1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Топено сирење

Дискусија во 'Рецепти' започната од kolovoz, 30 октомври 2014.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Девојки сакам да си направам топено сирење. Упорно барав низ темава ама неможам да најдам. Дали поради платформава ама слабо ми иде барањето. Ако има веќе ваква тема тогаш канта(n) само упатетеме каде го пишува рецептот.
    Е сега знам дека постојат различни рецепти за топено сирење ама ако можете да ми го дадете оној кој вас најмногу ви се допаѓа и го имате успешно направено, би ви била многу благодарна .Воедно ќе ве замолам да ми напишете и какво сирење и кашкавал употребувате. На скоро сите рецепти кои ги најдов не го пишува видот на кашкавалот или сирењето или пишува некакви странски фирми кои кај нас ги нема или чинат 1000ден. Инаку имам пробано на своја рака ама мислам дека го утнав кашкавалот па не ми се допадна вкусот.:(
    Ќе ве замолам за некој рецепт со сирење и кашкавал кои можам да ги најдам во нашите продавници по пристапни цени.
     
  2. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200

    Еве овој е мојот рецепт што го правам секогаш од ум шо се вика :) и во зависност од тоа што имам во фрижидер:

    Во оние малите земјени тавчиња на дното ставам малку путер и го размачкувам. Врз тоа бело сирење (како што кажав немам посебни фирми на кашкавали и сирења што ги користам, туку тоа што имам во моментот). Белото сирење го дробиш онака со рака или го рендаш, како сакаш, треба околу 2-3 см да ти пополни од тавчето. Врз него ставам домашен кечап (доматно пире) и оригано. Потоа печурки (свежи или маринирани) во еден танок слој, колку да го прекрие белото сирење. Потоа пак малку доматно пире и врз тоа парчиња зденки. Пак малку печурки. На крајот одозгора рендам кашкавал и го притиснувам малку во тавчето, за да кога ќе се стопи в релна да не изгледа тавчето празно (како што прават скоро секаде низ нашиве ресторани и мезе барови) :) Најгоре уште малку оригано (тоа по мој вкус, пошто сакам оригано, можиш и други зачини ако нешто друго ти одговара). И сето така го ставаш во загреана релна и печиш додека не се растопи убаво кашкавалот најгоре. Во меѓувреме, можиш да направиш и фурнаринки со сусам и босилек, јас ако имам во замрзнувач сечам полуготово тесто за пица на парчиња и го мачкам со малку путер и сусам и сув босилек. Ги печам на хартија во плех. Откако ќе го извадиш сирењето, го ставаш плехот на кратко на висока температура и ондак то :)

    Инаку имам и други варијации на рецептов, ако ми останало пилешко му го додавам низ слоевите на сирењето (ама пилешкото да е печено/пржено претходно). Ќе си видиш сама што сакаш да додаваш/одземаш после првиот пат откако ќе го направиш. Се надевам ќе ти се допадне :)
     
    На *Amethyst*, IronLady, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Рецептот за топено сирење мора ли да се прави во земјено тавче?
     
  4. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Ова е рецептот за да подготвите специјално топено сирење со бешамел сос

    • 150 гр фета сирење
    • 100 гр овчо сирење
    • 100 гр кашкавал
    • 150 гр чадено или сушено месо, печеница, кулен или она што вам ви се допаѓа
    • 2-3 лажици доматно пире, сос, кечап
    • 2-3 лажици бешамел сос
    • 1 лажица кисела павлака
    • оригано, шампињони
    * Бешамел сос

    • 1 лажица (30 гр) путер или маргарин
    • 1 ½ лажица брашно
    • 250-300 мл млеко
    - Во тавче на загреан оган ставете го маргаринот да се растопи и во него додадете го брашното, а потоа постепено и млекото, Мешајте додека не се згусне.
    Подготовка:

    Најпрво земјениот сад се премачкува со маргарин или малку масло. Се става парчето фета сирење и се распоредува на дното со виљушка. Врз него се посипуваат 1-2 лажици од бешамел сосот.

    Се додава еден ред од маринираните шампињони. Над нив се додава доматното пире. Малку оригано заради арома. Сувомеснатото исечкајте го на поситни парчиња и распоредете го.

    Врз сето тоа нарендајте кашкавал, па премачкајте го со уште 1 до 2 лажици од бешамел сосот во кој доколку сакате може да додадете и кисела павлака.

    Над овој слој додадете го издробеното овчо сирење и врз него изрендајте го преостанатиот кашкавал.

    Вака подготвените садови ставете ги во рерна на 200 степени и печете ги додека кашкавалот одозгора убаво не се растопи.

    Послужете го и вкусете го додека е топло. Најубава дегустација е со топли крцкави лепчиња - фурнаринки.


    Isproban mi e receptot mnogu pati i e prevkusen
     
    На didisi, kuc, ninja35 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Кажете некој убав рецепт за топено сирење? Скоро правев со салакис не ми се допадна нешто. Ставав сирење, кашкавал, кечап и оригано
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Јас вака го правам:
    Сецкам еден домат ситно,претходно го љупам,една везена црвена пиперка ситно исецкана па ставам фета сирење на президент,оригани и малце сол и одозгора рендам кашкавал и малце сусам.
    Дома ептен ми го бендисаа.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Јас го правам скроз исто ко коментарот на Мила веднаш над твојот. Превкусно е, нема утка, го имам праено повеќе пати и во мали садови за по 1 или во еден поголем.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.