1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Топачи на масти

Дискусија во 'Диети' започната од bluberry, 26 ноември 2010.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Знам дека ова е малку машка тема,но сакав да видам ваше размислување девојки.
    Колку овие топачи на масти се ефикасни?Дали имате користено Л-карнитин или други топачи?И кои се штетните последици? :^) :^) :^)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Л карнитин и аминокиселини се пијат исклучително со вежбање,а вака џабе би се пиеле,немаат ефект,барем не видлив.Зошто?!Затоа што ги цедат мастите од мускулите,а не наталоженото сало.И тоа бараат добро вежбање во сала.Се пијат по две од сабајле на гладно и две пред тренинг и тоа одреден временски период.Ако ги купувате од овластени дистрибутери,во паковањето има точно колку што ви се потребни,има различни типови и воопшто не се евтини,а додека овие по аптеките се ветер и магла.
    Овие се за луѓе што сакаат скроз да се исчистат од масти,да не речам да се исцедат,а секако и за билдерите.
    Јас лично не сум баш присталица,особено затоа што не сакам да билдам мускули кои ќе бидат исцртани и забележителни,сакам цврсто,стегнато тело,ама не мушкаданесто.А и чисто се сомневам дека орбитрек,пилатес и слични вежби ќе допринесат за соодветно дејствување на таблетиве.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^^ има и послаб Л карнитин кој не е во вид на таблети туку е течен. Се пие пред вежбање една лажица и придонесува за повеќе излачување течност (од што се топат мастите (ама не знам дали во мускулите или салце)) но урината ,потта мирисаат неубаво и чудно. Се слабее да зашто е повеќе на база на л карнитин кој придонесува за слабеење,ефикасно е ( бар беше ефикасно кај една другарка) но си треба нерви. Ги нема по аптеките барем така мислам ,околу 900 денари е а тој како појак што е 1200 или така нешто беше.

    Едит: Овој л карнитин мислам дека нема некои штетни дејства без разлика што и да правиш . Само треба добро да се испотиш. А ако не вежбаш многу се пие од сабајле неполна лажица за во текот на денот да допринесе повеќе течност да излачуваш со самото извршување на секојдневните обврски.

    А за тие во постот на лилит не знам баш кај жените но кај мажите мислам дека може да дојде до стерилитет и плус мислам дека имаат штетно влијание на црниот дроб.За ова со црниот дроб не сум 100% сигурна.
     
  4. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Fast body што ќе кажете за него?
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    природни топачи на масти

    1.храна со витамин ц
    -лимони
    -цитрони
    -зелка
    -јаболка
    -јаболков оцет (домашен најдобар е, не прави проблеми на желудник)

    2.храна cо Cа
    -млеко
    -сирење
    -јогурт

    3.храна со протеини
    -месо
    -јајца
    и посебно леќата

    4.зелен чај

    5.мед

    6.ореви

    а тие што ги имате набројано, да, само со вежбање делуваат :worried:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Имам пиено л-карнитин во ампули, течен.
    По една ампула во 100% сок од портокал и вежбање на орбитрек секој ден по 30 мин.
    За 1 месец се стопи малку салце околу стомакот. Ништо повеќе, можеби 1-1,3 см.
    Дефинитивно треба многу повеќе вежбање и потење, комбинација на фитнес и аеробик, односно кардио вежби.
    Само со едното не бива, слаби резултати дава.
    Истото ќе го кажам и за Тоналин.
    Слично како и л-карнитин, има резултат, ако се стегнете 3-5 пати неделно и поминете добри 90 мин. на различни справи во теретана и фитнес клуб.
    Ќе го елиминираат вишокот сало и вода и ќе образувате мускулна маса, колку што сакате, нормално, не е некој неконтролиран процес и не оди директно - салото да прејде во мускул.
    Мало морген, не е баш така лесно.
    Само мало предупредување - како што некој напомена, мирисот на телото и потта од л-карнитинот е малку чуден, а тоналинот можно е да ви предизвика многу мозолки, т.е. акни на лицето. :(
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    трендафилка, дали имаше промени на телото некои после 1 месец вежбање на орбитрек? мислам се зацврсти? целулит се намали?? или слабо?зашто јас воопшто не сум по вежбање, ама ќе му се наканам на орбитрекот, ако за 1 месец има видливи ефекти, барем малку, за мотив.... извинете на офф :$
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Реално, немаше некои промени да паднеш на гз. :(
    Само кондиционо ќе си поспремна и ќе се чувствуваш подобро и полесно, тоа да.
    Ама само на орбитрек, ништо посебно.
    Истиот резултат го имаш и со добра диета ако ја следиш, со солиден антицелулитен крем и брзо пешачење 15-30 мин. дневно.
    Тоа е.
    За жал.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :doh: епа не ми се вежба тогаш! ни јас не барам некој резултат на гз да паднам, ама онака малце да се види се затегнало нешто! епа што го фалат тој орбитрек толку? |( гајле ми е, ќе си продолжи да биде закачалка :lol:


    http://www.youtube.com/watch?v=W37xx7_G2hA

    за мене поголем мотив од шоуво нема :D :clap:
     
  10. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    девојки постои докажано тврдење дека ако подолго време имаш иста килажа пр.70 ке поминат 3месеци за да ослабиш т.с да намалиш на 50 пример .Тешко е ако си држел константно иста тежина подолго време да ја намалиш веднаш треба усте многу пот :sweat: но не се откажувајте :!: замислете ги на крајот резултатите 8) ;)
     
  11. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Јас користев Л карнетин во течна состојба во комбинација со диета и вежбање на орбитрек, а плус и се мачкав со антицелулитен гел...
    Верувајте има резултати јас летото бев во топ форма....е сега малку се опуштив пошто гурманка сум си...ама еве се спремам си купив пак Л карнетен само капсули сега и пак истоЧ диета, вежбање...

