Ако имате проблеми со варењето и задржувањето на вода во организмот, топлата вода е лек за вас. Лесно и бесплатно. Познат метод на чистење и балансирање на телото е пиењето на топла вода. Топлата, не жешка вода го подобрува варењето, ја чисти кожата, го стимулира исфрлањето на вода од телото, па затоа е одлична и во борбата против целулитот. Изворска негазирана вода, па дури и вода од славина, варете ја десет минути во отворен сад. Оладете ја многу малку и ставете ја во термос. Водата да биде топла, но не жешка. Пијте ја во текот на целиот ден, колку што е можно почесто. Има ли некој искуство со овој традиционален јапонски и кинески рецепт?
Вода на некоја си собна температура ај ќе ја проголтам ама топла вода неможам да пијам, ќе ми дојде нагон за повраќање. Ок, да се проврие водата затоа што со тоа се уништуваат некои си бактерии ако ги има или пак тешките минерали паѓаат на дно. Незнам колку е паметно затоа што на некоја си повисока температура се раствораат-разградуваат и некои витамини и минерали и на тој начин и нив би ги исфрлиле од организмот. Ок, да го потикнува варењето на храната и отфрлање на вишок вода во тело, затоа што со пиење на топла вода ќе те и презнои (исто како и топол чај), ама за исфрлање на токсини од тело и не ти треба многу топла вода туку може и ладна.