Тони Зен (Toni Zen)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од dragan4eDR, 1 декември 2010.

  1. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Тони Петковски (21 јули 1983) или попознат како Тони Зен е македонски рапер и продуцент. Член е на групата Урбана Димензија, а се занимава со рап повеќе од 8 години.
    Кариера
    Под влијание на американскиот хип-хоп, кон крајот на 90-тите години Тони (со уметничко име Тони Монтана) почнува да се занимава со рап музиката. Активен е во неговата прва група „105“, снимајќи демо снимки достапни само на хип-хоп програмата на скопското радио Канал 103. Во 2002 година заедно со DJ Чваре ја оформува групата Урбана Димензија, а со тоа почнува попрофесионално да се занимава со рап музиката. Во меѓувреме Тони своето уметничко име од Тони Монтана го менува во Тони Зен Настапуваат на бројни настани во Македонија од кои се издвојува Street Beats Festival (хип-хоп вечер на Таксират 2005), како предгрупа на Jeru Da Damaja, Afu Ra, Guru и Edo Maajka. Тони Зен како соло артист, а и како член на Урбана Димензија работи на повеќе проекти во блиска соработка со Единствена Опција, Мартин Србиновски, Бојана и Бисера (Gemini), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Јован Јованов и други.
    Покрај успехот во музиката, Тони е и сопственик на Tony's Soul Wear, продавница наменето стриктно за хип-хоп облека. Продавницата се наоѓа во ГТЦ во Скопје
    Тони Зен беше гостин на концертот на Слаткаристика одржан на Антички Театар во Охрид на 23.07.2009, a исто така беше дел и од концертот на Слаткаристика одржан во Метрополис Арена во Скопје каде имаше свое шоу на сцената.
    На 31.03.2010, Тони Зен настапи како предгрупа на концертот на 50 Cent кој се одржа на Борис Трајковски Арена во Скопје.
    Значаен датум за Тони Зен е 23.07.2010 затоа што тогаш го одржа својот прв солистички концерт одржан на Антички Театар во Охрид пред околу 4.000 гледачи, а како гости на концертот настапија Токсикологија и Слаткаристика.
    Како најуспешен период во неговата досегашна кариера се смета периодот во 2009. и 2010. година каде Тони Зен представува еден од најдобрите рап артисти во територијата на Република Македонија
    Албуми

    * Стиховна Агенда (2005)
    * Слушај (2007)
    * Во мој Стил (2009)
    синглови

    * Покрај Мене (feat. Gemini)
    * За Пандев (feat. Тамара)
    * Сега Знам (feat. Мартин Србиновски)
    * Скандал (2009)
    * Спушти Се Доле (feat. Слаткар) (2009)
    * Во мој стил (2009)
    * Океy (2009)
    * Јас сум хип хоп (2009)

    Видео Спотови

    * Живот (2001)
    * Рап Фанатик (2001)
    * Скопје Мој Град (2006)
    * Зен Мастер (2005)
    * Во Полн Ефект (2003)
    * Дали Сакаш (2008)
    * Mi Casa Es Su Casa (2009)
     
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.084
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Тони Зен..Хмм..Дечкото ми се чинеше глупав и плиток..Не дека моето мислење којзнае колку се промени,но со неговото однесување на VIP Survivor пријатно ме изненади..Смирен,сталожен,обожаван од другите...Не сум многу по македонскиот рап,но секако ги знам песните на Зен..Некои постари песни ми се подобри од тоа што го нуди денес,комерцијалата си го прави своето..Но на некој начин ми е оригинален и подобар од другите..За нашите бедни простори е добар,доста успешен дечко..
     
    На FortuneTeller.xD и Night.Star им се допаѓа ова.
  3. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Вчера не победи тони,ама според мене победи!
     
    На od-samrak-do-zori му/ѝ се допаѓа ова.
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Тони Зен ( Toni Zen)

    SIMPLICITY продукција со гордост Ви најавуваат:

    СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ на
    единствениот "преживеан" кој го подигна
    Хип-Хопот на повисоко ниво

    ТОНИ ЗЕН - "СУПЕРЗЕН"

    Концертот е и најава за албумот кој ќе излезе во текот на оваа година.
    Атмосферата дополнително ќе ја подигнат гостите на концертот - Слаткаристика, Скит Скитара и Токсикологија

    АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ - СКОПЈЕ
    18 МАРТ 2011 - Петок

    ВЛЕЗНИЦИ ВО ПРОДАЖНИТЕ МЕСTА НА www.kupikartizase.com
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.568
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Тешка комерцијала.
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Тони Зен ( Toni Zen)

    јас можеби ќе одам на концертот :)
     
  7. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Тони Зен ( Toni Zen)

    За комерцијала, комерцијала е човекот. Не го следам кој-знае колку и според тоа немам оформено посебно мислење за него. Со VIP Survivor, малку ме изненади, затоа што мислев дека е арогантен, дигнат .. а дечкото уставри излезе сосема коректен и нормален.
     
