во Македонија НЕ...ама во странство ДА не дека има којзнае што да покажам...ама би се соблекла иначе летово имаше неколку топлес девојки на Охридските плажи.....браво за нив
Neznam dali se sekavate pred edno 2 godini na naslovna na "VEST" slikale nekoja devojka vo Struga toples i so golemi bukvi pisuvase "Prviot toples vo Struga"....svasta ko kojznae sto da se desilo.
Не е адекватно да пишувам јас тука како-што и затоа моето мислење колку-толку ќе го задржам за себе. Морам тука со вас да споделам една случка која се случи летово. Бев излезена со другарки да прошетам и случајно го слушнавме разговорот на двајца момци, од прилика на 20-тина години. Најверојатно разговараа каде на одмор и едниот рече дека сака да оди во Грција затоа што таму жените биле топлес, па имало работа . Тоа е еден обичен пример за тоа како размислува нашиот прост народ. Па сега ти соблечи се за некој да има работа .
Би се сончала топлес зашто да не? Само не тука, мислам дека сите го делиме ова мислење Поготово не во Охрид зашто цело Скопје е таму на одмор Нашиот народ си е малку прост, се однесуваат како никогаш во живот да не виделе цицки, како да се светско чудо Па земаат скришум сликаат и одат негде у некои грмушки хахахахахаха шала на страна, убаво е да се сончаш топлес, немам ништо против уште ако имаш што да покажеш
Јас се имам еднаш сончано топлес, али надвор од Македонија. На отворен базен, местото беше огромно и направено со ливада, милина. И нормално е таму секоја втора жена беше така. Ќе дојде и кај нас тоа еден ден, ќе стане нормално. Големата работа, цицки. Најмногу што мразам е ако се сончам да имам рамки на мене од горниот дел. едит: Морам да признаам дека прво ми беше ептен срам, 100 пати се премислив и си викај ајде бе и онака прво и последно ке ме видат, не одат се исти луѓе на местото. А и не бев единствена.
тоа дека во македонија се сељаци, и дека те демнат и сликаат по грмушки сосема се согласувам(ко божем не виделе гради) во Македоонија НИКАКО (дури ни под присилба)не би се сончала топлес, а во странство да
Пааа зависи. Како кога. Кога сум некаде каде што нема баш многу луѓе евентуално сум кај другарка ми во куќа и се сончаме во дворот само ние - немам никаков проблем да го соблечам горниот дел. Инаку општо си велам дека премногу ми се убави градиве за да ги сервирам на тацна на сите! Си ги ценам бе! Па треба да бидат малку ексклузивни нели? Не секој заслужил да ги буљи Исто како што на некои жени или девојки би им забранила да ми ги растресуваат цицките над глава - мислам, ајде жено собери си ги ти се молам, што сум јас должна да гледам се и сешто како ти лази до папокот?! Што значи, моја цицка - мој избор каде ќе ја вадам на јавност. Ама во глобала гласам за не! Барем јас лично.
Hикад не би се сончала топлес во Oхрид, од проста причина што ќе завршам во Mакедонски несекојдневни ситуации на Mотика
во македонија не би се сончала топлес бидејки сите присутни би те гледале како некои чудаци нели ништо не се виделе а други пак ке се смеат овде кај нас е се заостанато додека низ другите земји тоа си е нормално не те ни приметуваат дека си соблечен.
Не би се сончала топлес ни во Македонија ни некаде надвор, не ми е пријатно, не дека ако не се сончаш топлес и никој нема да те зјапа али ете ја немам таа храброст(ако топлесот може да се нарече храброст)
би се сончала ако имам што да покажам,но со оглед на тоа дека градите ми се со различна големина и не се воопшто привлечни,не фала.можеби ако направам корекција и имам топ тело би се сончала топлес.сепак предост во сончањето топлес е рамномерно добивање на тен на целото деколте без бели линии од купаќите
Заклучок од коментариве е дека сме си заостанат народ тоа е факт но прашањето е до кога вака? И јас би се сончала топлес но во странство...тука нема шанси...веднаш ќе се пронајдеш во весник или на интернет и плажите кај нас се далеку од хигиенски пикавци насекаде, отпадоци и слично треба да пазиш каде одиш а не па уште и топлес да се соблечеш....
Малку фалеше летово да се соблечам топлес во Грција особено дека имаше и други девојки, ама ај си викав не, не за друго, дечко ми одма ќе ме тераше назад во апартман да се вратиме Ајде може летово, би сакала барем еднаш да пробам.
Кај нас менталитетот на луѓето е никаков, па што и да направиш веднаш ќе бидеш етикетиран, па од таа причина овде во никој случај. Иако воопшто не се замарам со мислењето на другите сепак би ми било непријатно кога пола Скопје би ми ги видело градите. Негде надвор од држава зашто да не, ми звучи интересно а и се поголем е бројот на жените кои се сончаат топлес, така да не би направила нешто невообичаено
Се немам сончано, и иако ми е премногу дискриминирачки да одберам во странство би, а тука не, што е тука, тука си е. Криво ми е што е така, ама кај нас преовладува таков менталитет што сите се вртат ако носиш танга, не дај боже пак да се соблечеш горе.
Во Охрид не би го направила тоа, не би ми било пријатно ако го земеме во предвид македонскиот менталитет, но ако сум на одмор некаде во странство зошто да не?
Топлес кај нас само ако сум на бродче or something на сред езеро во Охрид, инаку нема шанси. Во странство даааа, многу сум за тоа, обожавам да се сунчам топлес, па и нудиста зошто да не