1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Толкување на соновите преку сведоштва и легенди

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од ray-man, 30 јануари 2013.

  1. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Преземено е од http://www.motika.com.mk . Што мислите вие?

    Сте слушнале ли за мајката од Волково што ја сонувала својата покојна ќерка, за бабата од
    Крушево што го сонувала Тоше, за таксистот од Охрид што ја сонувал Богородица и уште многу
    други морничави сведоштва за вистинити соништа?


    Светот на соновите, тој мистериозен и фасцинантен свет, преплет на реалноста и имагинарното, поглед кон
    иднината со допир на минатото, неописливи чувства и појави, кои некогаш носат радост, почесто тага и
    болка.
    Секој сон е своја приказна, а секоја приказна крие некоја тајна, но не секој, дури ни тој што сонува не
    може да ја одгатне.
    Сите сонуваме, но ретко кој разбира што се крие во тие слики, во тие скриени пораки, во тие чудни
    приказни, додека телото спие, а умот работи со полна пареа.
    Колку пати ви се случило да соните нешто што подоцна ќе го доживеете...
    Колку пати ви се случило да се разбудите врескајќи, преплашени, испотени..
    Колку пати ви се случило умот да ви е буден, а телото не реагира, како некој да седи врз и да ве гуши...
    Науката ги објаснила сите овие работи, дежа ву, кошмар или ноќна мора и парализа во сон.
    Но, науката не може и најверојатно нема никогаш да ги објасни оние сонови кои предвидуваат нешто
    лошо, смрт или болест...
    Народот со векови наназад се прашува дали овие сонови се знак дека нешто лошо ќе се случи, дали тие
    навестуваат дека треба да се превземе нешто за да се спречи трагедија или само не подготвуваат за нова
    болка во животот?
    Токму за овие сонови најмногу се зборува меѓу народот, приказни, тажни и болни, вистинити кружат меѓу
    народот, раскажувани од колено на колено, некои запишани, никои заборавени.

    Мртвите на сон бараат мир

    Мајката од Волково што ја сонувала својата покојна ќерка
    Стара е оваа приказна, стара можеби повеќе од триесетина години, а говори за болката на една мајка, за
    нејзината тага по изгубената ќерка, но и за шокот што го доживеала. Мајка од селото Волково ја изгубила
    својата ќерка. Неколку дена после закопот почнала да ја сонува. Постојано на сон покојната ќерка и
    велела “откопајте ме, откопајте ме“. Прво си мислела дека е од болката, од тагата по изгубеното чедо.
    Сонот се повторувал и немајќи друг излез, таа побарала да се отвори гробот на нејзината ќерка. Кога го
    отвориле, се зачудиле, наместо на грб, девојката во сандакот лежела на стомак, како да се превртела во
    гробот, па побарала од мајка си да ја наместат и да ја остават да почива во мир. Никогаш нема да се
    отгатне мистеријата зошто девојката се превртела во грбот, но едно е јасно, сонот кажува многу, само
    треба, како што се вели, да ги следиме своите сонови.

    Бабата што го сонувала Тоше
    Тоше, беше и секогаш ќе биде најголемата македонска ѕвезда, човек што еднаш на сто години се раѓа,
    со моќен глас и ангелска душа. Неговата смрт ја расплака јавноста и по пет години се уште не може да го
    преболи. Често се слушаат приказни за Тоше, како тој се јавува иако веќе не е меѓу нас. Една од
    приказните е дека некоја бабичка од неговото родно Крушево го сонила, и рекол дека му недостигаат
    другари на оној свет. По тој сон, во неговото Крушво умреле повеќе млади луѓе.

    За сонувањето починати блиски луѓе
    Смртта е често поврзана со соновите, некогаш ги сонуваме оние кои сме ги изгубиле бидејќи премногу ни недостига нивното присуство, а некогаш самиот сон ни најавува нечија смрт.
    “Татко ми одамна почина, сум била мала. Не се ни сеќавам на него. Ни гробот не знам кај му е“,
    раскажува една студентка. Вели дека одеднаш често на сон и се јавувал покојниот татко. И зборувал
    нејасни работи.
    “Баба ми ме советуваше да запалам свеќа за него, како да барал од мене да го поздравам, да се сетам
    на него“, вели таа. Така и направила и после тие сонови често оди во цркава, купува свеќа и ја пали
    споменувајќи го татковото име.