  8. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Искрено,само 5 песни знам од него, ама ме воодушеви неговото однесување на Вип Преживеан. Од тогаш ич не сум рамнодушна кога го слушам, а и колку е само згоден! Плакнење очи :$
     
  9. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Тони Зен ( Toni Zen)

    <object width="640" height="390"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/l_WzYBzgdss?fs=1&amp;hl=en_US&amp;rel=0"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/l_WzYBzgdss?fs=1&amp;hl=en_US&amp;rel=0" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="390"></embed></object>
    Ми се свиѓа песнава. А и стајлингот му е убав: поинаков, уникатен.. Тоа се почитува :clap:

    И уште нешто да си кажам, т.е да прашам: дали е до мене, или оној Панчо од ДНК го имитира? :geek:
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Тони Зен ( Toni Zen)

    За неговата работа хмм..... немам некое посебно добро мислење нз не го бендисувам за тоа ете од време на време некое добро песниче ама онакаа , ама затоа КАРАКТЕР :clap: мн ме зачуди и позитивно изненади имав тотално друга слика за него си мислев кој ќе го гледа како се лигави и се прави фраер т.е бламира .... ама .... Човекот е Реткост :) искрен смирен повлечен реален секоја чест се заљубив во карактерот еее ваквите да ги имаше повеќе :) Тони Зен :up:
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Тони Зен е човек кој многу бргу успеа, или мене така ми се чини.
    Веднаш со хитот "Кој сум јас" кој го знаев напамет и ми беше фејворит освои многу фанови.
    Го слушав се додека не ја промовира mi casa es su casa , која ми беше :puke:
    Откако отиде на Преживеан сватив дека тоа е само песна :D :D

    Бас, се поврзува со мојот темперамент и бунтовност и ептен ме воодушеви. Очекував Суперзен да биде нешто подобро, но не ми се допадна. Многу малку зборови, претежно музика, нон-стоп исти тонови.
    И слоганот или што и дае Тони зен - Суперзен некако не ми личи на него и несваќам што толку во секое интервју го потенцира :^)
     
  12. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
  13. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Тони Зен ( Toni Zen)

    знаете дека тони ќе глуми во еден македонски филм но ќе биде во споредна улога :(
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Мене типчево ми е супер... :)
    Во почетокот кога се појави мислам дека беше со песната-Скопје е мој град, а јас сум негов :?: , малку ми беше смешен, така малку ми изгледаше смотанко, ама песната со првото слушање ми се допадна.
    Како растеше, така и се разубавуваше :lol: , до душа се набилда па фрли мускулна маса, ама да си признаам згоден е...посебно во песната-Во мој стил, е тука веќе и грешни мисли ми се јавуваат. :$
    Омилена ми се -Ми каса ес ту каса..и Спушти се доле-многу ми се јаки.

    Може малку и се искомерцијализира, ама тоа ти шоу бизз...не му замерувам, а нема и зошто...текстовите му се интересни, не знам кој ги пишува, ама ми се свиѓа гласот, интерпретацијата, стилот, ми се свиѓа и како плеше..суптилно...во глобала сакам хип-хоп :)

    Ептен ме изненади во Сурвајвр...баш си беше приземјен, не се цепаше, не оговараше, не правеше сојузи, не забодуваше нож во грб и секоја чест што зборуваше Македонски. Искрено ептен се изнервирав што останативе Балканци не му дозволија на Македончето да победи, ама тоа е, секогаш не` канат да учествуваме, ама не ни дозволуваат и да победиме, је*и га.

    Како и да е, јас си го сакам, си го почитувам и си го слушам од време на време.
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. K0STOVA

    K0STOVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Човеков е закон :clap: го обожавам :inlove: :*
     
  17. Vampirche.18

    Vampirche.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Супер личност. Ми се свиѓаат неговите песни.. Многу е згоден, а тоа ги привлекува големиот дел од слушателите на неговата музика.. :)
     
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Тони Зен ( Toni Zen)

    Не го сакав и почитував се додека не појде на Преживеан. Од тогаш многу го почитувам, сите македонци кога ќе појдат на српско шоу зборуваат српски. Па македонец си, или што. Србин би зборувал македонски? НЕ :)
    А Тони Зен цело време зборуваше македонски. И ми остави многу убав впечаток :)

    Е сега, песните не му ги знам многу, многу. Има убави.
    Убав, згоден, типче на место :)
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Тони Зен ( Toni Zen)

    слушнав дека тони ќше имал концерт во универзална сала на 29 декември карти 400 денари :)
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Зен едино ми има тело. Друго нема ништо. Ни потенцијал за рапер нема.
    Како Хитлер ми е кога ќе фати на настапи со тоа песните Ајде Тони Зееееееен и мавта со тоа раката, абе чиниш диктатор. Смешки ми е, туку си пее за себе во песните, кои патем се плитки, глупави и немаат ама баш НИКАКВА смисла.