Не , не би се сончала ни тука ни во странство. Моите голапчиња не ги давам никој да ги гледа. :geek: Баш поради тоа секогаш бирам купачи без прерамки, за да не ми се познават кога ќе се исончам.
Немам никаков проблем со топлес Супер ми се градите, можеби и ради тоа неам ни срам ни перде. Дури едвај чекам да начекам прилика и да си се раскомотам Тука кај нас по македонскиве плажи не би се соблекла никад....менталитетов ни е страшен! Немам гајле тоа што ќе зјапаат, ама чувството дека нон-стоп имаш очи на себе неможам да го поднесам, ќе се осеќам како некој да го следи секој мој чекор, со извинење- нема да можам да прднам. А на море секогаш сум користела прилика да си се исунчам асално, и да не ми останат бели градите. Па хеј, зошто да се срамам со убави и цврсти гради, кога теткици немаат мука, па кога ќе се наведне нешто да земе градите и се брцаат во песок Е тоа ми е најсмешна глетка. Но пак имам приметено, колку никој не ме приметува мене, толку и јас помалку гледам, дури престанувам да перцепирам дека голи се шетаат покрај мене
Јас немам воопшто гради ама сепак мислам дека нема да ми биде многу срам да се соблечам...можеби на почетокот ќе ми биде чудно,незгодно...и многу сакам да отидам надвор од државава и нема да се мислам многу за да се соблечам..еднаш кога правевме муабет со другарка ми на оваа тема некои од нив зачудено ме гледаа како ќе сум можела така да се соблечам
Јас никогаш нема да се соблечам топлес ни овде ни во странство. Задоволна сум од изгледот на моите гради, не е до срамот, не е ни до тоа што ќе речеле луѓево туку јас самата не сакам а и грдо ми е да гледам некој друг топлес како се сонча. Па одете си на нудистички плажи бе, зошто се измислени... И колку е гадно само на плажите во странство кога ќе видиш цела фамилија на плажа и мајката со трите деца покрај неа ги сонча тие развлечканите ци*ки Ма кој што сака може да каже колкав сака нека е бројот на таквите во западните земји тие примери на "мајка" и "семејна жена" јас мислам дека немаат ни два грама мозок во таа црпката шуплива ...За мене ова не е ништо напредно и либерално туку е затуцано и глупо, Спојлер не за друго ме потсеќаат на неандерталци ... и што не почнат и на улица да си се шетаат топлес среде лето што морале само на плажа кога биле толку "напредни", "храбри" и "оупен мајндед"
Сум се сончала топлес,но не тука,во Грција...на таа плажа каде што бев јас скоро сите беа топлес,па јас да не бидам покусо се соблеков и јас инаку би сакала и тука кај нас да може така,но таков ни е менталитетот,па ќе почне да се смее и да оговара тоа е,останува само да чекам на некое подобро време
А што е финтата кога некој се сонча топлес,не разбирам .Златни купачи си има. Не,не би се сончала затоа што ми е незгодно пред толку луѓе да бидам речиси гола .Не значи дека сум старомодна или нешто,но едноставно нема да се чувствувам пријатно.
Џабе да се сончам кога немам што да покажам Сеедно, не би се сончала топлес, ни странство, а посебно не кај нас
уффф јас многу сакам топлес...и многу ми е убаво кога на плажа ќе видам некоја убава девојка со убави гради како се сонча топлес....башка е многу здраво за градите да се исончаат наместо да ги држеш цел ден во мокрите купаќи кои се сушат на тебе што е многу нездраво...Едвај чекам да отидам на некоја плажа во странство и да си се соблечам
Топлес на балкон од 6 до 11 сабајле (Имам толку затскриен балкон што ни гулабите на јасиките не можат да ме видат) ;]... И да ако идам некад на пуст остров... Иначе нее. Мада што тука гледам повеќе од половина плажа, „ајмо елте сите“. Без горен дел од купаќи со танга и тоаа оние џст врвца колку да се држи на нешто...
некоја од девојките имаше пишано дека сака налепници за на градите меѓутоа незнае од када да купи, ги има во секси шоп ) и се околу 1000 денари )
Во нашава Македонија која врие од сељаци никогаш не би се сончала топлес-ама баш никогаш. Причините сите ги знаеме да не должам многу. Во некоја друга земја секко дека би ~ Не гледам ништо срамно тука.
Би се сончала али на место каде што би немало македонци, народ нека си има не ми пречи, но да ако има македонци дигурно би ме сликале и би се нашла на мотика несекојдневни ситуации демек тоа е нешто несекојдневно како пред некое време што имаше
Да,би сакала.Да има повејќе топлес што се сончаат зошто да не. Ама сепак е ризично,уште истата ден можеш на ДЕМОТИВАЦИЈА да се видиш
Јас не би никогаш само заради манијаците што зјапаат а им се восхитувам на тие девојки што се доволно храбри да се соблечат
Во странство не би се сончала топлес, а тука па, тука па ич! Се сељачана врие, сите ќе те зјапаат ко да не виделе, абе телиња во шарена врата, центар на внимание. На плажа исклучиво по костим за капење, би ми било непријатно пред толку луѓе, без разлика што не рецкаат дали си топлес или не.