Се работи за живот во Југославија пред 60, 70 години, маж со професија - кафански пеач. Да не треба да се извиниме што нема сцени како јаде чиа пудинг наутро во 7, спортува еден саат, се тушира и оди во канцеларија? @Cosmi Со голи раце би го задавила да ти е фамилија, нема грешка, тебе ќе те праша како да живее и како да ги троши парите. Жените со кои бил знаеле кој е и како живее, не им продавал ваљда пуфки, интервјуа гледав како со гордост си раскажува за својот живот. Ако ти одговара бујрум, ако не, знаеш каде е вратата.
Нема да ви дојде Тома дома не се грижете. Јас него го знам и ценам само по неговите песни. Гледам бил професионалец, никогаш не откажал настап или концерт, а последниот му бил само 20 дена пред да почине. Филмот е токму рефлексија на моментите од неговиот живот од кои произлегле тие ноти и стихови.
Човекот инспирација црпел од жените, а и од тажните љубови. Мислам дека сите песни базираат на тага по некоја жена. Боем е. И тоа вистински. Кафана, алкохол и музика се негов живот. Не сум негов фан, но ги знам песните
Премногу го глорифицирате. И тоа врз основа на филмов каде е романтизиран неговиот лик,а буди ностслгија за некое завршено време, и затоа им се допаѓа на луѓето.
Моите сакаа да го гледаат филмот, па им го пуштив и со нив го изгледав вчера. Океј беше, баш доловен и претставен тој стил и живот од тоа време, ми се свиѓа како обрнале внимание на деталите. Исто и глумците, глумата, се ми беше океј. Само колку цигари испушија дур снимаа, мислам гледајќи ги бели дробови почнаа да ме болат. Не сум некој љубител на ваква народна музика, искрено и не знаев премногу за животот на Тома освен дека бил некој алкохоличар, дали е се точно во филмот баш не знам пошто не сум читала досега ништо посебно за ликов, но дека е добро снимен филмот тоа да. Проценка што добив уствари е дека за тоа што и брат му и он беа такви се беше уствари вина на таткото и нивното детство. Жално ми беше како животот му се разви у таа насока до сам крај, а можеше да е успешен, со добра кариера, наместо коцкар и алкохоличар. Но, погрешни избори и погрешни луѓе. Штета, колку заработуваше, а се на коцка му идеше. Но, добро, се на се чим 2ч го гледав филмот до крај без да ми здосади на пола филм, не бил лош филмот. Некоја оценка 9/10 би му дала.
Не сум фан на Тома, ама луѓе река од солзи направив на филмов. Дали од емоции или од хормони, не знам. Особено на делот со песната за Лилјана. Океј ми е тоа што поголем дел од случувањата се фиктивни, сепак, ова е игран, а не документарен филм. Мислам дека целта е да се даде печат на тагата и болката на Тома, како пејач и текстописец. Филмот им е сработен одлично, одлична ми е актерската екипа. Пак би го гледала некогаш.
А, кај да се наредат луѓето за да го гледаат тој македонски серијал? Пред куќна врата на режисерот што не сака да го прикаже?
А ОК ми текна за кого се работи. Ваљда е оној што пее Бранка (?), само таа песна му ја знам, ако е негова. Дома го имаат спомнато дотичниот Тома Здравковиќ. Се си мислев дека почина лани, кога тоа да ти бил Ѓорѓе Балашевиќ. Мене сите естрадни ликови од Србија ми се една иста особа, толку пратам.
Поглуп филм немам гледано. Маж ми ме натера, критики читал се најдобро за фимот. Глумецот крш. Алкохоличар, коцкар, пеач. Чудно што мафија не вмешале како по обичај.
Таа со белите рози што ја гледаше ко привидение Тома, беше неговата голема љубов од детството, била циганка и ја омажиле за друг. Таа приказна е смислена само за филмот. Тома навистина има песна во која се пее за бели рози и таа песна е посветена за жена која ја сакал во младоста, ама за жал починала. Што се однесува до песните во филмот, нив ги пее Ацо Пејовиќ. А Тома имал рак на панкреасот и бил со еден изваден бубрег и му откажал и другиот. Растев со неговите песни, знаев дека тажни му се сите песни, дека бил алкохоличар и тоа беше се. Никогаш не гуглав нешто посебно, ама сега после филмот, ептен се соживеав со неговиот живот, изгледав негови емисии, настапи, изгледав емисии со жена му и слично. Тома бил страшен уметник, бил човек со моќно гласиште, бил човек кој им помагал на сите, не ги штедел парите воопшто, не се расфрлал само за себе туку и за народот, а за тоа има многу сведоштва. Што се однесува до љубовта кон Силвана, никој не може да тврди дали се сакале и дали имало нешто меѓу нив. Лепа Лукиќ, која во тоа време била неразделна со нив, изјави дека немало ништо меѓу нив, исто и еден друг пејач, Зоран Калезиќ кој бил најдобар другар на Тома. За филмот давам чиста десетка, иако повеќе би сакала да беше скроз афтобиографски. Филмот ме трогна, ама за чудо не плачев многу, иако сум голема плачка Гледам дека сите ги трогна песната за Лилјана, таа песна вистина ја отпеал Тома, ама сцената во филмот е фикција, а многу тој факт не го знаат. И за крај, открив песна која ми стана омилена, не знам како претходно не сум ја знаела
Ке вметнеле демек и во мафија бил вмешан, не може да се брани. Делот со Силвана многу напумпан, се околу тоа се вртеше. Драгоцени 2 и пол часа си изгубив.
Не си морала да гледаш Едно е да дадеш негативна рецензија друго е да хејташ. Две исти работи , само начинот на изразување е различен
Сите критики биле позитивни и јас мислев којзнае што е. Ни глумците не чинеа. Можеби не се воодушевив дека не сум носталгична по тоа време.
Ни јас не сум носталгична,ама пак за глумците има стварно позитивни критики.Мене не ми делуваа лошо.Самата жена на Тома рече дека скроз го доловил,успеал сите движења,контакт со очи,се да долови како Тома.
Шала на страна, ние сме познати експерти па ајде ќе плукаме. Не знам навистина што очекувате од биографија на еден лик ? Марсовци да се шетаат, па да почнат да се тепаат? @simona_baby што знае жена му па и ти каква е глумата, кој ние знаеме поубаво
Го изгледав и ми се допадна. Не сум голем фан на Тома ама му ги поштувам песните, како живеел и ги трошел парите не ме интересира. Дали бил пијаница и коцкар е неважно, важно е што оставил зад себе а оставил богами песни што се пејат и после 50-60 години. Е сеа малку ми се дискутабилни некои измислени делови што се вметнати, у биографски филмови уметничката слобода е ограничена за да не се изгуби суштината али углавном би дал 8/10. А да, од сцената со Љиљана уште ми стои кнедла..