Јас не сум се сончала топлес,ниту пак сакам да се сончам топлес, од причина што ми е срам и секакви луѓе има по плажине, дефинитивно во Македонија тоа не би го направила,можеби на некое друго место да,но сепак би размислила дали да го направам тоа.
Јас би сакала, но овде тоа не е каркатеристично и наредниот ден сигурно ќе се најдам на интернет. Овие кај нас на танги збеснуваат а не па на тоа.
Не знам дали би се сончала, али ако го правам тоа би било некаде во странство. И мене ме нервираат оние кои се слекуваат без око да им трепне пред мали деца, имаат осет?
Makedonija ne e za toples,jas ja sakam kako moja zemja ama ova sto se sluvuva e katastrofa,ovde da ima toples plaza poveke ke bidat mazi nego zeni,ako nekogas ima pak ke razgovarame
Јас не би. Лани во Ханиоти група битолчанки дојдени сами на одмор без мажи а во зрели години се сончаа топлес. Ај кажете ми, дали личеше на плажата устегнати како некои китови со цицките развлечени. Имаше еден млад брачен пар кои намерно од што има беше непријатно да ги гледаат растересните тетки се вртеа со грб и си играа карти. Дури срам ми беше да се свртам натака Бар да беше нешто убаво, да видиш-да завидиш...
Читајки ве помислив дека сме живеам во Иран или Кореа каде топлесот е нешто страшно и вулгарно. Но мене најинтересни ми се оние кои велат овде не можеби некаде надвор. Тоа му доага исто како јас да кажам, овде не би менувала партнери ама да отидам надвор би се растурила од е***е. Човече, или си или не си, што има врска дали тука ќе се собчаш топлес или таму. Лугето отидоа на марс да се сончаат а ние овде дискутиране за топлес, што е сосема нормална работа во цивилизираниот свет. Јас кога би имала пари би одела на нудистичка плажа додека за топлес можаж и во мојот двор да се сончам само се плашам комшијата да не ме пријави за сексуално вознемирување.
Шала на страна ама во Грција еден изветреан кавадарчанец си ги соблече купаќите и си го сончаше ,,таквото,, па го пријавија и дојде полиција... Не смеело да се сонча гол. Пола саат се мачкаше човекот да не му изгори,ама џабе беше. Така да...бери памет у глава за комшијата
Што сакаш да кажеш @Strumka22 , дека во Охрид би се сончала топлес без проблем, или во Грција со 80 % Македонци околу тебе ? Јас се сончам топлес, ама јас кога ќе проценам дека ми е ок и дека е во ред. Со оглед дека одморите скоро сите ми биле надвор од земјава, сум се сончала топлес повеќето време, но не и секогаш, зошто сончањето и онака не ми е важна активност на плажа.
Не би се осмелила на такво нешто срамежлива сум по природа кога е во прашање покажување на моето тело дури и во костим за капење не ми е баш сеедно да се чаталам и друго кога сум на одмор побитно ми е да си уживам во брановите на водата отколку да се печам на сонцето за поубава боја на тен да добијам.
А зошто да не? Има ли некоја разлика дали градите ќе ти ги види некој германец, или некиј битолчанец? Според мене тоа е исфолиран морал, пред странци е ок а пред наши не. Ајде дајте ми реалнен аргумент зошто е ок да се сончаш топлес во Египет или некое поегзотично место а не е во ред во Охрид? Според мене сончањето пред 1000 луге е исто и пред наши и пред странци и нема врска дали е во Охрид или Тунгузија. Немој само да ми кажете дека странците се културни луге а нашите се кретени, затоа што идиоти има во секоја нација и било каде на светов Исто така не сфаќам што е толку трагично ако некој ти ги види градите на место каде тоа е прикладно? Не е ок на пример во автобус да се појавиш топ лес ама на плажа е сосема ок. Исто како што не е во ред да ти се гледаат гаките на јавно место ама ок е купаките на плажа што е скоро исто, ма да во некои случаи купаќите може да откриваат повеќе отколку гаките. @referentka Тоа е веќе егзибиционизам, такви егзибиционисти кои си ги покажуваат гениталиите и на улица не само на плажа.
Некои велат дека зборот Топлес потекнувал од хвратскиот јазик и значел: Тоа е танц - To (je) ples. Ја па сето време си мислев дека имало врска со плескање.
Не ми е некој фетиш,кој сака нека си се сонча слободно,немам ништо против ,јас лично не би се осмелила,ни сранство каде што не ме познава никој(иако каде и да одиме нема бегање од Македончињата) може ќе си шетам несончана рамномерно,ама постојат солариуми баш за таа намена,и плус кога ќе размислам добро не ми треба ни тоа,ионака не ми држи бојата мене ич,за неколку месеци ми се губи и се враќа се во нормала,сума сумарум и да се отепам од сончање бела си сум