема. Секако треба да се избегнуваат креми со силикони, нафтени деривати, парабени...но за среќа постојат и многу природни креми кои во својот состав содржат квалитетни масла и пред се добро избалансирани формули (а тоа е најважно).
    МНогу е важна секојдневната хигиена на лицето, миењето со многу нежен чистач на лице и тоникот.
    Пудрите верувај ми се број 1 причина за проблеми со кожата, затоа што поголемиот број од нив на пазарот се штетни и ти ја запушуваат кожата. Постојат и органски пудри кои не ја запушуваат кожата туку ја оставаат да дише. Јас лично ретко ги користам затоа што не сум баш многу љубител за секојдневна употреба ама кога ги ставам тогаш секогаш бирам квалитетен производ. Доколку немаш многу за покривање а имаш масна кожа ти препорачувам употреба на минерална пудра како на пример онаа на алверде, а доколку сакаш течна пудра тогаш онаа која мене најмногу ми се допаднала е онаа на Др. Хаушка која е многу лесна и идеална и за преку ден. Исто така ја обожавам и пудрата на бенекос (германска марка ) ама ја нема во Мк па да не зборувам за џабе.
    Традиционалните пудри содржат силикони кои кога ќе ги нанесеш на кожата ти даваат лажен ефект на мазно и убаво (создаваат еден вид на маска или заштитен филм) а кожата сиротка под нив не дише. Се суши, се создаваат црвенила, црнки, бубуљици и што се не. И луѓето се принудени утре пак да ја нанесат истата пудра за да ги прекријат овие неправилности, овојпат во поголема количина, а не знаат дека таа е причина за целиот хаос на лицето. И така стануваш зависник од производ кој само ти штети.
    Користи приоизводи за нега и убавина, и треба да користиш, ама избирај паметно.
    Поздрав
     
  20. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Гледам дека добро се разбираш од штетните состојќи во козметиката, можеш ли да ми кажеш дали следнава крема има некои штетни состојќи..
    Aqua, Glycine Soja Oil, Cera Alba, Helianthus Annuus Seed Oil, Glycerin, Sorbitan Oleate, Polyglyceryl-3 Polyricinoleate, Sorbitol, Parfum, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Magnesium Sulfate, p-Anisic Acid, Sodium Hydroxide, Tocopherol, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate