Јас видов пред некоја година во Грција, мислам беа Германци парот не е битно, се погодувавме се на истото место на плажа. Првите денови девојчето не се сунчаше топлес, после дојдоа Србинки кои опасно и го меркаа дечкото, а и мноооогу беше згоден , па виде не виде мораше да брани територија со бомбиЧКИ
Јас пред неколку дена се вратив од Шпанија и мислам дека таму повеќето девојки се сончаа топлес. Мајки си се шеткаа така голи пред своите деца, девојки пред дечковците... Немаа гајле. Ај за младиве ок, ама за мајките бе, страшно. Да имаш машко дете и да те гледа гола . Ама тоа е сосема друга култура. И верувате никој не заприметив да се зјапа во топлес девојките. Тоа беше како нормална работа. Јас би се сончала топлес само на место кадешто знам дека нема да ме види никој `познат` - на отворено море (во прудружба на делфинчињата)! И никако ако на одмор бидам со друштво, исклучиво сама со дечко ми.
Охохо, да бев малку позгодна, можеби и би размислувала на темава. Вака, со моите виснати пирамиди, нема шанси. Да бе, уште кога ќе легнам да дојдат да се сликаат како што ги фаќаат пирамидите - Спојлер ќе биде врв на глупавите работите кои ми се случиле во животов. Не сум доволно храбра, ни во Македонија ни во странство. А и не сум љубител на сончањето, јас си лежам и си дремуцкам под чадор. Малку потемен тен имам и така, па кога ќе поцрнам не се бендисувам.
Дузи уште еднаш ако кажеш дека ти се ко пирамиди ќе те тепам Инаку, онака, смешно ми е она - аууу у странство да, ама кај нас никако! Е што. Демек пред туѓи ги покажувам ама пред свои никако. Абе ај. И ги пуштате на пасење лепојките, некаде на некоја осамена плажа во Хрватска, и туку одеднаш доаѓа некој тип - Ели ти ли си? - Перо?!?!? Па што правиш ти тука? - Еми еве на одмор. - Ти арна? - Арна бе еве...се...сончам. Перо од соседството налетал на вашите, партизанки (копирајт Дафни). Ама таму е дозволено, пошто е странство
Да се соблечам топлес на некоја од нашиве ценети плажи и потоа да ме има кај секој „маж“ на фејсбук?? Не, фала!! Зошто? 1. Не можам да гледам како на некој му течат лиги 2. Не можам да трпам некој да се понаша ко да не видел цицка во живот (а многу и не виделе, знам) 3. Греота се дечките да им се испакнуваат толку очите ко филџани 4. Греота се и оние помалку храбрите девојки (ќе цркнат од љубомора и завист) 5. Да ја слушам цела плажа како зборува за мене дека сум се соблекла-и тоа не, фала Значи, ако кај нас некоја се соблече ќе стане главна тема наредните три дена во град, веќе никој нема да се понаша нормално кон неа, сите ќе ја гледаат како курва, ќе ја сметаат за лесна... Е затоа никогаш не би се сончала топлес кај нас, а во странство да. Не затоа што таму никој не ме познава, туку затоа што тоа не е за нив ново светско чудо, нешто невидено. Тоа на запад е нормално!! А кај нас не!! Некој е ненормален, ама дали тие или ние??
Па некој да се соблече на обична плажа и јас можеби ќе зборувам. Ме иритира фактот да гледам голи тела се знае за тоа постои нудистичка плажа оди таму и никој наоколу нема да те зборува (најверојатно) и да те слика за фејсбук. На ништо не личи да земеш да се соблечеш гол а околу тебе си играат мали деца И не дека во странство е нешто подобро, секогаш ќе се најде некој кој ќе каже нешто.
Хм... па не би рекла дека во странство се нешто многу потолерантни или дека Македонците се ептен уназадени во тој поглед туку во Македонија постои само страв, како што се плашат овие што сакаат да се соблечат, така и останатите се плашат вербално да ги нападнат в лице, да точно е дека веднаш ќе се најдат недоквакани детишта со телефоните и со фејсбукот, но тоа не е случај само овде, такви има секаде (само што ги нема во толкав број како овде). А што се однесува до толеранцијата во странство не е баш така како што се мисли овде во Македонија. Еве овде некои и Хрватска ја споменувале, јас сум престојувала таму како и во други балкански земји, сум го набљудувала нивниот менталитет и тврдам дека Македонците се далеку најлиберални и најотворени од било кој во регионот. Па таму да се однесува некоја девојка така попровокативно жените веднаш и зборуваат зад грб дека е простачка, сељанка, а мажите иако нормално ја гледаат во меѓусебните разговори ја окарактеризуваат како ку*ва, додека кај нас таквите девојчиња се доста популарни. Верувајте ете за Хрватите, тие ги толерираат тие работи заради туризмот, тоа се големи плажи со туристи од целиот западен свет, а колку тоа го прифаќаат е друга работа, па и овде, ако сакаш да се соблечеш не ти брани некој
Сакав да кажам дека иако мажите таму нормално ќе ја загледаат онака машки сепак ја третираат како ку*ва а кај нас тоа не се случува, кај нас таквата врста на шовинизам и да не е изумрена на сигурен пат е овде не сум чула такви радикални разговори за така послободните девојки какви што сум чула во Хрватска или во Бугарија. Да секако попрво би живеела таму отколку овде ама веќе доста ми е од тој комплекс овде дека македончето е затуцано и на полиња каде што не е како на пример либерализмот, демократијата па дури и американизацијата која овде е присутна повеќе од што треба
Кога бев во Грција, на плажите таму, нормално си шетаа секакви разголени жени, од младо па до виснато старо, збрчкано. Толку цицкетини во животов мој немав видено. Како и да е, јас би се сончала и расоблекла, ама на некое ептен далечно и егзотично место, доколку сум само со дечко ми на одмор. Зошто да не, немам предрасуди нити па некое посебно лошо мислење за луѓето. Они нека си прават што сакаат и јас ќе си правам, само не тука дефинитивно. Тука важи сеуште тоа лепење на етикети, покажување со прст и раскажување потоа на вујни, стрини, тетки, па некои „ , што и е на типкана„ реакции. Би се поштедила себеси од тоа.