    Што значи сонувањето заби?
    Според македоските верува, сонувањето заби значи смрт.
    “Сонував како ме болат забите, многу болеа, дури и неколку ми паднаа“, раскажува 25-годишната Марија.
    Вели и кажала на мајка и за чудниот сон, таа исплашено и кажала за значењето. Таа и се насмеала и не
    поверувала. По неколку дена починала мајката на нејзиниот другар.
    Се верува дека ако на сон те болат или ти паѓаат предните заби ќе почине близок, член од семејството, а
    ако те болат подалечните заби, некој пријател или познаник.

    Кога мајките на сон знаат дека децата ќе им патат

    Мало повредено пиленце
    Една од најтажните приказни за претскажувањето на смртта додека спиеме е сонот на тетка Лиле.
    “Сонував како сум во поле и во раката држам мало пиленце, повредено пиленце. Се обидував да му
    помогнам, да го спасам... но, не успеав, ми умре во раце“, се сеќава таа. Кога се разбудила знаеле дека
    нешто не е во ред со бебето во нејзината утроба. По неколку дена доживеала спонтан абортус. Сега таа
    има две деца, среќни, здрави, умни... но, вели дека никогаш нема да го заборави тој сон, се прашува
    дали можела нешто да стори, да го спречи абортусот?

    Мајката знаела кога нејзината ќерка ќе добие напад на астма
    Мајка раскажува дека на сон знаела кога нејзината ќерка, која патела од астма ќе добиела напад. На
    девет години и била дијагностицирана болеста и често добивала напади.
    “Ќе сонував весела, насмеана, како си игра, толку убав сон“, вели мајката на две ќерки. После неколку
    дена ќе добиеше напад, брзавме накај болница. “Уште двапати се повтори истото, и тогаш веќе сфатив,
    секогаш кога убаво ја сонував, лошо се случуваше, добиваше напади“, оттогаш вели таа, секогаш кога ќе
    ја сонував се подготвував, докупував лекови, ја проверував додека спие, чекав да се случи и се
    случуваше. “Ете, сонот ми кажуваше кога да си го чувам детето и лекови да имам при рака“.

    Го сонувала сопругот пред да доживее сообраќајка
    Како што оваа мајка ја сонувала ќерка си пред да се разболи, така една жена си го сонува сопругот пред
    да доживее сообраќајна несреќа.
    “Многу чуден сон, пржев месо и седнавме да ручаме. Драган мој јадеше како да не видел“, раскажува
    старата скопјанка. По неколку дена додека се враќал од работа на велосипед, го удрил автомобил. Не бил
    тешко повреден, само скршеница на ногата. “Кога ми се јавија од болница, знаев што значеше сонот“,
    вели таа и кажува дека заби, бебе или месо на сон значи смрт, а ако плачеш на сон, значи дека на јаве ќе
    се радуваш и обратно, колку повеќе се смееш во сонот, толку повеќе ќе плачеш на јаве.


    Не сите сонови предвидуваат нешто, некои носат порака

    Охриѓанецот што ја сонил Богородица
    Охриѓанец, кој работел како таксист, една ноќ тој сонувал како во автомобилот му влегла жена со бебе во
    рацето. По кратко возење му кажала некои работи за неговиот живот и му рекла дека многу млади
    умираат, умираат зошто се јаде месо за време на строги пости и на свадба да не се носи црно. Му дала
    пари и излегла во автомобилот. Следното утро во автомобилот имало педесет денари. Постарите му
    кажале дека тоа е Богородица, му се јавила на сон да му каже каде грешат луѓето.
    Чудни се соновите, колку поубави, толку на јаве пострашни. Некои велат дека се што ќе сониш, на јаве
    спротивното ќе ти се случи.
    Но, не се сите сонови лоши, често и убави работи најавуваат, но ете народот раскажува само за овие
    лошите, оти од лошото, од смрт и болест најмногу се плашиме.

