А па ако работиш небаре мед и млеко ќе биде...цел ден луѓе р`мбаат, зошто ?? за 7000 месечно. ее така е во нашава земја и така ќе биде, нема спас.
Верувајте не никој не му е убаво. Без разлика во која држава се наоѓа, во кој континент, има ли пари или не. ... на никој да не му бидеш во кожа. Можеби и кога ќе погледнете некој мислите се му полно-рамно, ама да му влезеш во кожа, да мислиш со негова глава, да одиш во неговите чевли? Да, животот во Македонија е лош, но не е само овде лош. Има места каде некои би дале се за да живеат во Македонија. На никој не му е лесно, секој со свои проблеми, секој со свои решенија. Живејте си го животот и правете нешто што да вас ви е убаво, не судејте по другите. Кога ќе заменете места, тогаш судејте. Еве пред две години кога имав аск.фм некој ми беше напишал прашање "се би дала да имам живот како твојот" , мислам тоа ја прели чашата. Искрено на мене не ми е лесно, а не велам дека на другите им е лесно... Само сакам да кажам дека од лошо, може да биде полошо, а некогаш ќе биде и добро. Секој со својата среќа. А не верувам на сите животот да им е мед и млеко. Искрено...
Ники ја разбирам твојата исфрустрираност мила... И двајца ги имам дома што работат за по 10 000 месечно по 12 саати дневно. А стари се за да одат по печалби...можам само да те и да ти посакам сила да се бориш.
Можеби и не е толку лош животот колку што ние треба да бидеме цврсти за да ги издржиме ударите што ни ги нанесува.И сите не живееме подеднакво лошо или среќно. Некој со малку труд постигнува многу,а некој и со многу работа не може да си приушти за скромен живот. Ѕвездите за секој од нас различно се наклонети.
Животот е круг знај, животот се врти, некогаш сме последни, некогаш сме први... (ДНК) Инаку за кого како. Сигурно не е лош животот за некој кој има се што ќе посака во животот. За обичните луѓе како мене еден ден ќе е убав, еден лош, но има луѓе кои за жал имаат големи несреќи од финансиски, социјален аспект, до губење на се‘ во животот (своите најмили).
Нефер, недостоен, понекогаш невреден… но, во сите крајни случаи исполнителен. Им се восхитувамe на луѓето кои и покрај огромни бодежи во животот, продолжуваат понатаму, кои се трудат да не го вртат својот поглед назад. Им се восхитувам на тие луѓе кои носат болка во душата, а сепак имаат сила барем за една искрена насмевка… тие се неверојатни и ја доловуваат вистинската смисла на добрата страна од животот!
Животот е таков каков што го креираат луѓето.Разумот е основа на се што ни се случува. За некој добар, за некој помалку успешен, но за никој не е совршен.На секој нешто му недостасува.
Самите си го креираме животот. Се` зависи од нас, нашите очекувања, можности, труд и желба. За животот да биде убав, единствено што треба да се направи е следново: Покрај сите проблеми, маки и неправди, да не престанеш да се бориш, надеваш и да научиш како самиот да го правиш тоа. Затоа што сам ако не се усреќиш, никој нема да го направи тоа.
Не е секогаш така кој како си ја наредил. Понекогаш немаш избор и околината не ти дозволува. И да животот воглавно е лош, но знае некогаш и да се потрефи.
За кој како. За мене, досега бил премногу лош. И повеќе од тоа. Има и денови во кои сум исполнета и среќна, но за жал таквите денови кратко траат и секој нареден пат се повторува истото. И секој пат ме обзема истото чувство на тежина и празнина во душата. Имам најдобро семејство на светов,и се` што досега сум сакала ми го овозможиле. Но, од други работи не можам да кажам дека сум задоволна. Можеби е сеуште рано. Можеби работите ќе се променат. Можеби е точно тоа дека "Нема лош живот, има само лоши денови." Се` зависи од тоа како гледаме на животот и на работите кои ни се случуваат.
Кој како се снајде. Ни во странство не тече мед и млеко, ако добро се снајдеш во странство ќе имаш добар живот ама ако не се снајдеш, исто е и овде. И не ја кривам државата, самите сме си криви за се што ни се случува, никој друг. Ние сме одговорни за своите грешки. Ова ви е како: "Таман се пуштив на фб, она се исклучи. тибам државата."
За мрзливи, апатични и неамбициозни човечиња, сигурно е лош. Ни мене не ми цветале ружи, ама сама сум си одговорна за своите постапки и последиците од истите. Како беше онаа: Дај ми Боже ако се може, а земи ме боже ако се неможе. Ја извртев малку ,ама сите чекаме од господ и од државата, е шипинки.