Не дека филмот не е квалитетен, напротив за мој вкус е убаво изработен. Ама едноставно не можам да преминам преку фактот колку лаги има во филмот. Направиле сапуници и 10 љубовни врски со надеж дека некој ќе се препознае и ќе заплаче. ОДЛИЧНО перење пари. Сепак, актерската екипа е одлична. Особено докторот ми остави впечаток.
Јас како познавател на ликот и делото на Тома, имав поголеми очекувања...но тоа е што е. Очигледно е се, но пак добро спакувани лагички. Повторно би го гледала филмот затоа што го обожавам Тома.
Има ли негде на нетов кај што можам да го догледам Тома? Не можам да најдам таква страница, а стигнав до верењето на Силвана со тенисерот Арменулиќ. Велат дека срцепарателните сцени се после тоа.
На filmovi.co уште есента го изгледав. Сега сигурно го има и на многу други страници, само пиши toma watch online for free и сигурно ќе го најдеш.
Тоа на сите филмови онлајн така прави, навикнав... Кога ќе го зголемиш екранот и ќе го пуштиш филмот не го чепкај, не го стопирај, ни ништо, нема ништо да излегува така.