Топеница со пченкарно брашно

Дискусија во 'Рецепти' започната од barbiegirl.24, 14 јануари 2015.

  1. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, но не најдов. Првпат ја правам сама и добро излезе.:D
    1 лажичка сол
    1 пециво
    3 пластични чаши од кисело млеко пченкарно брашно (во тоа мерев јас)
    вода по потреба, се меша со лажица да се изедначи, да не биде ниту густо, ниту ретко.
    Тавата се мачка со зејтин и се истура смесата во неа, се промешува убаво со лажица да се разлее зејтинот.
    Се става да се пече во претходно загреана рерна на 250. Одприлика по 15 минути се вади тавата од рерна, се засекува топеницата и се додаваат неколку капки маслиново масло одозгора и се враќа да се пече уште 10-15 минути.
    Јас ја сервирав со патлиџани сварени во тегла пред неколку месеци (зимница), истурив малку во чинија, истолчив и измешав со маслиново масло, вегета и буковец.
    Еве како тоа изгледа, пред печење, исецкана и на третата слика готова.
    10934005_10205868651738588_8446613055005901781_n.jpg 10926396_10205868652018595_2616590770043335_n.jpg 10427672_10205868768781514_2095865334302350066_n.jpg 10926402_10205868752941118_4192908213732254227_n.jpg
     
    Последна измена: 14 јануари 2015
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.