Потполно се согласувам особено ако се работи за девојка од Охрид. После не ќе можеш да излезеш од дома со прст ќе те покажуваат. Јас сум од Охрид и сакам да се сунчам топлес но нема шанси тука!!!
Не ми е страм да се слечам топлес ама некако таа работа јас лично не ја поддржувам. Некако ми е ... невкусна. Мислам дека се знае како се оди на плажа.. сепак треба да се има некои граници... Ни за надвор од границите ни во МК... Затоа во странство пола од народот се разведени а пола нејќат со очи да се видат... Не е цела работа од тоа, ама дел и од тоа е...
Не ми е срам да се сунчам... Но никогаш на нашиве простори Ние сме село бе... Цела држава... Утреден нема од дома да можеш да искочиш... Уф да сум негде надвор од државава кај што никој не ме знае и кај што нормално има многу девојки да се сунчаат топлес Без размислување!
Да сум некаде подалеку на одмор не само градите да ги покажам туку и гола би се слекла да си ја исончам така убаво ,тоа ми е неостварена желба
Кај нас топлес ако сакате да сте на секој мобилен и во секој град може . Пред неколку години имав гости од Германија и ајде во викендицата сакаа да ги одведам .Ги одведов што го одведов но им се бендисал амбиентот па посакале да го фатат високото сонце во топ форма- топлес .Ги предупредив ова не е Г.....тука и воздухот има очи и навистина после неколку дена кога се вратив комшијата ми кажува .Ех да си жива и здрава очи исплакнав ама рацеве празни ми останаа Замислете и двоглед си набавил за подобро да му се види ,па уште и ми кажува .Е на германките не им било битно тие си поминале гром и заминаа со добри успомени а дали ги гледал мојот комшија или не баш ги брига .
хахах ова е едноставно Македонија таков менталитет е овдека ... А инаку то да го напраиш овдека ке си тема на оговаранје дооолг период........А иамам слушнато од некој машки дека многу им се допаѓат (секси да не речам) она линии од прерамкине
повеќето се согласивме на истото тука тоа не е изводливо и во право сте луѓето се со заостанат менталитет и застарени сфаќања ..светот оди напред а ние стоиме во место!!! инаку да зошто да не би се соблекла па дури и би ставила само танга и едни лепенки интересни што се ставаат на брадавиците има во форма на ѕвезди, срциња ..баш ми се интересни само што незнам каде да ги набавам ако знае некој нека ми каже..
Сакам само да знам дали има многу жени во Турција т.е. Аланија, Анталија, Кушадаси и Мармарис шо се топлес? Дали таму бројот на топлес е голем или редок???
Да најдам некое запустено место овде каде што човек не стапнал ич не му ја мислам два пати. Се соблекувам и легнувам да се сончам.
јас бев пред 2 години Мармарис и имаше топлес..многу русинки од хотелот беа топлес само по танга гаќички ,знам келнерите многу му зјапаа, а и по плажите имаше како да е најнормално..Патем јас вгодина кога ќе заминам со дечко ми на одмор некаде надалеку мора да испробам топлес ..само тој да не биде љубоморен а сум била еднаш топлес во црна гора и мн беше јако всушност таму тие имаат некој менталитет сличен на нашиот
надвор од македонија и ако сум со дечко на одмор не се мислам..колку ме нервира горниот дел од купаќите,ме чеша ,ми прече и мразам прерамки бели!многу пати сум помислисла да се сунчам топлес кога сум одела на страна ама оти фамилијарно и некако глупо ми е од моите не за другите
Во Македонија не би се осудила..Поради последиците А надвор од Мк.секако.. барем таму не ги интересираат моите гради
Ете ме и мене да се пофалам. Бев на викенд во Охрид , си пуштив душичка ( а и дечко ми ме охрабри ) и се сончав топлес и по тангичка на неколку плажи . На почетокот потајно ме гледаа збунето и полни прашалници ама потоа заборавија и дека постојам.Со педалинката заминавме ептен далеку кога разгледавме наоколу немаше никој , бевме само јас дечко ми ,другар му и неговата девојка си зедов за слобода го прашав дали му пречи ми даде дозола си се сончав скроз гола е ептен убаво си фатив боичка со кантарионот секаде.За два дена планирам повторно да се вратам и пак ќе си се сончам топлес во Охридот наш , сега и секогаш ! Инаку сум забележала дека само јас сум редовен турист кој се се шета низ плажа со голо газе ( т.е танга ) што е со тоа ?!
бравос за храброста...штета за мене , дечко ми никогаш нема да сака да ме види топлес во Македонијава...а за странство можи ќе пушти душа