    Не може само од диета да се ослаби, или само од вежбање, или само од апчиња, МОРА комбинација, иначе џабе ако држиш диета а не се мрдаш од кревет=:)
    Или вежбаш а јадеш се и сешто ...

    И се разбира не очекувајте резултати одма првата недела...тек се привикнува организмот на промените...само упорност и дисциплина во режимот


    П.С. се разбира некогаш си се потчастував и со некошто покалорично, после ќе го извежбаш=:)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Овесни снегулки исто така.

    А тоа Л-карнитинот го пиев еден месец и ми се слоши до смртна постела :puke:
    Немаше некои посебни резултати ,освен тоа што имав постојано чувство на гадење и тежини во желудникот.
    А баш сакав да набацам некој екстра мускул :(
     
  13. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    еее без да ги знам ефектите ги јадам овие работи освен месото затоа може си сум стандард слабичка со нормално малку салце околу стомакот ма да и тоа не го сакам
     
  14. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Л-карнитин не е класичен топач на масти. Се пие затоа што наводно го забрзува метаболизмот на мастите. Клинички ми се чини дека не е докажано дека е ефикасен ама не ме фаќајте за збор. Го имам јас пиено во вид на капсули. Секојдневно вежбање, комбинација од л-карнитин, аминокиселини и класични топачи на масти и ригорозна диета е правиот рецепт и проверено фунцкионира.... ама од целата таа комбинација не знаеш поради што :)


    Во моментов користам Класични Fat Burners (на растителна база, во вид на капсули) и тоа една наутро и две пред тренинг! Осеќам неверојатно поголема енергија! Добив +5 минути на трчање што е доста големо подобрување. Верувам дека голем дел од тоа се должи и на пласибо ефект ама сигурно дел и они си завршуваат работа. Во секој случај за да бидат ефикасни МОРА да се вежба и тоа задолжителна комбинација од аеробен и анаеробен тренинг (трчање+тегови). Исто така мора да се пие и голема количина на вода, 4-6 литри на ден! Макс што можат да се пијат е месец дена, после следи задолжителна пауза за да не ги преоптеретат бубрезите.

    Се на се, со правилна употреба имаат доста добар ефект!
     
  15. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    денес започнав да пијам л карнитин и некако имам повеке енергија.,.значи во комбинација со л карнитинот трчам,одам на аеробик и сум на еден вид диета па се надевам дека до летото ќе ослабнам. само ме интересира дали некој од вас знае дали се повракаат килата што сте ги ослабнале со л карнитин??
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако престанеш со вежбање, и се храниш нездраво секако дека се враќаат. А ако почнеш да си држиш некој баланс меѓу храна и вежбање, нема шанси да ги вратиш кога еднаш ќе си го средиш организмот.
     
  17. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    аџа но ме интересира уште нешто..дали може да има неко негативни дејствија л карнитинот ако вежбаш малку..еве јас на пример дневно вежбам 1 час и пијам како што е дозата 15мл. и сега наместо да ослабнам да дојде до некои компликации и нешто слично..тоа го прашувам бидејки некако стомакот ми е поддуен па се чудам...:D
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Јас вежбам двапати дневно интензивно, па сакам да пробам да комбинирам и од овие топачи на масти. Многу ригорозна ми е исхраната моментално со многу вежби па верувам ќе делува ова.
    Сеа ме замисли Трендафилка за мозолките што рече. :worried:
    А какви се тие течни што ги спомнувате како послаби? Ме занима колку пари се и од кај се набавуваат, сакам што поскоро да набавам нешто вакво ама прво добро да се информирам да не дојде до некои штетни последици.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Јас си купив Л-карнитин во вид на течност. Од Ultimate nutrition USA, 850 денари. Демек бил поефикасен :)
    На шишенцево пиши 1-2 супени лажици пред тренинг, а мене продавачот ми рече по 2 да сум пиела за 2 недели требало да се испие, а ако не тренирам во денот, тој ден да не пијам.
    Е сега, јас сум на диета и тренирам (со тегови и плус по 50 минути трчање 5-6 пати неделно) ама ова го почнав од вчера да го пијам, и после тие 50 минути трчање можев уште да трчам имав повеќе енергија. За тие 2 недели што ги трчав ослебев 2 кила без л-карнитинов, ќе видам сега со него како ќе биди, па ќе ви пишам за резултати. Мене целта ми е јасна, летово на одмор сакам да сум тип топ средена и многу сум мотивирана, сакам и мускулчиња малку :lol: и како што тргнав мислам дека ќе си ја остварам целта. Уште 4-5 килца да ослабам. Поздрав.
     
  20. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Л-карнитин ???

    Не бев сигурна дали да поставам прашање во Фитнес или во Диети?
    Во последно време слушам многу за Л-карнитин во врска со слабеење.
    Знае ли некој нешто, корисен ли е, помогнал некому?????

    Сакам да слушнам мислења....