Одличен филм за ,,Балканскиот Елвис Присли". Човеков до вчера не знаев ни кој е, се додека не го изгледав филмот и малку прогуглав за неговиот живот. Одлична глума, поготово за Милан и Тамара. Како ги доловија улогите, секоја чест. Приказната за животот, односно успесите и падовите на Тома беше одлично прикажана. Филмот е доста тажен и има неколку тажни сцени. Само што додека го гледав, увидов една грешка: Песната што ја пееше Лепа Лукиќ е издадена после смртта на Тома, а беше прикажана додека тој е жив. Но мислам дека на никого не му пречеше, а и самиот режисер свесно ја уфрлил таа сцена, иако самата Лепа не сакала и му кажала да не ја вметнува песната во филмот.
Знам дека е прашање на вкус, ама да рече некој дека Милан и Тамара, не ги одглумија маестрално Тома и Силвана, е стварно за инает само не гледам српски филмови, ама иако прв пат ги видов глумците во овој филм, ептен ме воодушевија, и не само мене, филмов секаде наидува на позитивни критики.
Во право си, секаде само позитивни критики за филмот и екипата, само тука кај нас оти сме едно огромно совршенство на се наоѓаме мана. Никој како нас, а последен снимен филм кој ли беше.
И без да каже мисицата, веднаш ми текна кој е. Ама навистина во постарите снимки така мафта, само што глумецов малку ,,оштар,, беше
Жаклина му е од првата жена,ја незнам точно како и што како се по ред и име ама едната ја женел два пати.
Ѓоа матичар си, се си знаеш Онаа ромката што цел филм се провлекуваше со белите ружи, не му била ништо. така ?
Мора да се прилагодам на се и секој. Таа била првата девојка во која се заљубил. Загинува на 19/20 годишна возраст.
Друже ќе да си грешка Баш читав навистина Тома сакал некоја Рушка, ама не пишува дали била циганка, а во филмот тоа е претставено како реалност. Ромка дали сакал или не Тома, не е докажано, ама и не ме чуди да сакал со оглед на тоа што испеал песна за Циганка, а знаеме дека речиси сите негови песни биле автобиографски, и сам изјавувал дека има циганска слободна душа, ама мубетот ми е дека, режисерот си дал слобода како што и половина филм е со фикции, така и овде таа што глуми циганка всушност претставува две љубови на Тома, едната е демек наводната што ја имал кон циганката, а другата е реалната што ја имал кон некоја Славица која починала на 20 години и неа и ја посветил песната Букет бели рози која ја испеал само еднаш во нејзиниот град и никогаш повеќе, бидејќи ептен му било тешко, и тогаш тоа личело на погреб, не на концерт, ова се негови зборови. Во филмот не се спомнува таа Славица, туку нејзината приказна се провлекува заедно со Рушка.