    Што се сонува ноќта на Велигден?
    Најинтересна приказна поврзана со соновите е онаа која отсекогаш се практикувала во очи на големиот
    празник Велигден. Традиционално секоја година се оди во црква ноќта спроти овој празник, и точно на
    полноќ, додека бие камбаната, со свеќа во раце се кружи три пати околу црквата. Старите велат дека ако зачуваш мал дел од таа свеќа и ноќта го ставиш под перница, ќе го сонуваш својот иден сопруг.
    На сон змии се душмани и непријатели, стар дедо е богатство, бебе е болест, коски се тага, прстен е нова љубов или среќа... се сеќавате ли што сонувавте вие?
     
    На GirlLove и hermosa им се допаѓа ова.
  2. the.greatest.ma

    the.greatest.ma Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Вака, веке со години зборувам дека не сакам да раѓам деца и дека не планирам, и дека ако еден ден се одлучам да имам дете тоа ќе биде со сурогат мајка или ќе посвојам.
    Сонував дека сум останала бремена, и тоа од мојот прв братучед. Кога дознаа другите, т.е мојата фамилија, мислам дека прва ми се обрати мајка ми и ми рече нешто како "Нели не планираше да раѓаш". Потоа се сеќавам на тетка ми и тетин ми (родителите на "таткото") и тетка ми ме праша од кого е детето и јас го кажав името на братучед ми, таа зачудено го повтори, а потоа тетин ми праша нешто како "Носиш дете од братучед ти?" (го кажа тоа нервозно и осудувачки, како само мое да е детето, а не и на син му). Мислам дека не одговорив ништо на тоа, туку веднаш после тоа тетка ми ме праша колку месеци е бебето, и јас кажав дека е скоро 3. Потоа побегнав некаде да бидам сама за да размислам, се чувствував многу притиснато и осудувано од страна на фамилијата на тетка ми (инаку така се чувствувам и во вистинскиот живот за било што што правам од нивна страна, како никогаш ништо да не е исправно или доволно добро). Мислам дека кога ова се случуваше бевме на некаква прослава на една моја роднина која е на моја возраст и сме доста блиски, и во сонот се чувствував подржано од нејзина страна и како да сака да ми помогне, и кога и кажав дека сакам да бидам сама и да размислам, таа ми кажа за едно место на кое одела таа и ме прати таму, дури и ме криеше од другите за да ме остават на мира да размислам.
    Местото беше во двор ама со покрив како мала гаража, и имаше ставено два стари кревети, за едниот ми кажа дека бил машки а за другиот женски(не знам што значеше тоа, само се секавам дека така кажа) и ми кажа дека таа секогаш седела на машкиот(има мало синче во вистинскиот живот) и избрав и јас таму да седнам и некако испадна дека детето што го носам е машко(во креветот исто така спиеше мало кутренце, беше многу мирно).
    Откако успеа да ги убеди другите дека не сум тамо, да ме бараат на друго место, и заминаа и тие и таа, останав да размислам што да правам и знам дека во главата ми се вртеше нешто што ми го кажа некој (не се секавам кој), дека вистинската мајка би го направила тоа што е најдобро за нејзиното дете. На крај се секавам дека водејќи се по ова размислување, одлучив дека ќе го абортирам детето, бидејки тоа би било најдоброто нешто за него во оваа ситуација, затоа што да се роди како дете на братучеди во ваков свет, особено па во нашата држава, цел живот би било осудувано и малтретирано. Последното нешто што го памтам е дека помислив "Зошто не кажав дека незнам од кој е детето или да излажам нешто?" и дека ако направев така можеби ќе можев да го задржам, но од друга страна се чувствував олеснето бидејќи секако не сакав да раѓам дете.
    Колку што се секавам, прв пат сонувам дека сум бремена, претходно имам сонувано дека имам дете, ама веќе родено, а дека сум бремена никогаш.
    Многу чуден сон, ве молам помагајте што би можело да значи, и извинете што толку опширно пишав, ама незнаев што од тоа може да е значајно за толкување.
     
    На Angelwoman му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angelwoman

    Angelwoman Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Mozes da mi pises