1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Токсична козметика

Дискусија во 'Тело' започната од Mama25, 4 јуни 2012.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво кремава е во ред, според составот ми изгледа како детска или бебешка крема (кажи ми дали имам право). Состојките се добро избалансирани не содржи силикони, нафтени деривати, има убав микс на масла како сончогледово масло, бадемово, масло од соја, пчелин восок, екстракт од анис (претпоставувам го ставиле за мирис), витамин е (токоферол).
    Според мене е ок. Само кажи ми дали е од органско потекло. Те прашувам поради големото присуство на масло од соја кое доколку е органски производ во тој случај е без ОГМ, во спротивно има шанси да е генетски модифицирано (освен ако не е назначено на самата амбалажа дека е чисто). Поздрав
     
    На lovelygirl39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Да во право си, тоа е детската крема на Babylove. Ја користев зимскиот период кога кожата ми беше многу сува и ми се лупеше на одредени места, многу сум задоволна од негата и кожата ми се опорави. За тоа дали маслото е од органско потекло не можам да најдам ништо на опаковката, не е означено.. bild-babylove-reichhaltige-zartcreme-gesicht-und-koerper-data.png
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Ах ете бебешка крема, составот е многу убав и добро избалансиран, доста е нежен. Баш убаво не ја познавав оваа крема. Само да се провери за маслото од соја инаку се друго е супер. Ќе се обидам да прочитам на сајтот на дм или пак евентуално може да ги прашаме и на форумот ако се расположени да ни одговорат. Поздрав.
     
    На lovelygirl39 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Да добри се производите на Babylove. Оваа крема ја има со потешка структура, и полесна-leiche структура која е многу добра како подлога за пудра. Да секако, може да ги прашаме сигурно ке добиеме повратна информација. :)
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, со вас сакам да споделам една многу интересна статија за парабените во козметичките препарати, секако од моја гледна точка. Се надевам ќе ви се допадне и пред се ќе ви биде од корист. поздрав.

    Saturday, June 13, 2015
    Парабени во козметичките производи

    [​IMG]

    Здраво драги мои

    Овој блог го креирав пред околу 4 месеци со цел да ви ја претставам целата вистина за штетните состојки во козметичките производи, да на некој начин до вас го доближам концептот за природната и органската козметика, филозофијата и предностите која оваа козметика ги има пред се за нашето здравје, а потоа и за нашата убавина. За секоја од темите за која пишував детално се информирав, читав голем број на научни истражувања на одредени теми од страна на професионалци и хемичари кои лично ги почитувам. Пред извесен период напишав една статија за листа на состојки кои апсолутно треба да ги избегнуваме во козметичките производи (еве ви линк http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html).

    Во изминатиов период добив многу пораки од читателки кои се интересираа за оваа тема, ме прашуваа за парабените во козметиката, повеќето од нив беа загрижени, а некои пак сметаа дека станува збор за нафтени деривати. Целта на денешната статија е да разјасниме што всушност се парабените и како влијаат врз организмот. Ќе се обидам ова да го објаснам на наједноставен можен начин, затоа што шред се мојата цел е да ги доближам информациите без многу филозофирање.

    Парабените не се нафтени деривати како што мислат многумина, туку станува збор за синтетички конзерванси кои за цел имаат да го заштитат козметичкиот производ од расипување, формирање на бактерии и муфла. Едни од најчесто употребуваните парабени се:

    - метилпарабен (methylparaben)
    - етилпарабен (ethylparaben)
    - пропилпарабен (propylparaben)
    - бутилпарабен (butylparaben)
    - бензилпарабен (benzylparaben)

    [​IMG]

    Направени се голем број на истражувања на оваа тема од страна на реномирани хемичари и светски познати и признати научни институции, и мислењата, за жал, се поделени: некои сметаат дека не е опасно да се користат овие конзерванси во козметичките производи, додека други сметаат дека се опасни и дека имаат поврзаност со појавата на ракот во организмот, особено оној на дојката.

    Верувајте ми оваа проблематика ја следам веке 6 години и знаете што, од ден на ден се менуваат мислењата на сите овие кои тврдат дека парабените не се опасни.
    Еден од најпознатите италијански хемичари Др. Фабрицио Заго чиј речник biodizionario (http://www.biodizionario.it) го сметам за еден од најточните речници за хемиските состојки во козметичките производи, пред околу 4 години ги имаше класифицирано methylparaben и ethylparaben со зелено светло, а сега ако погледнете имаат црвено светло. Значи нешто се променило во меѓувреме.

    [​IMG]
    Како што реков голем број од научниците сметаат дека подобро е да се користи еден производ добро конзервиран и сигурен, па макар и со парабени, отколку еден производ еко био (односно органски) каде производот се заштитува на поинаков начин. Истите научници тврдат дека процентот на парабените во производите е низок и во согласност со европската директива за козметички производи.

