Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Толку ли е лош животот..

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Xepp, 16 април 2012.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    134.808
    Колкав текст напишав за тоа колку животот е убав, ама ми текна дека ке ми се смеете, и го избршишав.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Животот ти е непредвлива книга. Денес утре се вртат истите страници, а милион пати прочитани.
     
  3. MademoiselleB

    MademoiselleB Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Не може секогаш се да е "розево",нормално...
    Ама мислам дека се е до начинот на кој го гледаме животот,се е до начинот на кој размислуваме.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Еднаш на дедоми како помала во ефектна ситуација враќајќи се од школо му реков...Само мене ми се случуваат вакви работи , кој малер сум , го мразам животот, се мразам себе си ...
    А дедоми таков смирен и тивок како што си беше ... ми рече ...Убавата на дедо, сине мора да ти се случуваат и вакви работи за повеќе да ги цениме и паметиме убавите денови, еве на дедо најсреќен ден му беше кога Ти се роди ...
    ми фалиш дедичко ;(
    Животот не е лош само понекогаш е неправеден, се со цел да правиме разлика помеѓу доброто и лошото. Но накрајот на својот век непознавам ниту еден кој му било криво што го живеел...па макар било тоа за тој еден среќен ден што го имал....
     
    На martine, christinnn, Nigredo Odor и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.795
    Пол:
    Женски
    Не е животот воопшто лош. Луѓето се лоши. :)
     
    На sjdgo, elenaeli22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Za mene zivotot sekogs bil los.
    Nikogas ne mi cvetaa rozi:(
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Тензичен е и стресен, што не мора да биде, но луѓето го направија таков и сите така живееме. Главно поради будалите кои не виделе поинаку и подобро.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Па сите маки и проблеми ни доаѓаат од главата и мислите.
    Сите "лоши" работи што се случуваат во поширока смисла се наш избор..
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Мислам дека како оди светот напред животот од една страна ни се подобрува но од повеќе страни ни се влошува.
    Иако технологијата зема замав, на прв поглед ни се олеснуваат многу работи, но сепак има една темна страна во квалитетот на живот.
    Како да станавме роботи. Трчаме да постигнеме нешто само се што се појавило на пазар и да не сме подолу. Се и сешто се произведува и врвот на пирамидата си прави што сака со обичните луѓе. Мафија на фармацевтска индустрија, мафија со ГМО производи, убиства војни итн. Не знаеш веќе ни што јадеш, ни што пиеш, што дишеш, што е со козметиката што ја користиш и така до бескрај. Медиумска контрола, црна хроника, страв кај народот.

    Конкретно за Македонијава, од каде да се почне. Една позитивна работа не ми текнува да кажам, освен тоа што барем сеуште може да се јаде природна храна ако не го забранат и тоа, па да мора и овде да купуваме спакувана пластика. Тотална анархија е, порано беше нашминкана, сега е апла. Кој има пари ќе прави што сака и пред никој нема да одговара,ќе краде ќе убие и никому ништо. Нема функционална институција, нема одговорност. Се кладам ќе дојде ден, кога секој влијателен ќе може да си шкрта и документи и да ти дојде дома еден ден и да ти рече куќава е моја, еве имотен лист, летај од тука.
    Се сеќавам на фрката со пензискиот фонд, кога уплаќани пари за пензиско осигурување си биле пренасочени на друго место и као никој не им знае траг. Незнам како заврши тоа, ама страшно ми е мене веќе. Ова со Боки и Јанева е само апгрејд на циркусот. Мислам дека кога некој игра не лути се човече, е посериозен од било која власт во државава. А толку ни е убава државата и има услови ама нема "луѓе".

    Ќе живееме навидум нормално додека не не снајде нешто па да мораме да тераме однапред изгубени битки со нашата држава. Живот во апатија, во кој поради константна напнатост и стрес не можеш да им се израдуваш ни на убавите моменти.
     
    Последна измена: 20 декември 2019
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    И јас сум во период во кој полека влегувам во светот на возрасните.. Кога ќе видам што ме чека до прва.. страв ме фаќа.. Ми иди да си заминам .
     
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.863
    Допаѓања:
    19.571
    Пол:
    Женски
    Нема среќен живот ..има само среќни денови ...
    Мене најмногу ме повредува неправдата ...Барам само правда и рамноправност , но во животот на жалост тоа го нема ...
    Овде луѓето се злобни,лоши,завидливи ,љубоморни , гледаат да ти наштетат ,да те гледаат како тонеш , се радуваат како страдаш ..на некој начин стварно негативно сето ова ни влијае на животите наши ....не дека во странство животот е мед и млеко , ние само сакаме да избегаме од овде од оваа злоба таму каде што не не познаваат и никој нема да не повредува и навредува ...
    Едвај ја чекам визата и овој пат никогаш нема да се вратам ...
     
    На Tanjamm, eliesaab и Konfetka им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    За кого како.
     
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
  14. devito

    devito Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2022
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    217
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    7.114
    Пол:
    Машки
    Нее лош, туку нее фер.
     
    На elimkd и Beautiful Dreams им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.863
    Допаѓања:
    19.571
    Пол:
    Женски
  17. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    За повеќето луѓе животот е суров. Вечна борба.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Boomer

    Boomer Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Самите ние сме си одговорни за тоа каков ни е животот и какво ни е опкружувањето околу нас
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Лош е за сите,
    само некои се многу добри глумци-глумат дека имаат совршен живот, други пак многу добри лажговци-се лажат дека живеат совршен живот