Тома (2021)

Дискусија во 'Филмови' започната од Tajnaotrovna, 22 октомври 2021.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.291
    Пол:
    Женски
    A требаше и првите две да ги покажат.
    Дете има со првата исто ко со Гоца што има.
    И не покажаа дека Силвана има дете, а има .....
    Ај ќе видиме ако има серија може тие работи се за во серијата :D
     
    На Oneo, cresa-jagoda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.390
    Пол:
    Машки
    Друже, ти си грешка. Не е ова нешто од антиката, па да нема докази. :rofl:
    Ајде сега вака, кога сме веќе на таа тема, да ри објаснам поубаво, на тебе и тие што се интересираат, а не знаат.
    Рушка е циганка, ќерка на еден (Жика) од оркестарот со кој Тома пеел во маалската кафана.
    Рушка скоро секоја вечер доаѓала во кафаната и се вљубила во Тома. Таа имала 18 години, а тој 24. Исто така и Тома се заљубил во неа. Мајка и го приметила тоа и и забранила да се гледа со Тома. Тука станува збор за забранета љубов.
    Потоа откако нејзините родители и забраниле да се гледа со Тома, почнале да се кријат и тајно да се гледаат. Па по неколку месеци планирале заедно да избегаат.
    Но работите се искомплицирале, бидејќи оркестарот во кој членови биле и мајка и и татко и на Рушка, дале отказ. Мајка и потоа му се јавувала на Тома и го молела да прекинат да се гледаат, по што Тома ја прекинал врската.
    Ова е вистинската приказна за Рушка и неговата прва љубов и ТВРДАМ дека е точна. :nod:
     
    На Oneo, Saliii, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.390
    Пол:
    Машки
    Ако ги прикажеа и тие две, филмот ќе траеше 3 и пол часа. :sweat:
     
    На Saliii, fana, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Истово што ми го напиша и јас го читав, ама никаде не прочитав дека била циганка, знам дека мајка и го притискала Тома да раскинат, дури му рекла да измисли дека е во врска со друга жена:wasntme: дали е до мене проблемот што не најдов збор циганка, не знам:$:D
    Како и да е, ова милион проценти е точно што напишав за таа што починала, за која е напишана песната Букет бели ружи.... А нели во филмов цело време таа циганката се провлекува со бели ружи.
    Нејсе, и да сакал ете циганка, не пиши никаде дека таа починала ко што напиша ти претходно, туку таа што починала се викала Славица.

    И ова друже морав, нели малку стара Ју фора:P
     
    На senjorita-v, Tajnaotrovna и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Не се сите песни од него напишани и не се сите автобиографски. И сам кажува како напишал неколку за жени од својот живот и по реакции на публика продолжиле во тој стил.
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.720
    Рушка прпдавала цвеќе, навечер одела по кафани да продава.
    Ама слабо купувале луѓето.
    Една вечер кога завршил со пеење, ја прашал како поминала, таа му одговорила дека ништо не продала но супер поминала зашто го алушала цела вечер како пее.
    И ја дал цела заработка од таа вечер на Рушка.
    Нејзините и забраниле да се гледа со него и ја омажиле за друг.
    Умрела млада.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.390
    Пол:
    Машки
    Е добро де, не е циганка, ромка е. Се извинувам. :$
    Таму ромките се православни и побели, дури и тешко се препознаваат, за разлика од кај нас.
     
  8. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    1.733
    Филмот успеа да ми го задржи вниманието 2 ипол часа, инаку ако некој филм не ми е интересен го исклучувам првите 20 минути. Повторно би го гледала. Песната "Поноч" врв.
     
    На Ladyy*, Rama, Saliii и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    5.302
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа, сметам дека добро би било и ние да направевме некој ваков филм за Тоше:(
     
    На Rama, L.i.n.a.a, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Убоо би било, ама да знаеме да цениме нешто такво. Само многу лоши коментари ќе има, на се маана ќе најдат.

    Филмов е супер. Не е биографски, па да ги има баш сите негови жени. Темата е неговата тага за неостварената љубов кон Силвана и затоа повеќе се става акцент на таа жена. И со неа му започнува кариерата.

    Ми се допадна глумата, особено таа Лепа Лукиќ што ја глумеше ми беше најреална :D

    Заплакав на сцената каде му јавуваат за сообраќајката на Силвана и песната за неа (Svirajte nocas samo za nju) една од поомилените негови песни. А и сцената со Лилјана ми беше исто тажна многу.