    Европската комисија за козметика дозволи употреба на methylparaben и ethylparaben, доколку нивниот процент во еден козметички препарат е 0,4 % посебно или 0,8% во пар, додека научно е докажано дека propylparaben и butylparaben антибактериското дејство во кремите го имаат токму преку намалувањето на ефектот на естрогените. Секако овој ефект се појавува доколку се внесуваат во поголема количина во организмот. Друга важна работа е што парабените навлегуваат длабоко во кожата и не мора да предизвикаат реакција веднаш, туку нивното дејство може да се забележи и на дистанца од 20 до 30 години доколку редовно се мачкаат.

    [​IMG]

    Се е ова во ред, сепак стручњаците знаат повеќе од мене со оглед на тоа што цел живот се занимаваат со хемија и истражуваат, само си поставувам едно прашање: ако тие сметаат дека со зголемената количина се појавуваат штетни ефекти и ако процентот се контролира во секој производ посебно, дали некој од нив се запрашал каков ефект има целокупниот нивни збир? Она што сакам да го кажам е: доколку јас се бањам со купка во која има парабени, плус корстам шампон со парабени, потоа мачкам убава крема полна со парабени, ставам деодоранс со парабени, пудра со парабени и.т.н. и тоа го правам секојдневно, според вас ја преминувам ли “сигурната доза“ на дозволени парабени? Ете ова би сакала да ги прашам сите оние кои тврдат дека органската козметика не е доволно конзервирана.

    Верувајте ми веќе 9 години користам само органски производи и ниедна крема не ми се расипала ниту пак била лошо конзервирана. Во органската козметика постојат друг вид на оддржувачи на стабилност на самиот производ, како што јас ги нарекувам, а тука спаѓаат на пример етерчните масла во комбинација со органскиот алкохол кои одлично ја оддржуваат стабилноста на производот и најчесто се употребуваат од страна на германските компании за органска козметика, потоа екстракт од семките од цитрон, Benzyl Alcohol и многу други сега да не ги набројувам сите. Некои фирми посветуваат огромно внимание и на конфекциите на самите производи, кои додатно ја оддржуваат хигиената на производот и го штитат од расипување.

    [​IMG]

    Друго нешто пто е важно да ви напоменам е дека постојат и традиционални козметички производи каде пишува paraben free или без парабени, меѓутоа верувајте ми наместо парабените во истите производи се користат многу поопасни конзерванси како на пример:
    imidazolidinyl urea,
    DMDM hydantoin,
    5-bromo-5-nitro-1,3-dioxane,
    2-bromo-2-nitropropane-1,3-diol,
    bronopol,
    bronidox,
    diazolidinyl-urea
    кои испуштаат мали количини на формалдехид.

    Затоа драги мои, внимателно читајте ја декларацијата и бирајте органска и природна козметика, барем за оние производи кои се којдневно ги користите како на пример деодорансите (прочитајте ја статијата за деодорансите http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_22.html), кремите за лице и тело кои секојдневно ги користите.

    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и дека на некој начин успеав да ви ја објаснам разликата и да ви го доближам моето лично гледиште за парабените.

    Голема благодарност за времето кое го одвоивте да ја проследите оваа статија.

    Вики
     
    На teteks, blueberry93 и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Како да се снајдеме во морето на козметички производи на нашиот пазар? Еве ви 4 совети кои ќе ви помонат да ја дешифрирате декларацијата на производите. Поздрав.

    Четири совети како да се снајдеме во декларацијата на козметичките производи на пазарот

    [​IMG]

    По многуте објавени статии за штетните состојки во козметичките производи и нивното лошо влијание врз кожата и косата, секојдевно добивав голем број на пораки од девојки кои имаа потешкотии да се снајдат со декларациите ме прашуваа како нејлесно да ја дешифрираат декларацијата на еден козметички производ и како да оценат дали истиот е добар или не. Затоа во оваа статија за цел имам да ви дадам мали, но многу корисни совети, како на најлесен начин да сфатите дали еден козметички производ е штетен или не и како да се снајдете во морето на козметички производи на пазарот.

    Како правилно да ја дешифрираме декларацијата на производот наречена INCI

    Совет бр. 1: распоред на состојките во декларацијата

    Оние состојки кои се наоѓаат на почетокот на листата се всушност база на производот и нивната застапеност е најголема (90% од производот), оние во средината имаат помала застапеност, додека оние на крајот на листата се присутни во минимални количини (1% или 2% од целокупниот производ). Така може и да сфатиме кои состојки се најмногу присутни во еден производ а кои помалку.

