јас немам против за сончање на топлес. дури пред некое лето си најдовме едно топ плажиче во охрид и таму се имам сончано топлес. а надвор од границиве секако одвојувам денови од одморот и неколку дена посветуваме на нудизам со дечко ми. нема поубаво од нудизам
^ Во Охрид? А каде тоа, ако не е тајна? Ветувам дека нема да ви дојдам Ама стварно ме интересира на која плажа во ОХРИД може човек топлес да се сунча без сите да се соберат околу тебе и дури сенка да ти направат.
да ти кажам ја најдовме една така плажичка една забутана се симнувавме доле по едно ритче , не дека немаше нешто луѓе додека ги пративме машкиве со пиво не шпиунираа така од височинка едни, ама ај луѓе се нек си погледаат а баш така си се раскомотивме па ни поминаа на гости и едни со педалинка ама видоа невидоаси се тргнаа
Se slozuvam deka toples vo Mk nikogas . Vo stranstvo si se soncaat toples bez problem mazi zeni pominuvaat ni poglednuvaat ni nisto najnormalna rabota, a kaj nas ne daj boze toples u Ohrid na sekoj mobilen ke bides . Se imam soncano toples ama ne vo Mk
Топлес во нашава ни државичка во НИКОЈ случај и за настрана не знам дали би се сончала топлес.Немам ништо против нити пак се срамам од моето тело ама едноставно тоа не сум јас
Ако ми испадне летово нешто за одмор во странство негде планирам да си се посончам малку топлес. Да си најдам некоја пуста плажичка за опуштање... Аааааах мераци
Ви ги читам коментариве и сфатив дека има нешто нудистичко во мене Како бебе сум ,сакам гола да си шетам, кога се бањам дома цела саат си шетам гола (кога можам ), си се мачкам со млеко...си уживам. Кога сум на плажа ги пуштам цицките упс пардон градите на слобода, ги сончам а желба ми е да си изнајмам глисерче и некаде далеку од плажите на среде море да се соблечам пиштол гола и така да се бањам и да се сончам. Според муабетов што ви го направив сега можно е во минатито живот да сум била нудиста , или од оние што се соблекуваат на фудбалски натпревари и трчаат голи по теренот
Хахахахаха иренна ме насмеа со ова последното со фудбалските натпревари хахахахаахахахахах... Инаку јас не би се соблекла топлес во Мк освен како карак на некое скришно плажиче..
Ја не би се соблекла топлес у Мк затоа што имаме многу прости детишта кои ќе почнат да се смеат,викаат,сликаат...А во странство би се соблекла ама да е поромантично на некоја напуштена плажа со дечко ми...Уживанција!
Топлес во Мк никогаш а на страна да знам да се сончам топлес но зависи и од друштвото што кажа некој погоре и машкиве не се нешто храбри, така минатата година не снајде со другарките никој од машкиве да не сака да се помрдне од својата лежалка од пусти страм, па видовме невидовме заради добро расположение во друштво се облековме, лошо е кога се иде во парови, шо знам можда и до луѓето е
Досега не сум се сунчала топлес , ама читајќи ги коментарите .. некоја желба ми се појави . Ама на некое плажиче кај што нема никој , на полна со народ не фала