    И алал да и е на Гоца што покрај се, останала со него. Баш и во филмот се гледа дека немало баш љубов меѓу нив туку повеќе на пријателство им бил бракот. Многу добро изглумено.

    Оценка 9.5/10
     
    На sunshinebabe, Oneo, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    123.215
    Пол:
    Женски
    Искрено ништо нема да пропуштиш..
     
    На poenta и Аргентина * им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Навистина добра забелешка, Гоца самата по емисии изјавуваше дека таа му била мирно пристаниште на Тома, дека разговарале за се, секогаш кога бил тажен, таа го прашувала во која се заљуби сега. Навистина ретко која би трпела таков маж, плус со денови се коцкал и пијанчел, плус и кон други му бегало окцето, алал и вера на жената за долгите години во брак и тука се наметнува прашањето зошто таа го трпела сето тоа...да не грешам душа, ама мислам дека тука немало некоја голема љубов.
     
    На Tajnaotrovna, LadyLollypop и senjorita-v им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Јас не сум фан на ништо што е српско, југословенско ама филмот беше стварно добар, не за џабе крена толкава прашина и тоа не само кај старите генерации туку и кај помладите, песните на Тома се легендарни, допираат до сечија душа, такви песни денес немаме за жал
     
    На boomsleng, Rama, Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Филмов не ми е нешто вау, како што некои ронат солзи.
    Прво, премногу е долг, а и повеќе е исфилуван. Повеќе се мислело на маркетинг отколку да се одаде почит на неговото лик и дело.
    За што и говори неговата сопруга Гоца која вели дека Бјелогрлиќ воопшто не го интересирала неговата биографија.
    Жељко е мајстор за правење на пари.

    Лепа Лукиќ воопшто не ја препознав, мислам дека скроз е промашена актерката.
    А и кај ликот на Тома воопшто нема некои промени во изгледот од едниот до другиот период иако има некаде 20г разлика.
     
    На penelope10 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Има прикажано физичка разлика, на почеток ко помлад е прикажан подебел и со кратка коса, после е со побушава коса и побела, исто послаб е на тело и на лице. Инаку, да, се согласувам дека требаше тематиката на филмот да биде повеќе автобиографска.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Најдобра песна што ја слушнав во филмот беше Nights in White Satin, никогаш не сум слушала српски пејачи, од Тома Здравковиќ само Бранка ја знам. Не сум почитувач на таа кафанска "култура", меѓутоа филмот не е во својство да ја промовира и воопшто не е лош, при српски услови делува речиси американски, а најмногу ми остави впечаток ретро приказот на втората половина од 20-тиот век. Има 8/10 од мене.

    "Kad bi život imao reprizu, pa da jedan živiš kako hoćeš, a drugi kako moraš"
    Одлично претставен фатализмот на Силвана Арменулиќ која во реален живот совети добивала од гатачи.
     
    На Amelia и elimkd им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.269
    Можете само за инает да зборувате колку е лош филмот.
    За жал па ние ни тоа ,, лошо ,, го немаме.

    И јас се противев да го гледам. Тргнувајќи од тоа дека е кафански пејач и дрн дрн. Ама ми се допадна. Не ми беше кој знае колку емотивен, само реален.
    За тоа дека има и невистини случки, па нормално. Тоа е само филм. Не е документарна серија. Има право режисерот да филува.
    Жена му , сама кажува во интервју дека со Бјелогрлич неможеле да се изназборат од настани кои му го кажувала, па тоа е се сумирано по малку.
    Песните им се топ вклопени во целиот филм. Има прекрасна сценографија. Реплики кои веројатно сосем го опишуваат Тома во реален живот, каков бил.
    Се на се, топ вклопена приказна која воопшто не е досадна за гледање.
    Браво за Бјелогрлич, Жељко и целата екипа околу нив.
     
    На fana, Tajnaotrovna, IRBBB и 16 други им се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.163
    Пол:
    Женски
    Филмот воопшто не ме воодушеви. Човекот бил постојано во депресија, тажен. Покрај што имал пороци. Воопшто не бил фамилијарен човек,иако имал деца. Не прикажаа дали се грижи за децата барем малку. Се на се не ми допадна.
     
  19. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот и јас.
    Емотивен но не пуштив солза. Обично плачам многу на филмови но на овај не.
    Песните ги имам слушано, знаев дека има тага во нив и дека пее од срце. Сега дознав и зошто.
    Многу добра актерска екипа.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Денес на МРТ го давале филмов ако не сум грешка. Во колку часот?