    Совет бр. 2: јазикот на кој се испишани самите состојки

    Доколку во еден производ состојките се напишани во оригинал, односно со латинските имиња, значи дека се вметнати чисти во производот без никаква хемиска обработка. Ова пред сѐ се однесува на чистите масла или водени екстракти од етерични масла кои доколку се напишани со самото латинско име во тој случај се навистина чисти и користени во таа форма. Значи во декларацијата најнапред треба да стои латинското име на билката од која потекнува состојката (маслиново масло olea europea), после кое следи англиското име на делот од билката која е користена (root, leaf, fruit), и накрај видот на производот кој е секогаш напишан на англиски (extract, oil, water). На пример масло од арган: Argania spinosa kernel oil, масло од маслинка: Olea europea fruit oil, вода од лаванда: Lavandula angustifolia flower water и така натаму. Оние состојки кои се хемиски обработени, напишани се комплетно на англиски јазик.
    [​IMG]

    Совет бр. 3: внимание на штетните состојки

    Доколку е потребно и по стопати ќе ги повторам штетните состојки во еден производ кој мора да ги избегнувате доколку сакате убава и здрава кожа и коса. Тоа се:

    1. Нафтени деривати
    - Вазелин (Vaselina)
    - Парафин (Paraffina)
    - Минерално масло (Mineral oil)
    - Течен парафин (Paraffinum liquidum)
    - Петролатум (Petrolatum)
    - Cera microcristallina или Microcrystalline Wax

    2. Силикони
    - Dimethicone
    - Amodimethicone
    - Cyclomethicone
    - Ciclopentasiloxane
    - Dimethiconol
    - Trimethylsiloxysilicate
    - poliquaternium 80

    3. Парабени
    - метилпарабен (methylparaben)
    - етилпарабен (ethylparaben)
    - пропилпарабен (propylparaben)
    - бутилпарабен (butylparaben)
    - бензилпарабен (benzylparaben)

    4. Конзерванси (еве ги најштетните)
    - imidazolidinyl urea,
    - DMDM hydantoin,
    - 5-bromo-5-nitro-1,3-dioxane,
    - 2-bromo-2-nitropropane-1,3-diol,
    - bronopol,
    - bronidox,
    - diazolidinyl-urea
    [​IMG]


    Совет бр. 4 внимание на последните состојки во листата

    Како што ви кажав во советот бр. 1 колку една состојка е подолу во листата, толку нејзиното присуство во производот е помало. Последните неколку состојки во листата се присутни во процент понизок од 1%, и токму тука некои козметички фирми играат валкани игри. Според законот кога една состојка е присутна во процент помал од 1% во декларацијата на производот, производителот не мора да ги означи тие состојки по редослед на нивното присуство во производот, туку може да ги напише како сака. Она што сакам да го кажам е дека ако на пример една убава состојка како екстракт од камилица се наоѓа како прва од четирите крајни состојки во декларацијата и после неа следат парфемот и конзервансот, никој не ви гарантира дека процентот на камилицата е повисок од оној на парфемот, затоа што производителот има право да ги нареди последните состојки така како што сака со оглед на тоа што, како што веќе напоменав, нивниот процент е помал од 1%.

    Овие четири совети на некој начин треба да ви помогнат во изборот на еден добар козметички производ. Секако од огромна важност е и самата формула на производот, но тоа е веќе друга тема и ќе говориме во некоја наредна прилика.

    Како и секогаш ви благодарам за вниманието и ви посакувам фантастичен викенд.

    Вики
     
    На teteks, CrystalNoir, MacaLove и 4 други им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Не би препорачала користење на бебешко масло/уље?
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, зависи од видот на маслото и како е формулирано. Доколку станува збор за масло кое како база има течен парафин секако дека не го препорачувам, меѓутоа ако станува збор за убаво масло со комбинација на бадемово со дуги убави масла природни и без синтетички состојки секако дека е ок да се користи. Значи напоменувам сѐ зависи од производот и декларацијата. Поздрав
     
    На blueberry93 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @Biodevojka Znam deka koristis samo organska kozmetika i zatoa reshim da te tagnam na postov. Redovno poracuvam maski za lice od www.depileve.mk i reshiv da gi razgledam i drugite proizvodi i imase mnogu izbor na organska kozmetika. A vo Makedonija mislam deka nemame mnogu izbor za vakvi proizvodi pa mozes tuka da si razgledas. :)
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    @Rose96 Како оди доставата ? Конечно си најдов долготраен лепак за трепки. :)
     
  11. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Na linkot podolu gi imas site informacii za isporakata, se plakja plus osven ako e suma nad 1.500 den togas e besplatna. :)
    http://shop.depileve.mk/informacii-za-isporaka
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Фала драга, не го познавам овој сајт ама ќе го разгледам деновиве. Поздрав.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka bi sakala dago slusnam tvoeto mislenje za eucerin kozmetikata, dali e dobra da se koristi???
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Драга многупати имам напоменато дека не давам генерални мислења за една козметика со оглед на тоа што еден производ може да ми се допаѓа а друг не (и ова е мое лично мислење секако). Доколку те интересира некој производ постирај декларација. Поздрав.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    На поголемиот дел од козметичките производи, најчесто на задната страна во горниот дел од амбалажата, има ознака со квадратче во боја, кое може да биде црно, кафеаво, црвено, зелено и сл. и укажува на степенот на штетност/токсичнист. Ако квадратчето е црно, значи дека има висок степен на ризик од штетност, а додека е зелено е ок.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.