Топачи на Масти? Доколку имате користено некои топачи на масти ако може да ми одговорите, јас вежбам интензивно Insanity Workout и би сакала да пробам со некој препарат кој би ми ја потпомогнал во целата оваа ситуација да се елиминирам од масното ткиво.
Топачи на Масти? Јас користев Л карнитин ама си го зедов од теретана и да ти кажљм имаше ефект дава енергија и сила повеќе можеш да си разгледаш на napumpajse.mk ili .com
Топачи на Масти? Повеќето топачи се јаки и не се препорачуваат за женски.Сепак има и за женски, јас кога бев малку полничка ги користев CLA за жени. Пробај ги иако не видов токму од нив некоја фајда. А доколку не ти е битно дали се машки или женски ти ги препорачувам CARNI-FX има ефект и тоа многу ги користеше една моја другарка но јас не се осмелив, се пијат пола час пред вежбање мислам.
Топачи на Масти? Баш и за CLA за жени се мислев дали да си го земам,фала ти многу ај ке видам шо ке направам па ке ви кажам Фала Ramante ќе видиме што ке ми препорачаат од теретана и ке ви пренесам искуство
http://www.napumpajse.com/shop/topaci-n ... ipped.aspx Го пробал ли некој овој топач на масти, и какви се резултатите? А сакав да прашам дали топачите на масти делуваат на целулитот, дали помагаат да се намали, или отстрани, сепак и целулитот е масти.. па штознам? Јас ослабев, сега ми фали да ослабам уште 2 до 3 кила, ама целулитот никако да го мајнам, а не ми се трошат толку многу пари по кавитации и масажи.. ?
Aха... значи вака се ваделе стомачните на виделина, м? Јас имам 1 см масно ткиво на стомачните и ми се чини и да се убијам од вежбање и трчање тие нема да се видат дотолку не употребам вакво нешто. Денес прв пат се сретнав со поимов за Л-карнитин.. па ме замисли за да пробам. За вежбање, ќе вежбам како и сега што си вежбам напорно.
Јас лично немам користено, но во теретаната каде што одам има што користат Л карнетин. Се зема пола саат пред трениг и МОРА да се извежба, во спротивно ако се пие а не се вежба може да дојде до оштетување на бубрезите. Како што спомнаа погоре се пијат многу течности додека се зема Л карнетинот. Од Л карнетинот има резултати, можеби нема да има на килажа но во обем сигурно. Мој совет пред некој да се одлучи да зема ваков топач на масти најдобро да си се посоветува со стручно лице за вакви работи.
јас пијам л-карнитин, пијам по 2 пред вежбање и 2 пред вечера, мене така ми кажа тренерот од наумпајсе го земав... претходно некој имаше прашано дали го топи целулитот, -ДА, кај мене забележав промена, мислам не го стопи целиот ама јас имав поприлично многу, ама сеа е видно намален иначе не мора секогаш да го извежбаш, баш поради тоа шо се пие и во деновите коа не вежбаш ама само пред ручек, за да не ти се сталожи тоа шо ке го изедеш валда.
Јас ги купив таблетите Л-Карнитин на Гала Фарм мислам дека беа, зелена паковка. Пиев 2 пола саат пред јадење и 2 пола сааат пред вежбање и трчање, ги пиев со цел да имам повеќе енергија сила, како шо пишува на упатството.. Ама мене ми беше исто, дури и полошо, ем немав никаква гратис енергија, си издржав само пола саат трчање едвај, ем лошо ми бидна... Зборот ми е дека има разлика од Л-карнитин до друг Л-карнитин, тие шо ги зедов јас 300 денари од аптека врска немат, а во теретана течност Л карнитин ти е 1200денари Литар.. исто таблетите Л карнитин од продавница за протеини се околу 1000 денари. Е сега сакав да прашам дали е подобро таблети или течност? А мислам дека го има и во прав за растворање... ми спомна некој.. )
Здраво, јас ниту користам ниту се разбирам многу за топачи, но една другарка ме замоли да ви ве прашам тука.... Дали некоја од вас има користено топач Carni X (слика во споилер)? Дали има резултати и дали е штетно за 15 годишто девојче? Инаку другарка ми вежба 2 часа дневно. Прво 30 минути трчање, па 1 час тегови и пак 30 минути трчање. Спојлер
Најдобар Л-карнитин е оној течниот, и плус со вкусови има, бар според мене. Јас сега ќе си купам течен со вкус на портокал, околу 1000 денари е. А во врска со тие таблетите од аптека, или па со водата која се продава по Тинексите демек е со Л карнитин, живи смешки се, врска нема тоа, не купувај пак, за џабе 300 денари даваш. Но, имај у предвид дека ако земиш течен, дека треда да се потиш многу, и вода многу да пиеш, инаку само може да дехидрираш и нема да има ефект.
Имам слушнато дека јаболковата киселина дека помага кај мастите исто и лимон наутро нагладно со млака вода.
Дали некој го користел овој производ? Во составот има л карнитин. Се мислам да воведам. Вежбам во домашни услови деновиве почнав и со тегови ама оние од 1 2 и 3 кг кај да е ќе барам и поголема тежина како и ластици. Белким ќе заличам на нешто т. Е ќе. Дадат резултат
Не сум ги користела ама многу мала доза на л карнитин има, ти треба барем 1000мг за ефект, а ова има 80.
Кога вежбате ќе ослабните и ќе се оформите ,не ви требаат тие апчиња или прашоци што ви ги продаваат тие од теретана (перење мозок ви е тоа)