Да, ама шансите на налетам на Перо во странство (реков јас подалечно странство, не кај нашите во Грција или Будва) се 2%, а шансите да налетам на Перо и неговата екипа од 42032 познати перовци во Охрид се 102,5%
Исто и тука пирамидке! Одвратно ми е да гледам стари жени со овенати и растресени гради , па ало луѓе има посебни плажи за тоа! Инаку не ги осудувам тие што сакаат да се сончаат топлес, мислам секој си има право на избор. Ама дајте малце луѓе ексклузивност како што вика и пирамидата, па не заслужил секој да ги гледа нашите гради И конечно да се изјаснам, за мене топлес no way!
ДО сега не сум се сончала топлес, иако многу сакам да го направам тоа. Во Мк нема шанса! Уште од старт сум сигурна. Не би сакала да ме покажува цел град после. А во странство....можеби, ако соберам храброст. Навистина ми се глупави оние неисончани линии од купаќи по грбот и кај вратот- лошо изгледаат. Да бевме народ кој помалку се замара со животот на другите околу себе, би се сончала топлес и во Охрид. Ама не! Кај нас мора за се да се прокоментира, секој го засегаат туѓите потези .....
Исто како и повеќето девојки во Мк нема шанси да се сончам топлес,од истите причини. А во странство поточно лани на Закинтос се сончав топлес и да,бев со дечко ми Не му пречеше,а и нема зашто И наредна прилика кога би оделе сами повторно би се сончала топлес
Мк или не Мк, не би. Имам за покажување, се осеќам пријатно гола, ама пак не би. Плус девојката што се соблекла пошто се пуштале на дечко ѝ, очај у боја. Ко петли ко ќе земат да се млатат за кокошка, само обратно, толку е жалосно шо ми е смешно дури. Исто како во кафич кога ќе се избаци некоја со деколте, па другиве да не останат покусо вадат алишта од себе, абе ај гревови. Се десило така да проба да ме испровоцира у стилот види види онаа шо цицка има, али знам дека е заебанција и не реагирам, се смешкам, ко да не постои, си барам водата кај ми е, мобилен, вадам карти, продолжувам да пливам ор ватевр. Никад не сум се трескала од земја, не па да вадам купачи пошо некои околу биле голи. Жени што си мерат цицки ми е ко крави на панаѓур, на избор некаков и лента чекаат, која победила. Не се соблекувам од причина што сакам за мене и дотичниот да се, не за цела плажа. Повеќе сум за "интересно е тоа што не се гледа", макар биле и бикини. Затуцана сум.
Не, не сакам. Секако шетаме полу голи на плажа (немаме гајле, а некој да не видит по прслуци паника креваме). Грдо ми е плус. Голотијата е убава на друго место. Не на јавно.
Во странство на нудистична плажа секако би се соблекла, и планирам да изодам некоај година, а овде во нашата Македонија, секако дена не, полна е со луѓе кои живеат со своите комплекси и си ги лечат на сметка на други и кои живеат само од оговарање и зборување.
во друга земја (не грција или бугарија) да ама во Мк не...некој од овие нашиве паметњаци да слика и да става на фб демек видете што видовме да ми пукат сеир-не фала! Во други земји кај што е тоа нормално-на горе да а цела не....пред три години на плажа на горе гола сигурна дека нема познат тука,изникна една жена (комшика живее во Германија над 30 год) ем стара ем се прави нешто модерна,она цела беше гола ама затоа за пусти малер си дојде таа година и во Мк и сите разбра демек Зоза гола скроз се шета по плажа (а јас не бев скроз гола) ама тоа не е толку жално колку што е жално дека пуфлава рекла и било неугодно да ме гледа (демек мене ми беше збрчканата пи*ка да ија гледам)